Нормално е, цел свет (скоро) функционира претпладне, кога станува збор за работа... На пример, најголем број мејлови и повици добивам до 12 на пладне.
Дали само во Македонија ако си жена не смееш да кажеш ништо лошо за друга жена? Ај ќе се тапкаме по рамо како сите сте жени, мајки, краљици-маченици ФМП
Денес ќе наполнеше 77 дедо, убава бројка, колку брзо ми лета времето, а уште не можам да си ја узвртам мислата во глава дека те нема...уште очекувам кога ќе отворам порта да те видам како седиш под чадорот, да ми речеш "Мацеее" со тој посебен нагласок, само ти така ме пречекуваше, никој друг. Не бевме многу блиски, немам спомен од игри со тебе, или галење, немаше искажување љубов јавно, беше повлечен човек, малку ладнокрвен, не збореше многу и не се возбудуваше премногу за ништо, ама знам дека ме сакаше, се гледаше во чувањето на најголемите јагоди за мене, во секојдневното носење и враќање школо и правењето јадење за нас, би сакала да можам да ти кажам дека иако не беше дедо со гласна љубов, сепак ми беше посебна. Денес не стигнав ми свеќа да ти запалам, ама знам дека беше со мене, на тој лош пат и овој тежок ден, ме пазеше. Една чаша виски и блашко, си сакаше и тоа и тоа, пијам и јадам да се најде пред тебе таму некаде...ако постои таму некаде.
Ме интересира до кога ќе се толерира правење штета од страна на албанциве шо дивеат низ Скопје? Сега сијаличките на плоштад стигнаа на ред?
Помина и овој клет ден. Навршени 10 години од твојот закоп. Сеуште немам отидено на твојот гроб, ниту запалено свеќа. Често во моите мисли си сеуште жив и одиме некаде заедно. Викаат болката поминува, но, мене никако не ми помина. Твоето отсуство само ја продлабочи низ годините. Сешто сакам е да дојдеш, и да ме прошеташ низ пролетните улици. Сакам да знаеш дека со тебе под рака изгледаа среќно, безбедно и шарено. Додека во моите кошмари се сиви и мрачни како зандани. Знаеш, сакам да сум во кома. Ништо од ова да не се случеше... Утре да е 2011, да ме разбудат и наместо на твојот студен погреб да одиме на некое посреќно место, или ако веќе мора да ме закопаат со тебе, па заедно да шетаме низ рајските ливади. Бидејќи јас и онака умрев заедно со тебе тој ден.
Драги религиозни луѓе, ве молам престанете за ставате икони, молитви и видеа од литургии на фб. Речиси сите го употребуваат мобилниот во тоалет! Замислете како некој си врши работа и искача вашето лајв видео од недела литургија. Глупи ли сте?
Сакам да се заблагодарам на сите оние,кој ми дадоа подршка,во овие тешки и изгубени моменти.Фала ви премногу
Преку глава ми е од луѓе кои зборот депресија го користат за сѐ и сешто. Не е дека одиш наоколу и им се фалиш на сите дека имаш депресија. Или одма викаат леле депресија ме фати, за некоја најбанална работа што постои на светов. Шо знам малку ми е глупо ко ќе слушнам некој да ми рече дека го фатило депресија затоа што денес времето било облачно, а не сончево.
Колку смеј да е експлицитен јазикот шо го користиме кога збораме на форум? Пошто глата ме боли кучкински и не знам како да се изразам без да опцујам. Фала на сослушување. Чао.
Не во секој случај. Да речеме имаш работа со насилник, ќе одиш ли во лице да му раскинеш? Личната безбедност и мир пред се. . . . Кога сум на тема личен мир.. Извинувањата се убав гест со кој се искажува каење за стореното. Исто така и простувањето е убаво, но истото не мора неопходно да значи продолжување на контактот или дека односите со таа личност ќе бидат како претходно. Можам да простам и без да посакам понатака да сум во близина на истиот човек, зошто сопствениот мир ми е најбитен. Воедно простувањето не значи дека можам да ги избришам сеќавањата или дека тие сеќавања нема да ми предизвикуваат емоции кои се одразуваат лошо по моето ментално здравје. Токму затоа ќе се заштитувам секогаш од сето она кое ме растревожува. Зошто хармонијата со себе има непроценлива вредност. Со ништо не се купува.
Сакав мислењево да го напишам во последен филм што го гледавте, ама одлучив да стои тука. Знаете како има некои филмови кои ги гледате и после некое време уште остануваат со вас? Дека толку многу ве удриле во центар и ви предизвикале најразличен спектар на емоции? Од истите луѓе што го направија Inside Out, каде се даде омаж на среќата, тагата, лутината, стравот сега се претставени животот, страста, љубовта кон работите кои не прават среќни, галопирачкиот начин на живот, времето за професионалниот живот и времето за самите себеси. Ако мислите дека филмов е за деца, не е. Иако е анимиран, ја опфаќа сржта на модерни секојдневни проблеми, животот како еден пролазен момент, работите што носат среќа, безначајни нешта на кои им даваме премногу значење. И ме натера да мислам колку немам време за себеси, колку сум станала пион во машинерија наречена живот, колку одамна не правам работи што ги сакам. И не можам да ја кривам пандемијава, уште пред да ни се случи бев изземена од многу мали и слатки задоволства што не си ги дозволувам што од немање време, што од трчање за да се постигне за други, туѓи имоти. Ви го препорачувам на сите, се гледа во еден здив, едно шеќерче во вид на филм кое остава имплозија на емоции после него.