Драги комшии, Златни,позлатени,намќори,немтури, знајни и незнајни,стари и млади,рчпали и тралалајки,фини и дудуци итн не мом сите да ве набројвам са. Само сакам да ве известам. Знам дека се радвате шо ваква лепотица како мене ви живеј во зградата,ама ќе ве замолам оваа година да ме поштедите од чувството како да живеам во Авганистан, да не џиткате петарди од 5ти спрат. Ве "поштова",ваша Сики Пост скриптум: @theowndemon е срце луѓенца,такво срце шо ми ја врате изгубената надеж дека постојат чоенца на планетава шо се радваат на мини нешта.Таа треба да добие се шо ќе посака и се надевам некој ден ќе си пиеме кафе кај неа в канцеларија и ќе делкаме киндер јајца како децана кај мене в канцеларија.И да,нејзината 2021 нека е нејзина година,мене сеедно ми стана поарно да не си планирам годинатаФала за честитката пилетино
Луѓе сакам да одам во Берово за нова година... и тоа сама... Имав доста лоша година (добро знам дека скоро на сите ни беше таква ама мене доста лошо ми влијаеше се ова).... Дали сум луда???
Колку и да ти е некој близок подобро твоето споротивно мислење за некоја ситуација,критиката,”суровиот” совет задржи си го за себе. Очигледно е дека на луѓето им одговара само лизни-мазни мислење и поодршка и аплауз. Џабе бараат искреност,кога ја превртуваат во зборви што нив им одговара.
Никако не си луда.Тоа е сосем најпаметно нешто и најкорисно. Ако одеш,чувај се и имај здравје,многу мир и се шо сакаш да ти се исполни. На сите ни треба ова.
Кога и да ми се допадне некој производ, да ми стане нешто што „ме карактеризира“, што ми е омилено, мора во наредните неколку месеци до година-две да го снема од сите маркети/продавници/дрогерии. Значи обавезно веќе не се увезува, се менува или е повлечен од продажба. Пијалок, некое благо, нешто за коса, тело, некаква шминка, обавезно нешто снемува. Последно што повлекоа од продажба беше омилениот парфем, па кога отидов да купувам ме затекнаа. Не знаев што да правам, не ми се порачуваше онлајн зошто веќе ми беше ептен при крај, па си реков ќе изберам некој друг парфем од истиот бренд па може ќе се навикнам и на него. Си зедов еден и сега мислам мирисам на компир или цвекло евентуално.
Сакам да си ги спакувам куферите од оваа наша проклетија.... Вчера ние на планина, на мојте им се јавиле дека сме доживеале сообраќајна несреќа (мм изгазил мигрантка-мртва била). Да не лежи затвор, мора веднаш да им искешираат пари. Три саати ги малтретирале, пари од банка да извадат, па во една немало, па во друга, ги следеле... Не знам каде ќе им оди душата, животната заштета да си ја извадиш, да ја дадеш, мислејќи дека спасуваш живот на сопствените деца. Не сакате да го замислите стресот кој што го доживеале, 3 саати луѓе, плашејќи се дали сме живи и добри... Како не им текна да ми се јават порано, како???? Пред да му ги предадат парите, ми се јавија (фала му на Господ што го слушнав телефонот, и кренав слушалка)..... А, полиција? Е полицијата е друга приказна... Тука сум најмногу револтирана. Знаеме, не сте први, бидете среќни што не сте ги дале парите. Не може да избориме кој случај е ова во оваа година. Добро бе, да му е.. мајката, па нели кратат од наша уста, за вие да зимате плата, а ние да бидеме безбедни. Како може уште да не ја откриете таа мафија бре, како може???? Се јавуваат на стари луѓе, со шеќер, со слабо срце, со притисок, со уште триста дијагнози.... Срам да им е, срам........ Не знам дали овие луѓе некогаш ќе ја платат цената за ова што го прават, ама знам дека на мојте им го скратија животот, само молам Господ да немаат последници од стресов кој го имаа вчера... Ве молам, кажувајте на сите за случкава, зашто одкако кажав јас по луѓе, секој трет ми кажа дека и кај неговите дома се имаат јавено (само што татко ми подлегнал-најверојатно му се поклопиле коцките дека сме на пат, и за малку ќе ја дадел цела животна заштета, која чесно и мактропно си ја заработил), Ве молам!!
Леле се уплашив, колку језиво Мора да се шири ова, веќе мислам разбраа колку толку луѓето за начинов..... Малце мо беше нереално како поверуваат луѓео ама чим кај волку луѓе упалило...језив секако Се надевам ќе бидат добро
Страшно е ова. Жал ми е за твоите, кои шокови ги доживеале кога дознале дека сте направиле сообраќајка. Знам најмалку 4 вакви случаи од населба. Првиот пат, за жал им успеа. А за полицијата си 100% во право, жива мизерија се. Си се смееле во позадина "Еј оваа не им дала пари" или "Леле оваа им дала пари". Соработуваат со нив можеби, од каде иначе толку информации наоѓаат насекаде? Ако не со нив, некој од комшиите.
Не ми е јасно и татко ми како подлегна, стабилен човек... Сега џабе и да му зборуваме, само потешко може да му биде. Постојано вчера си повторува, како можеше толку глуп да испаднам, како. Ама кога станува збор за сопствените деца, спремен си светот да го превртиш. Посебно ако слушнеш нешто лошо, се блокираш целиот. Среќа што мајка ми цело време викала, дур не ги видам децата пари не ви давам, и го убедила татко ми да ми се јави. Замислете ги натерале да го исклучат телефонот на мајка ми, и да извадат батерија.... Многу добро глумеле, многу. Драма се случувало .... А, за полицијата, јас мислам дека се и тие во игра, и дека делат пари, искрено......
Нема што да се обвинува и да му е глупо. Баш така е, се блокирал. Делувал инстинктивно во шок, без размислување. Добро е што мајка ти успеала да остане посмирена и не им успеало.