Примам, добредојдена си кога и да изразиш желба. Баш ќе проверам , ладно беше да шетам на плоштадот и по тесните улички, обавезно ќе видам при крајот на месецот ако има измени. Бубачееееее, стави слики од таму, да исплакнеме очи од Малта Туку имам една маана, последниов месец толку многу се навлеков во гледање документарни програми и разни клипови во врска со Северна Кореја, маж ми вели ко да сум навлезена у некоја секта Одсекогаш сум покажувала интерес кон работи кои ми се малку познати, онака од љубопитност без разлика дали е за држава, за некое чудно јадење, некој обичај од некоја странска држава, некој празник и слични ствари непознати. Замислете у Мк ко ќе идеш на избори да ти покажат ко у С.Кореја вакво гласачко ливче. Јака им душа на народот таму Ај продолжувам со гледање и читање искуства од луѓе кои побегнале од Северна Кореја. Не е лошо некои имаат книги издадено да си порачам од Амазон, ептен бе, ама максимално ме интересира што било и како било и што е забрането во таа држава. Знам, чудна личност сум и јас, затоа сама ќе се испратам
Починал Мустафа Надаревиќ. Плачам луѓе. Баш пред некој ден гледав стари епизоди на Луд Збуњен Нормалан, ми излегуваа интервјуа со него како се борел со болеста, и само се молев да му помине и да си продолжат со снимање. Воопшто не го очекував ова... Ептен ми е жал. Почивај во мир.
Купи мене а малку ме чеша џебот веднаш за книги ги давам сите пари. Ама па ништо друго неме прави посреќна од тоа.
Сакам да кажам ... на некои "пријателици" толку многу им се премеќа некоја љубомора од не основана причина што ми се гади а си бил со нив за се . Ама нека продолжат..
Сакам да кажам дека во последниов месец животот ми се сврти за 360 степени. Вообичаено не поднесувам добро промени, сакам да си останам во комфорт зона, но сфаќам дека овие се тие чекори кои секој ги поминува во животот. Знаејќи го тоа, јас не можам да бидам исклучок. Горда сум на себе како се справувам со се и сум премногу благодарна за тоа како се редат коцките. Искрено се надевам дека вака ќе продолжи се и во иднина.
За некои личности доволно е да се каже, легендите живеат вечно! Почивајте во мир големи луѓе. Мустафа Надаревич ( повеќе познат по улогата на феноменалниот Изет Фазлинович) Кичо Слабинац
Не се мои сликиве еве да си заплакнете очиња. Деновиве сигурно ќе идам до Валета,вчера се заакав у друг град . @Herrera Ко што сум спиена на кантар, во пмс баш сум расположена од кец до кец Башка на работа Башка што имам повеќе слободни денови до крајот на месецов Башка што Блек фрајдеј е,ќе се купува нешто И така
Сакам да кажам ама не знам да речам Ме фаќа нервоза до таа мера што ми се иде сама да се отерам у три лепе Како ли ни се задеси лудилово корона Све си мислам дека допрва доаѓа лошото
За време на пандемија Ајде во Нептун, Зграби го твоето парче техника во Сетек ... Добро кој ви ги смислува рекламите?!
Мм ме буди нежно и вели кафето е готово. Спанка сум признавам. Станувам со пола отворени очи и оп со кафето и појадок. Го обожавам
У очи 2021ва, да кажам дека Суфјан Стивенс и Хари Стајлс се моите две пилули за спасување. Суфјан е потешка категорија, но добро се покажа, Хари ми е полесната терапија, ме одржа во живот. Фала ви момци, се гледаме на концерт, а и во нареден живот ќе ви бидам девојка/дечко.