Ми треба еден ден само за мене... Да си се почестам со убаво кафе, со некој добар шопинг, да ја читам омилената книга... Едноставно сакам да можам еден цел ден да си се посветам на самата себе и да го правам сето она што ме исполнува.. Многу ли барам?
Да се надеваш дека ќе легализираат канабис у држава кај што мнозинството мисли дека тие што дуваат се наркомани, значи да си во тешка заблуда. Треба прво дополнително информации да им се даде на луѓето, ај да не кажам едуцирање. Па после може да размислиме околу легализација.
Нека им е на сите среќна слава денес, и на мене и моите. За многу години нека е. Живи,здрави и од Бога благословени.
Животот се живее во својата кожа, а не во туѓите очи. Ако повеќето би го сфатиле и би го примениле тоа, би биле значително позадоволни и посреќни.
За атер на @Purplelilac и @Yipman2 една доза слики за доказ дека сеуште за жал не е украсено, се надевам во Декември ќе украсат низ град да се осети божиќна атмосфера. Битно сите носиме маски и на отворено и на затворено , сите места за седење се заградени оти е забрането да седиш , обично на тие маси во трговски ќе си седниш има штекери да си полниш мобилниот, некој или со лаптоп, ама сега овој месец тоа е строго забрането. Eптен е депресивно времето , дај речите му да падне снег да се порадувам ко мало дете.
Нека е за многу години Св. Петка! Јас ја добив задачата да ја доставам храната (оти Ковид, нели) и многу е ексајтинг
Минатата година беше антисоцијален ако не излегувсш и социјализираш, сега ако не излегуваш те сметаат за одговорен граѓанин.
Кај мене има еден дрворед во центарот, летоска приметивме дека таму сијаличката стојат на дрвата Значи само чекаме да ги приклучат на продолжен или централен кабел и ќе светне Е не, ќе даваме пари за украсување секоја година Провери ги дрворедите ако ги имате ... По некое време... забележана сомнителна женска особа, се мувала околу дрвата, невообичаено долго време
Иако делуваат како нешто веќе видено, сепак неверојатни ми се новите пронајдоци во Помпеи. Секогаш ме импресионираат вакви нешта, како времето да застанало. Спојлер: Пронајдоци од луѓе
Излегов да пијам кафе во двор пред малку. Да си ја олагам главата од пред компјутер. Дојде едно маче, му дадов млеко, и риба конзерва му отворив и лепче му дадов. Ја подушка храната, ме гледаше во очи едно 2-3 минутки и дојде да се гали, кога станав јас, отиде да јаде. Сакам да кажам дека животните имаат многу чиста душа, прават постапки кои се искрени и не се расипани, лажни и користољубиви како човечките. На моменти нивните постапки те тераат да се изгубиш во своите мисли.
Вечната двоума: дали да купам нови книги? Имам уште 6-7 непрочитани што чекаат да дојдат на ред. Ама па Академска има 30% попуст на се'. Ама па реков ќе штедам повеќе периодов. Ама па планирам да купам само 3 и со попустот, едната ќе ми се фати гратис. Ама па како и да е, ќе треба да потрошам 1000+. Ама па многу сакам да ги прочитам баш тие 3 и веќе ми се на ум неколку дена. Фак...