Јас лани така лабаво си тргнав кон книжарница вечерта скоро се распродадено, празни рафтови наоколу и колку да не излегувам без ич купив една и си ветив следната година на време и пак не бев на време за да купам се што сакам, некои биле побрзи пред мене. Во групите читам во 8:45 имало редица, 15 минути пред отварање. Ама исто видов оваа втора година ваков попуст и никогаш повеќе, ама се си мислам ќе се премислат до следната година па ќе ни упали на сите трета среќа да снабдиме се што сакаме по 50% попуст Него Матица во понеделник до 60% попуст што ќе се прави, што ќе се чини
Претеруваат Сакам Книги. Најскапи цени држат на книгите, најмалку попуст имаат на саемите. Ова до сега им е најголем попуст. И од што се навредени не ми е јасно за догодина да нема веќе вака не знам, баш им го читав постот прееска. Другите издавачки куќи секогаш имаат поголеми попусти и подолго време им траат акциите. Ама тоа е, јас најмногу им ги читам книгите на Сакам Книги..
Матица многу малку наслови нудат од тој летниот попуст што беше, се им е распродадено и уште не ги истакнале пак во продажба старите книги. Можеби ќе земам од таму нешто. А не беше во ред ова што се случуваше со сајтот, затоа што прочитав кога пиша Ивана дека ја болело срцето што ги продава книгите по минимална цена и дека имале неограничен број на копии ако се нарачува од сајтот и после тоа го имаше избришано тој коментар. После некое време пиша како се исцрпиле залихите. Тоа е... не знам што да кажам. Упорно се ставаше видеа од Блеј Фрајдеј во другите држави, како спиеле пред продавници, а вика да се запази растојанието поради Ковид. Можеби ајде од следна година ќе се чекаме пред продавница групно со денови унапред.
Во шаторче секој во свое, дека нели не смееш од иста книга две или повеќе Реално ние кај нас немаме реален блек фрајдеј попуст на било што вклучувајќи ги и книгите Макслимален попуст еве вака до 50-60% ако се начека нешто и за роденден што го имаат 40% на три книги и толку, друго е се така нешто ситно колку да се рече има попусти.
Искрено, некако и ги имам надминато книгите на Сакам Книги. Кориците ги прават како за тинејџери, секоја романтична книга на корицата има двајца што се гушкаат, од кој мажот е набилдан, а женава има разлетана коса. Сум приметила и дека самите корици на оригиналните изданија се многу подобри, но намерно тоа го прават со цел да привлечат поголемо внимание бидејќи повеќето луѓе кај нас купуваат ради корицата. Сакав да кажам, во последно време сум позаинтересирана за книгите од издавачката куќа Три и Култура бидејќи и нивните преводи се на еден повисок степен, и да го зголемуваш сопствениот вокабулар. Само што ретко и кај нив да се начека некој попуст, во спротивно се доста скапи за некој што нема приходи во месецот. Не знам дали да кажам дека претеруваат со цените, ама дефинитивно книга од 800-900 денари не е книга за наши стандарди.
Сакам куќа полна со деца, едно маче, куче. Две момчиња и едно девојче. Машките на него, девојчето на мене. Сите со негови очи. Сакам недела со палачинки и џем. Сакам трчаници низ куќа, некое детуле вазна скршило, друго ѕидот го исфлекало, трето не сака во вода да влезе. Сакам учење да се вози точак, решавање домашни. Сакам насмевки, спомени, гушкања, љубов. Семејство со него. Љубов. Желби. Спокој.
Имаа и Три на 10 нивни дела буквално 50%, јас многу читам од секаде по нешто и за книга пари не жалам, еве во Сакам Книги и со 25% си купив веднаш, ако ми се допаѓа нешто си купувам кога можам и кога сакам и по редовна цена. А за изглед на корици, јас лично не паѓам на тоа дури не ни приметувам што и како има, побитно ми е краткиот опис на содржина да ми привлече внимание или да ми ја препорача некој кој ми го разбира и почитува стилот на читање.
Многу е поинаку кога ќе станиш рано ... се ќе средиш дома , ќе почнеш да се дотеруваш , конечно имаш ден за шопинг и ти се јавува сопругот и тивко и нежно ти вика : паднав наработа од високо подај ми ја книшката одам да се снимам , доагам со такси ... Секако со се книшката и јас облечена... Влегувам во такси јас како рис он како маче ... Како падна душо па нели веќе 9 месеци си тим лидер, организирајќи го тимот падна ?!? Секако звучев премногу саркастична . Тој се изнасмеа на целата мака и фати да ми објаснува ... јас само го погалив за коса. И си помислив .Не бе ова мое чоече само за рмбање е створено ... кај знае он да прави документи , да чита email и да организира тим и задачи за извршување . Стигнавме бев од огромна корист што дојдов. И пред да си одиме докторот излегува со гласно смеење и ми прави тупаница за поздрав и ми ја дава книшката ... Јас пред врата како глувче целата со прашалници во глава, не го знам не го познавам му возвраќам на поздравот . И ми вика : Повелете г-ѓо и останете таква каква што сте. Јас уште повеќе со прашалници и си помислив ... докторов ме има помешано , ова со маскиве што ги носиме. Излегува мојов оди во сала за преврска и конечно си одиме дома . По пат ми вика те испофалив пред докторов , го знам , се вратил тука во нашиов град . Му кажав колку си во право за се , ама јас тој карактер сум . Му кажав дека си ми огромна подршка и најмногу ми даваш мотивација и дека на секој му посакувам жена како што си имам јас и ми ја фаќа раката. Од рис и јас станав маче. Тоа е предобри , премногу искрени , без злоба во себе а на уста невидени провокатори ... погодени како тенџере и капаче сме.
Ми фали некоја доза со Ким Катрал.Не можам да најдам никаков филм со неа што ќе ме бендиса, немам шо да гледам. А попладнево е измислено за коктел и гледање некое такво шоу. Изгледа ќе си облечам интересен долен веш и така на некој начин... А сакав да влезам во џамбо да земам нови чаши за космополитен, ми текна какво е внатре мислам епилептичен напад ќе добијам. Посебно што имам некој дома кој купил тастатура со некакви посебни ламбици и се осеќам како у некое сајбер место од времето..само што не се пуши
Секогаш луѓето што најмалку работаат се најгласни дека они се највредни, најработливи и ги кодошат колегите на надлежните дека ништо не работаат. А да, и обично секогаш истите се тие што сакаат да се постават „над“ вас, само да ви кажуваат што и како да правите (читај, нивната работа да ја сработите). Епааааааа нема
Повлекувам изјава, значи народе, книгољупци чујте и почујте во Матица има 50% попуст на попустот, на веќе намалените цени. Ете така книгата што си ја купив пред десетина дена што беше од 550 ден. намалена на 390 ден. сега е 195 ден., ама јас пак не одолеав се снабдив со уште нешто, од книги никогаш нема доволна наситка, емотиконче што читка пие чајче и се радува Спојлер
Е*те пензионерите, да бев на нејзино место ќе фатев со метлата ќе ја мавав! Јас имам видено баба како мава куче поголемо од нејзе со даска, а тоа беше врзано и ништо не и напави.
Абе да се чудиш со стариве. Бабево на улица да го видам ќе речам оваа сирота, мравка не би згазнала. А реалноста- зло жена.
Лани во Ноември снема струја цел остров,после некое време добивавме струја на рати. Два часа ќе имаме,па цела ден и цела ноќ ќе немаме и така два дена. Денес повторно снема и повторно ист месец, цела околина мрак. Луѓе на тараси,по улица изглегуваат а јас си помислив како им е на оние кои се засегнале во лифт додека снемало струја и на клаустрофобичните, додека јас се плашам од целосна темнина и додека запалам свеќа веќе беа поминати пет минути. Не е страшно да снема струја,страшно е да си сам во голем стан и да снема струја.
Како што читав по групите од понеделник ќе биде до 60% и во книжарите исто така, а онлајн гледам стариот попуст е до 30% максимум. Ќе го чекаме понеделник со нетрпение.
У шо "куќи" влегов, и тие најуспешните секогаш имаат харизматичен директор/менаџер, отворен, со смисла за хумор и опуштен. Имав среќа да ги видам и во неофицијални средини и едно нешто им е заедничко - сите одлично се движат на ритам. Луѓе без ритам, немаат ритам за ништо, не се препуштаат и заради тоа секогаш им бегаат конците од рака. Ах уел... тоа е... кога се едуцираат од книги за самопомош, а не од наука, а не од пракса, а не од живот и искуство. Кога не знаат дека без луѓето фирмите се само згради и ништо друго.