Ме прашува еден лик како сум, му велам било и поарно. И оти ми вели, што ти фали. Пари ми фалат велам. И зошто ти се ме прашва. И јас ќутам и не знам што да кажам. Не знам зошто ми се пари, не сум размислувала. Како можи да не сум размислувала што би праела со многу пари, значи не сум амбициозна, па си викам што не е во ред со мене, како можи да сум олку без идеи и без визија за животот. Па ми текнува дека нема ни да имам многу пари никогаш итн. This is how overthinking works.
Извикана реченица што ми се врти во глава деновиве - Луѓето ќе те запознаат колку што се спознаваат себе си. Вистина... и се уште на 30+ години, најчесто само облеката... и ништо друго.
За да се опраи нашава државичка и за да се каже идеална земја или како е тоа во некоја си таму цивилизација сите се први на фамилијарни собири,слави, фејсбук,кафе муабет,муабет со некој рандом лик. Ама нормално нели на муабет сите сме херои и најобразовани ама коа се работи за дела само ќе се прокоментира:”банана држава”,”прост народ” или ладно ќе си се преќути и ќе се продужи муабетот дека ова само кај нас го има. А,изгледа не сме свесни дека ние сме истите тие што ги прифаќаме и преќутуваме работите за кој што божем се бориме,ни сметаат и муабетот е така у друга држава нема. Ние сме истите тие што фрламе ѓубре на сред улица,а збориме како живееме во загадена околина со стока народ. Истите што први оговараме како некоја уште не се омажила,друга не родила деца,трета се развела.А,демек за туѓи животи ич не се замараме и си гледаме само наше гајле и наш покрив. Истите што мразат да завршат работи преку врски,преку тој ми е чичко и вујко ми е владика.Ама коа доаѓа ред и за плаќање сметка у банка бараме човек.Па да,што мора јас да чекам? Да не зборам за врските во образование.Уште од мали децата ги учиме на тој начин и после муабети дека само неписмените ги стаиле на јаки и државни функции? Истите тие што секојдневно гледаме неправди,злобни и некоректни работи ама тука само молчиме. Истите што се жалат дека сме злобен народ,а први фаќаме сеир и се радуваме ако му умре и на комшијата козата.Зошто он да има,а јас да немам? Истите што сакаме промени,а никако да тргнеме од себе. Истите што ни смета Балканскиот менталитет,а си продолживаме да си го практикуваме.
Каде е или поточно во ШТО е проблемот? Најчесто читаме и сме сведоци на жртви на сајбер насилство и сл. Но, зошто е тоа така? Треба сите да бидеме свесни и да ги учиме децава да се почитуваат, сакаат и имаат достоинство спрема себеси. Не знам, можеби грешам и ќе наидам на критики и обвинувања.
Како можев да се родам овде бре у пичку матер веќе. Секој ден минимум +1 причина за да избегам од глупава држава.
Знаеш како оди тоа никогаш не вели никогаш , ми измами насмевка со објаснувањево како овертинкингот оди, ох о о колку тоа добро ми е познато
Сакам да ја имам онаа супер моќ со која можам да пијам кафе пред спиење и пак да заспијам во истата секунда, да не ми сметаат звуци одоколу и светлина, на било кое место и во било кое време да заспијам ко заклана. Ама не, мене и најмал звук и зрак светлина ми смета, кафе никако пиење 6-8 саати пред да си легнам, и откако ќе легнам мора 12568392 лажни сценарија да си претерам низ глава, па overthinking, па what ifs, па дури после да спијам..
Ќе си легнам сега и ќе лежам така некој сат. Нема да прам ништо. Само ќе лежам. И ќе станам сабајле во 8. Неколку минути в кревет и одам прво вода да пијам. Пес точно знај дека то му е знак за надвор. Се напив јас вода. И почнува да ме бара. Да шетаме. Па излегваме. Врнело, не врнело, замрзнато било. Неважно. Али фино е. Шознам. Добра ноќ.
Пред 10 години, по кој знае која случајност, сум дошла до форумов. И искрено да кажам, ме промени. Во тие баш типични прогресивни години учев многу од постарите дадички, ми се зголеми видикот за многу теми, ме поттикна да размислувам, да барам нови страни на нештата, но и ми донесе нови луѓе во животот. Прекрасни, полни со љубов, емпатија и искреност, тука да ме поддржат во моменти кога ми требаше некоја личност да биде реална со мене. Често пати сум се смеела до солзи на форумов, често пати и сум плачела споделувајќи дел од мојата најдлабока темнина. На моменти ме нема со месеци, на моменти и премногу ме има Ама факт е дека со форумов пораснав. Се надевам дека во наредните 10 години ќе прогресира форумов нагоре повеќе, и ќе има малку повеќе позитива и смеа, а помалку драми и плачење. А сега едно тортенце да ви оставам, не е малку една декада со вас помината!
Сакам да кажам дека ми е мило што има одзив и бунт во темата за Телеграм. Добиваш надеж дека има девојчиња кои размислуваат критички и не дремат. Не знам кои сте ама знам дека ако ве има вака поактивни и на други теми може да се сменат многу работи. Не сум оптимист, само знам дека енергија насочена на право место дава резултат. Штета што има и такви на кои што уво не им чуе. Штом нивното дете или тие не се вмешани лично не се засегаат. После бараат поддршка кога ќе се соочат со некоја неправилност врз нив, институционална или социјална. Ако сакаат да има правда и за нив, треба да ги бери гајле и да се бунат за туѓата. Секоја една може да направи нешто и да биде алка од синџирот. Биди доблесен човек пред себеси, ако ништо друго.