Нов бунар копај, но во стариот не плукај Имај на ум дека може пак да дојдеш до него и да побараш капка водичка. Сув ќе е !!!
Буквално, баш пред некој ден видов Инстаграм профил на детенце од 2 годинки предводен од мајката и секакви слики ставени од детенцето.. What is wrong with you people?!
Имам мака со интернетот и пријавуваме дефект. Викат дека ќе дојдат. Мајка ми во меѓувреме: лута на сите оти пријавивме, немала генералка напраено. Као не си играм мајтап не пцуе дома. Едит. Ѝ реков "арно чоек дојде да зачистиме". Ме п ц у е пожестоко.
Ми требаше нешто мајка ми, ја побарав на мобилен и не ми се јавува. Ете ја после 2 минути ми ѕвони и ми вика: "Зафатена сум, не можам да зборувам. Чао." и ми исклучи. Добро мамо. Фала што се јави.
Кај спомнавте Најужасен состанок, од вчера навака на рати ја читам темата од почеток, умрев Ми ја разубави оваа ужасна недела.
Читам денеска во темана имало земјотрес. Па чекам тука реакции сите дека се исплашиле, го сетиле, не го сетиле, биле во вц или не, ова она. Ама не. Што ти значи Фемина избори, може и торнадо да задеси и никој нема да примети.
Тој што ќе ги забрани петардите ќе добива глас од мене дури е жив. Мислам дека се една од ретките работи што толку многу ги мразам. Повеќе од Грујо и Заев ги мразам, добивам напади на агресија кога гледам дека ги пука некој, сакам да го треснам тој некој од земја, ама онака убаво да го рокнам. Си седам дома и некој препаметен у улаз фрли, мислам дека се слушна како бомба да пукна. Од памет се извадив, искочивме сите станари надвор, рековме зарем експлозија некоја имаше. Дури да видиме кој е, избега. Абе мамицата в пичка сељачишта едни, та вие, та тие дома што не ве воспитале. Кој кур ви е, што убавина видовте во тоа да вознемирувате други луѓе, за животинки колку се плашат па да не правам муабет. Лае кучето од комшииве уште сирото, се преплаши. Пу све по список да ви изнаебам, уффффффффффффффффффффффффф
Најн . Барем јас не. И кварки немам видено и протони, и антиматерија, ама верувам дека постојат. Не тврдам за сите атеисти дека од исти причини 'одбрале' или не одбрале. Јас ја одбрав науката. Сега ти кажи ми дали верниците одбираат да веруваат во бог оти им е полесно некој друг да се грижи за нив 'олмајти' и да бараат утеха во него?
Дм прееска прашал еден човек што продава опрема за бордање која марка се везовите, човеков му кажал Losion. Чудејќи се што марка е ова лосион кога му пратил слика дм чита дека се викаат уствари Illusion Друг на работа пак, му кажувам дека таа гардероба во која што влегол не е во функција и дека со големи букви му го пишува тоа на вратата, ми враќа "јас ако знаев да читам и школо ќе си завршев" 21 век, неписмени насекаде..
Прекрасно е чувството кога ќе се оттарасиш од лицемерни луѓе кои си ги сметал за океј или кога ќе дознаеш дека тие што те откачиле... вредело да те откачат. Сама сум...ама нека, поубаво е вака.
Сума сумарум, имав релативно успешна година. Кога сите моменти ќе ги соберам на куп сфаќам дека ова беше најчудната година во мојот живот. По што? Па, по сѐ. Почнувајќи од фактот дека веќе не ми е ништо важно што ми било пред една - две години на пример. Сега важно ми е само да продолжат работите по оваа насока. Ништо не барам од животот, зошто годинава ми даде сешто заслужувам и по што страдав со години додека сите беа во некои свои "нирвани" за разлика од мене. Стварно сум искрено многу благодарна. Сфатив дека можам без ничија помош да се издигнам нагоре. И дека можам многу повеќе од тоа што можев да замислам. А, поубаво чувство верувајте од тоа нема. Ви посакувам на сите да доживеете такви трансформации следнава 2021! Нека е и патот трнлив, само нека ве доведе до успех. Зошто животот не е дестинација туку патување. Никогаш не го заборавајте тоа.
Оди во позадина утринска на канал 5 колку да не биде тивко. Случајно ми влегува во уво повик од рандом жена и прашува за пакет мерките од владата. Иде вака: А на тие што имаат 17.000 плата не им следува помош? Водителкава ѝ вели: Не, дури и да земате 15.001 денар, не ви следува. Е каква е таа помош тогаш? - и враќа оваа. Следниот гледач се јавува и прва реченица ко од пушка. 15.001 денар? Па каква е таа помош од 1ден. Неможапојќе.
Замисли ... Место да измачуваш некој можиш да се тргниш од тој некој ако не сте компатибилни без да му уништуваш психа оти ти е досадно.
Мислев дека целосно сум ги излекувала раните од минатото, и веројатно е така. За жал, останаа белези што одвреме навреме ме потсетуваат низ што сум поминала. И многу печат, понекогаш. Како потсетник за да не ги правам истите грешки... За да не се изгорам пак на истиот оган.
денес се 11 години од коа почина татко ми. За точно 1 месец, 16 откако отиде мајка ми. Утре мајка ми би полнела 56. Татко ми си отиде на нејзиниот роденден. Го мразам декември. И мразам зима. __ Се случува цел нов разговор, Во некој паралелен свет Кадешто ништо не се крши и ништо не боли. Се игра валцер, некаде низ времето Јас ве гледам... Може ли да ме викнете, Да ми дадете минута Не знам што би ви кажала, Веројатно само би гледала, Среќна што сум таму и што ве имам во прегратка Ве молам викнете ме, Дозволете ми да бидам полесна, Уморна сум да бидам борец... Понекогаш чуствувам студ и ветер, Најчесто се случува кога сум сама, знам дека сте вие ми кажувате дека сте тука. Па кога ми требате, може ли да ви пратам знак, Ќе изгасам се, ќе запалам свеќа, Ќе најдам ѕвезда и ќе ја гледам како сјаје. Може ли да ме викнете, Да ми дадете минута Не знам што би ви кажала, Веројатно само би гледала, Среќна што сум таму и што ве имам во прегратка..