Во последно време го запоставив форумов, па одамна ме немало и конечно да напишам и јас пост.Не дека нешто којзнае што има, се едно исто.Си зедов дела за читање,си се сместив во собата до прозор,убавини па ќе ми дојде инспирација ќе напишам нешто.. ** Чудни се луѓево кога не им требаш никаде ги нема, а кога ќе имаат корист ќе те најдат веднаш.Па што чудо бидна 2-3 г. да се нема човек слушнато ниту видено,и сега наеднаш ќе и текне дека другарка имала Сум била постојано недостапна,па потоа демек дали ми бил истиот број...што мразам така кога ми вртат одоколу.. кратко и јасно кажи што сакаш и готово :geek: ** И незнам како може некои да се толку несвесни, омилената книга ја дадов на читање, едвај ја најдов после дооолго време, и ете може цел месец не ми е вратена.Не дека ќе ми се изеди книгава,прочитана ми е,ама не бре од пусти срам не можам да си ја побарам назад Спојлер претерав со овие моиве книги Имајте пријатна вечер
Со душа чекам да дојде денот да го спакувам куферот и да заминам. 10 дена ќе ми бидат доволни да бидам далеку од сите а заедно со него Сакам да се одморам од се,да не мислам на ништо,да не се замарам со непотребни муабети,да се опуштам и да уживам да се изнаспијам како човек. Абе да се излежавам дали на плажа или во кревет до него сеедно Да седеме еден покрај друг и да не зборуваме ништо само да уживаме и да се релаксираме ... ах живеам за таквите денови Изморена сум од глупиот народ и од тоа што морам да го слушам и гледам секојдневно.Не потценувам никого ниту пак сум навредила но глупавоста според мене е навистина неизлечлива болест И да се разбереме едно е да се правиш дека си глупав а друго е да си природно глуп и да ти нема спас Добра ноќ
Кога животот ти изгледа лесен и кога ти се средиле работите баш како што ти си посакал, тогаш мора тој самиот да те потсети дека никогаш не е се совршено. Тогаш ќе се растури онаа кула од карти што си ја градел долго време, онаа кула во чии столбови си вложил големи сили и надежи, си врежал големи чувства, си оставил дел од себе. Си ја градел и си и го предал срцето, па сега кога таа се руши срцево ти се растргнува и ти ствара уште една лузна. И полека ги чувствуваш тие ѕидини кои толку лесно се рушат, а толку тешко си ги создал, но животот не прашува - тој дава и зема, тој носи а потоа пред да го почувствуваме како наше го кради оставајќи не со празни раце, празни срца, празни души. Тогаш вистината те боли затоа што не си сакал да поверуваш во неа, тогаш срцето те боли затоа што си изгубил се, а разумот те докрајчува. Тогаш можеш да се утешиш и задоволиш само со помислата дека животот доаѓа во бранови, а кога едната плима веќе заминува далеку од тебе препушти се на времето и почекај ја наредната, можеби таа нема да те потопи, можеби со неа ќе преживееш. Но, секогаш сети се и учи од сопствените грешки, научи од она што ти се случило и живеј го животот со она што реално ти го нуди, а не со она што љубовта иако нереално ти го впива во погледот.
Доколку не се уклучам утре на форумов, сакам да се поздравам со вас на 4-5 дена. Одам на мала прошетка низ Македонија со либето, се разбира и на Пивофест, деновиве сите патишта водат кон Прилеп. Пресреќна сум што за прв пат летово малце ќе избегам од градов, бидејќи до одмор има уште еден месец, како да стои времево. Но највеќе се радувам што ќе делам кревет со него. И да не го тупам веќе, ќе речете оваа заљубена до уши е (мада веќе знаете ), отидов јас да спијам, крајно време е. Добра ноќ на сите.
И јас сум вака за книгите Мразам кога ќе дадам книга на некого и нема осет да ја врати. Така си имам загубено неколку
^ Никогаш не би оставила книга така, да не ми ја вратат. И не ми е срам да си ја побарам. Може нема директно да им се нафрлам „Зошто не ми ја врати книгата“, ама ќе си прашам „До каде си со книгата, ја прочита ли? Кога ќе можеш да ми ја донесеш?“ Денес ако се срами човек да си го побара своето, никаде нема да стаса. Луѓето се користољубиви, си го гледаат сопствениот интерес, па макар и да поминат преку тебе и да те прегазат. Ова го кажувам за било која област во животот. Да се вратам на тоа што сакав да кажам... Сите документи се спремни, чекаат да бидат испратени и прифатени од другата страна за да можам да си заминам од земјава наша Вчера мајка ми ме гушка ми вели „што ќе правам јас без тебе, сигурна ли си дека сакаш да одиш?“ Не мамо, не сум сигурна, несакам да заминам. Несакам да ве оставам, но овде нема живот. Пробувам да заспијам, неможам, имам грутка во грлото, ме гуши. Не сакам да плачам, сепак ова беше моја одлука. Свесна сум дека многу работи што започнаа овде, што ме држеа во живот, што ме правеа среќна, ќе завршат. Што ќе биде со мене? Ќе продолжам со амбициите и погледот напред, ќе продолжам да се борам. Поима немам од каде ќе исцрпам сила и волја, но знам дека ќе го добијам тоа што го заслужувам.
Оние кои на тацна им е дадена работата не знаат како е,значи ме иритира муабетот од вчера ( вработена одма по завршување): -Па,земи извади си книшка од партија,јас не знам оти не вадите кога ви бараат? -Не е се до книшката и велам,треба и некое евро да фрлиш и пријатели ти требаат од “горните“ кај некој од општина И дури јас си работам за безпари и подвадувам некој денар со козметика..некој очи ми отпревртува кога кажав дека волонотирам и дека вадам пари од козметикава,демек леле мизерна си... Друг муабет...10 000 земам малку ми се....од бетар чупе,од бетар...а јас уште од дома пари шо му барам??????? Како и да е си имало среќа девојчето,далеку од тоа дека љубоморам..сите ја имаме некаде тука е....ќе дојде и за нас... Ме нанервира шо некој нема чувство за емпатија... И за мене не е Пивофест да седам на маса од која и да било пивара и ЛЕЛЕ ГЛЕДАЈ ТЕ МЕ И ЧУДЕТЕ СЕ, и да се пуфкам пред штанд дека пијам пиво.... и да одам по паметот на други-да ме форсираат ко не сакам...И нак крај секој како шо сака... Филозофирам денеска..... Како и да е ХЕВ А НАЈС ДЕЈЈ !
Одамна станав свесна колку е вистинита изреката `вистинските пријатели во невоља се познаваат` но, за жал, во последно време се повеќе станувам свесна дека луѓето вистинското лице си го покажуваат кога повеќе не им е се мед и млеко во животот. Лесно е да се биде фин и великодушен кога сите коцкички ти се подредени во животот и од високо гледаш на `гревовите` околу тебе но кога топката ќе се сврти, тогаш на површина излегуваат зависта, лицемерноста и злобата - другарка која, која кога била среќно заљубена ги тешела понесреќните во љубов од неа другарки, сега кога е сингл се обидува да им ги превземе дечковите на истите тие другарки, друга девојка која ја има прошетано Европа на свој трошок и си има купено секакви тракаташки, сега кога е со многу помала плата, им ги брои финансиите на сите и зад грд ги оговара (Купила фармерки за 2000ден, не е нормална, леле гуска, па и не и ни стојат, ја прават дебела, џабе ги дала парите...) Понекогаш ми е страв да излезам на кафе со некоја другарка која одамна не сум ја видела, да не се разочарам повторно.
Вака да ви кажам нешто, одвај чекам да помине месецов и да отидам на одмор, на море во живот немам отидено, не ми е срам ни да кажам, едноставно моите никогаш немале доволно пари за да ме пратат на море, па така со години одев на езеро.Не е битно, јас сакам езеро, ама годинава има да се тегнам на сонце и да се давам во солена вода, заслужив. Знаете колку ми фалат неколку дена да бидам со него, онака да дишеме синхронизирано и да делиме иста перница, да се мачкаме бебешко масло на исончаната кожа и да се плескаме како зајаци. Летово ми е баш безвеза некако, немам желба за ништо, ме фатил некој период што ми се иде да си ударам глава од ѕид, не ми се чита, не ми се слика, не ми се гледа филмови, ни серии, ниту ми се излегува, ниту дома ми се седи...не знам кој ми е проблемот...мајка ми вели дека е од што ми недостига брат ми...можеби. Еден куп обврски ми висат на глава, правам список, јас сум личност која функционира на принцип направи и пречкртај, сакам план, сакам да ми е организирано, мразам незавршени работи и ужасно ми оди на живци кога сум во неизвесност, некако мразам и кога сум без обврски и за чудо толку сум мрзлива периодов што сама на себе си одам на живци. Имам чувство како да сум поделена на две личности, едната тегне на една страна, другата на друга.Едната сака една работа, другата не ја сака, како цело време да се борат помеѓу себе и ме прават контрадикторна, несигурна и збунета.Ме мава депресија повремено и се осеќам толку слабо и безживотно што сакам само да лежам и спијам. Цело време сум напната и сериозна и сериозно ми треба опуштање и релаксација и ми треба летово да заврши, годинава не го сакам.
Единствената личност на светот која е секогаш со мене, во убаво и во лошо ја гледам повторно во болки. Ми доаѓа да ги задавам сите лекари, да ми објаснат што се случува. Сите молчат, таа кутрата плаче. Ете, јас, таа која велев дека не сожалувам никого... Чекај, па јас не ја сожалувам. Само тешко ми е. Не можам да замислам како би ми било без неа. Целото детство ја гледав како се грижи за мене, секоја вечер се` до раните утрински часови бдееше над мене, а сега јас над неа. Тогаш таа се плашела да не ме изгуби мене, а сега јас е плашам да не ја изгубам неа. Не, нема да ја изгубам. Таа ќе биде тука, мора да биде...
Колку време само знам да ве читам, да поминувам низ вашите прекрасни зборови, а ништо да не напишам. Нешто како зинала земјата и ме голтнала, но еве ме плукна назад пак Верувате ли во случајности? Датуми и случајности може да се совпадне, океј ми е. Луѓе и случајности Не верувам во случајностите, се' е намерно
Да ви се представам Јас сум Нана и сум најголемиот манијак на омекшивачи... Денескаа ден за одмор и не ми се станува од кревет но ме примами мирисот на исперени алишта кои што мирисаат низ цела куќа ни 5 ни 6 рипнав и почнав да ги мирисав.... Прче по парче облека така мокри ги зимам во рака и ги мирисам мирисот ме полудува ... Еднаш неделно ги зимам сите алишта без разлика што се перени ги ставам во омекшивач за да ми мирисаат уште по свежо....
Да фатиш боја на лето за мене беше тоа непознат поим Летово за прв пат фатив некоја боичка, не е кој знае што, ама мора од некаде да се започне Мислев дека одморот ќе ми помине здодевен, ама се излажав. Преубаво си поминав и оваа година. Нови другарчиња, зафрканции, пливање во езеро на дожд, играње на музика, со еден збор - прекрасен одмор. И знаете уште со кои деца ги поминав 10-те дена во одморалиштето ? Децата со блага ретардираност. Да, да добро прочитавте. И ние отпрвин неможевме да се помириме со фактот дека 10 дена ќе минеме со нив, ама на крај попуштивме. Тие всушност се прекрасни деца. За нас можеби ова е само едно обично лето, но за нив тоа е доживување Денес на едно девојче од лицата со посебни потреби и е родеднен, синоќа во 12 ипол и ја пеевме песната, а колку само се израдува за подарокот Ви посакувам пријатна вечер!
Само што видов: Канал5 зела ПРВО место за најдобра НАЦИОНАЛНА телевизија по КВАЛИТЕТ Уствари ни една од нашите телевизии не заслужува да добие ваква награда освен можеби МРТ1 и Алфа (ако се бираше пред некое време) Уште не ми е јасно по кој КВАЛИТЕТ е изберена и која „НАЦИЈА“ ја бираше (македонската сигурно не ја избра)
Не знам како некој луѓе имаат душа да убиваат,без разлика дали се работи за човек,куче,маче,срна..што било. Толку ли се бездушни ?! Немаат ли срце?! Зарем навечер кога ќе си легнат не ги гризе совеста за злоделото кое го направиле?! За таквите само бесилка! Само едно ќе кажам: не постои поголем ѕвер од човекот!
И сама не знам што всушност сакам да кажам. Но нешто ми вели на напишам мислење. Сте го имале ли тоа чувство кога без да размислите кликнувате „нов одговор“? И потоа ви текнува дека всушност немате ништо посебно за пишување? Забегано чувство. Има речиси цела година откако станав член на Фемина. Всушност почнав да ве читам многу порано, но може да се каже дека ми беше страв да се зачленам. . Најверојатно се преценив. Сепак сум само детиште. Но, заборави. И онака е анонимен форумот. Можам да се глупирам колку сакам. Јаки ми беа мислењата пред една година. Прејаки. Речиси секогаш беа само една проста реченица, а понекогаш само „да“ или „не“. Како некој робот на батерии бев. Потоа ме фатија бубачките и...онака. Глупости. Па си заминаа. Можеби пак ќе ме фатат. Сколна сум за фаќање бубачки. Наседство од мајка ми. На крај, сепак Фемина е прекрасно место со прекрасни луѓе.
Чувството коа сите обврски шо ти биле планирани одамна ти се завршени е бесценето! Ама затоа чувството коа има уште 5 дена до одмор, коа умираш од досада по дома, немаш шо да праиш и едвај чекаш да поминат и конечно да тргнеш на одмор (а ко за белја многу споро поминуваат и изглеаат ко цела вечност) е ужасноооооо!!! Ајде бе више, ми се иде на одмор!!! Ич не ги сакам овие денови. Ок, освен денот коа ќе се спремам и пакувам.