Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Godislovee

    Godislovee Нов член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Колку е истовремено смешно и тажно што некои девојки мислат дека се убавици само поради тоа дека имаат голема т.е полна уста :^) Па и Ејми Вајнхаус имаше "полна" уста па не беше убава. no offence just saying
     
  2. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Некој размислува пред да каже ,некој очигледно ниту пред да каже,ниту кога ќе каже.

    Малку ќе отидам до комшиската подтема.
    Би го поздравила модераторот за избришаното мислење во тема Религија,кое според мене немаше допирна точка со навреда,но ако така требало,ќе ја почитувам одлуката.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    имам голема љубов кон старите луѓе , нешто што неможам да ја објаснам
    вчера си шетав низ град видов баба и дедо околу 70тина - 80 години се држеа за рака и си одеа по полека гушнати. во моментот ми идеше да заплачам , не од тага туку од тоа мило чуство што ти иде на срце . :$ ;(
    [​IMG]
    кога ќе видам постар човек чуствувам голема почит спрема него иако незнам ништо за него. знаете она кога ќе ве фати жал и сакате да му помогнете , да го гушнете и да се насмеете .. сега оваа година почнав да работам во една агенција/болница за стари луѓе како волонтер, си одам по ходник и ќе сретнам некои во количка покриени со ќебенце и ме чекаат мене кога ќе поминам да им се насмеам и да ги прашам како се денес. една насмевка им го менува цел ден :l: . Има некои кои ќе ти кажуваат какви маки поминале во животот , ќе те поучат и ќе ти кажат вистинки совет , нешто што навистина ќе те замисли и ќе ти помогне, до ден денес ги користиме старите поговорки oд тие луѓе.
    најмногу ги сакам старите :inlove: , баба ми , дедо ми кои ме израстоа .. тие се луѓето кои засекогаш ќе ги памтам и ќе бидат во моето срце
    [​IMG]
     
    На Lella, 1209, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    Се прашувам дали сум јас добар родител?И после еве колку години јас не го знам рецептот за родителство.Факт е дека всушност нема рецепт.Знам точно каде сум погрешила,не е страшно ама грешка е грешка и сега тоа знае да ми се плесне во лице.Мислам дека најважни се следниве работи.

    1.Разговор,разговор,разговор...дедека вилиците не ти отупат и мозокот не почне да врие.
    Да разговараш и ден и ноќ иако не ти испушта ни збор повеќе,ама овие решиле да се отворат а ти веќе го намирисуваш проблемот кој струи во воздухот.И тогаш си принуден да мозгаш дури и со примери да докажеш кој каде погрешил.

    2.Никогаш не треба пред децата да се конфротираат брачните другари меѓу себе за ставовите околу воспитувањето на потомците.Кога овој мојов скокнува без причина (а скокнува),го викаш настрана твојот брачен другар да не слушнат децата и му го „вадиш“ гркланот зашто непотребно му паднал мрак пред очи.Насамо,или вртење со очи и с'скање како змија додека не сфати дека греши и не се смири.Го оставаш да се „лади“ а ти кај детето дипломатски се обидуваш да ја измазниш работата,без да го нарушиш интегритетот на таткото,иако притоа ти едвај се воздржуваш да не му ја скршиш главата од ѕид.И така дури сите се ладат ти одиш да направиш ручек,да испиеш апче за смирување или чашка алкохол. И се повеќе се размислуваш да си купиш син шлем на УНПРОФОР.

    А кога јас непотребно паднам во оган (а паѓам) шокирана од некоја нивна постапка,тогаш овој мојов ме истуркува во друга соба,додека јас се препелкам како риба на суво,фрлам отрови преку рамења и погледи што убиваат.И така јас во другата соба си држам говори и монолози,овој се враќа кај нив им објаснува како сум јас женско,мајка,можеби малку старомодна,ме фаќа месечен циклус,дека се грижам за нив и дека мора да ме почитуваат.Иако мислам дека најмногу пали ако им објасни дека нема веќе да готвам зашто самите не се способни ни путер на леб да намачкаат.

    И да има и трето правило.Мора постојано да им повторуваш дека ги сакаш без оглед на се.И тоа постојано да им го зборуваш зашто забораваат и кај нив ништо не се подразбира само по себе .

    Постов е инспириран од вистински настани,во мојот дом, кои деновиве ме вадат од кожа.А ми доаѓа да заминам на Маурициус и никого да не видам.
     
    На do-re-mi, 1209, SV1911 и 21 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.219
    Допаѓања:
    111.442
    Пол:
    Женски
    Денес е голем ден, најголем и најубав, денес е роденден на мојата најпрекрасна внука, на денов пред 4 години станав побогата за едно чувство кое никогаш нема да можам да го опишам со зборови. На овој ден пред 4 години се родија 2 окциња, едно прчлесто носе и плави локни за кои дедо Боже се потрудил да ги намести исти како моите. На овој ден се смени мојот личен универзум, ѕвездите почнаа да компонираат симфонија кој ме боли длабоко во душата, симфонија која изродила најмногу солзи и најмногу насмевки во животецов. За неа ме боли душата, за неа ме боли секој сантиметар квадратен на кожава, за неа секое влакно ми создава мака кога неа ја боли малото прсте на ноџето, кога и гори телцето од температура, кога не сака да го изеде лепчето и кога не се смее со нејзината уста полна црвливи запчиња, за неа би го дала животот, душата би ја продала на ѓаволот за да слушнам едно ТЕТЕ. Секоја вечер сонувам дека ме довикува, дека ме бара во светлините, и го слшам ѕвонливиот глас кој досега го немам слушнато ниеднаш, сонувам дека ме довикува да и се придружам во играта.
    Среќен роденден ангелче тетино, око мое плаво, радост моја најголема, биди ми среќна, здрава и жива, биди ми весела како и досега, тета ќе те сака и понатаму од овде до месечината и назад, околу сите ѕвезди и планети, по подолгиот пат :* :inlove: :party: :l: :^:
     
    На joy1, Lella, Someonespecial и 29 други им се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    Несакам да ја оцрнувам темата но дали мора бе на онај фб кот постојано да се објавува кој умрел кој се родил кога се родил на кој му е прв втор трет роденден?господе златен усте малку га*от ќе си го покажат на фв катастрофа па кој го интересира бе :envy: неможам да ги гледам веќе сите лигаења човек починал тие жалење на фб изразват или незнам што слушнале за него па ај божем сега мн гајле му е поглупи луѓе амин,ако некој си ги знаел почитувал живеел со него се знај каде се изразува сочуство од све реклама да се правело глупости само да се објавувале кој идиотизам...
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  7. katestojkoska13

    katestojkoska13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    Ајде идете во Прилеп на пиво <3 <3 :* :D :)
     
  8. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Не можам да го разберам тоа чкртање по книги, потпишување, виткање на ќошовите на страниците и такви слични работи. Која е потребата тоа да се направи? Нешто ќе добиеш со тоа? Секако дека не, освен извиткана и ичкртана страница. Се додека го прави некој тоа, не ја разбира поентата на љубов кон книгите и се додека мисли дека оние кои што читаат слободна литература се бубалици. Каква врска има тоа со бубалици- не знам. Изгледа книгите се пресовршени за нивниот ум. Кога ќе те прашаат Што правеше распустов?, ако одговориш Читав книги, се занимавав на компјутер, автоматски го исфрлаат тоа се занимавав на компјутер и ќе почнат да ти го коментираат читањето книги од типот Леле, книги, не си нормален/а :o Читаш книги за распуст? Хахах, ама мене ме мрзи лектири да читам не па такви работи ко тебе. И, сега што? Со ова требаше да ме навреди или.. ? :^)
    Секако има исклучоци, меѓутоа вакви се луѓето (читај децата) кои (не)секојдневно ги среќавам.
    Поздрав до оние кои не се вакви, како горенаведените. :hai:
    Имајте убав остаток од денот.
     
    На Lella, eliesaab, QueenElena и 4 други им се допаѓа ова.
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Косата ми се крева кога додека разговарам со некого, истиот тој некој ме прекинува и ми вели „Не те прашав“. Добро бе, значи јас смеам да кажам нешто само кога ќе ме прашаат. |(
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.216
    Тие со мувата на капата сами се јавиле.
    И не Мимс не пишала за мене. Да сте на чисто де. Да не се загрижувате за мојата чест и достоинство кои сте ги бранеле слушам.

    До кога ќе мислите дека само вашиот ум е бесконечен и најпаметен?
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Денес 22 години како тој е починат. 22 години мајка ми не чува сама, со речиси никаква помош од било кој друг. 22 години како таа сама се бори со се, силна како лавица, но времето ја прави се послаба.
    Јас всушност не го жалам него, тој починал, веќе го нема. Како што велат старите се олеснил.
    Ја жалам неа. Искрено не се жалам ни себе, а ни сестра ми, ретко кога нешто ни недостигало освен онаа фигура на татко. Само таа знае како се изборила со се, ретко кој родител се запоставил целосно себе за да им пружи на своите деца се. Иако веќе се изгуби, стана напорна губејќи ги конците од рака за мене таа е жена борец.
    Мамо ти симнувам капа.

    И да, и после толку години не се жали себе, сеуште го жали него.
     
    На LaDyDoLl, ludoto19, Lella и 75 други им се допаѓа ова.
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Колку се чувствуам среќно кога знам дека има луѓе кои поради мене се среќни...
    Дека на некого денот му е поубав поради мене..
    Дека некој поради мене се радува....
    Поубаво спијам навечер кога знам дека во денот некого сум усреќила !
     
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.093
    Пол:
    Женски
    Лудаците се на слобода. Разумните граѓани ги полнат институциите за да избегнат затворска казна. алкохоличари и просечни грешници. Вистинските психопати се на слобода, по улиците и претставуваат опасност за општеството.

    Вчера човек со ментално пореметување ( не ја знам точната патологија, ама е воочливо и забележително дека пореметување има, се манифестира по говор на тело, однесување, нагли промени во расположение и асоцијалност, изразита агресија, чудни фацијални експресии ) ме нападна на работно место. Без посебна причина, улета, ме фати неподготвена, фрли со стол по мене. Во шок рефлексно се засолнав во шанкот. Среќа беше маж ми тука, а дотичниот влезе во физичка пресметка со него. Маж ми проба да смири ситуација, одблегнуваше физички контакт со него колку што е можно, во самоодбрана му ги сречуваше ударите како знае и умее. Јас панично излегов од шанкот да видам што се случува надвор, го затекнав како го удира маж ми со се што му се најде при рака. Неговиот татко го држеше маж ми спречувајќи да се одбрани и го удираше немоќно заради староста. Инаку таткото е "арен". Постојано е во придружба на синот. Викнав полиција, затоа што колешката одби, рече морала да собери сеир пред тоа да го направи. Поднесовме пријава, јас завршив на итна, утрово и на психијатар со соодветна терапија.
    Човекот беше приведен од властите само колку да даде изјава. Се јавија со извинување и образложение дека се понатаму е надвор од нивен домен, дека е непресметлив и со тоа законски нема да биде санкциониран.
    Ова го прави постојано насекаде, со смели намери да убие луѓе кои некогаш некаде ги видел и си направил филм дека го мразат и за него се потенцијална опасност. Јас лично не го познавав, можеби ме видел некаде на улица, некогаш.

    Државата правно го гони маж ми со судска постапка затоа што одби да потпише дека прифаќа казна за нарушување јавен ред и мир со глоба од 700 евра. Имаше сведоци. Патем човек е на рехабилитација веќе години е неподвижен, лудакот го пречекал сред бел ден и речиси го претепал до смрт со железна шипка.

    Правда ?

    Бедна држава !
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, 1209, SparkyAngel и 12 други им се допаѓа ова.
  14. vrapce.b

    vrapce.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Иста сум како тебе. Ме нервираат такви луѓе и не можам да ги разберам. Покрај тоа што не читат книги, те исмеваат затоа што читаш ти. И плус се фалат за тоа. Као демек ептен добро нешто направиле со тоа што не читат книги. Демек фраери и фраерки. А не сфаќат дека со читањето на книги се збогатуваат самите себеси. Еднаш ми се случи, додека бев на школо, земав книга од библиотека, и на малиот одмор ми беше досадно, и почнав да ја читам, не дека ја прочитав цела на одморот ама ме интерсираше почетокот, и ми доаѓа другар до мене и ми вика ’Јас имам прочитано една книга у живото, и тава Зоки Поки’. Јас не знаев шо да му кажам, и си продолжив да си читам. Просто не ги сфаќам тие луѓе. И оние кои ти се исмеваат ако учиш, а на тест бараат да им ги кажеш одговорите.. Не сум бубалица,ама.. :worried:
     
    На Lella, eliesaab и Moonstone.17 им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    Честопати на свадби досега ја свиреле „Шоте мори шоте“.
    А денес случајно ми излезе оваа информација http://sh.wikipedia.org/wiki/%C5%A0ota_Galica.
    Се шокирав. :o
    На што сме вртеле крпче. :tmi:
    Кој знае дали е вистина!
     
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Среќата е избор :)
     
  17. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Вистина :!:

    [​IMG]
     
    На ozbilnazena, 1209, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.646
    Пол:
    Женски
    ^^ Тројца луѓе никогаш не ги навредувај:
    Бик, Јарец, Рак
    Тие се чесни и бараат вистинска љубов.

    Тачно :lol:

    А бидејќи сум девица во подзнак, па никогаш не треба да ме пуштат да си одам, умеам да чувам тајна и да ви ги видам солзите.

    :d:
     
    На 1209, SV1911, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Quuen

    Quuen Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    2.603
    Пол:
    Женски
    Дека обожавам да се допишувам во ЛП и ако има некој кандидат нека пише :)) :lol: :tmi:
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Овие што отишле на одмор, а киснат на фб и редовно испраќаат извештаи кај се, со кој се, што прават, како се чувствуваат, што јадат итн... ај некако ќе ги сфатиш, ќе им прогледаш низ прсти, ама оние што се на меден месец и што во секој момент го прават истото ич ама ич неможам да ги разберам.
    Што е бе? Толку брзо си здосадивте еден на друг па само зјапате у телефоните и се чекирате? Или па незнаеме ние колку се сакате и колку ви е убаво и сеа мора да не известувате на секои 3 часа дека убаво си лежите полуголи на плажа на иста лежалка? :^) „Дебелкото мој се пече ко ракче„ , па после он ја слика како случајно како пие коктел со коментар „Пијаницата моја најубава„ , а отишле на меден месец!!! Ја на одмор коа идам не ми текнува телефонот да го земам, не го ни носам на плажа, гасам и роаминг и телефон и се, да не го видам, а некој едноставно неможе да се одлепи од телефонот дури ни кога треба највеќе да ужива.
    Абре меден месец е, уживајте, олабавете се, не искачајте од соба по цели денови, се имате еден со друг и треба да ви е доволно, не треба ни да помислите на социјалните мрежи! Ама потребата од тоа е најверојатно подлабок емоционален проблем во двајцата и во врската. Нема везе ај, битно е да сте среќни, ако немањето приватност ве прави такви тогаш изволте. |(

    Ќе ве замолам ако има некој психијатар на форумов да ми пише ЛП сакам да прашам нешто.

    У последно време многу ми се вози тротинет, незнам кај ми е стариот, ќе си купам нов. (Ова не е поврзано со реченицата над него). :)
     
    На anuskaNESTLE, Lella, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.