Не ги разбирам луѓето кои не си стојат на зборот, ја изигруваат довербата. Многу боли кога ќе се разочараш во некој кого го сметаш за близок. Не дозволувам уште еднаш да се случи ова.
Кога гледам во небото полно со ѕвезди секогаш ми станува подобро, бидејќи ме потсеќа дека сум дел од нешто големо, нешто неверојатно, мистериозно. Атомите од кои сум составена некогаш биле таму. And that's a big deal. А ноќва небото е чисто како стакло чиниш сите ѕвезди се гледаат а и не можиш да промашиш некое соѕвездие. Конкретно соѕвездието Орион и најсветлата ѕвезда Сириус одма во близина би му паднале в очи и на некој што не обрнувал многу внимание.
Убави се вакви смеења доцна вечерта. Стомак ме боли од смеење, ноќва нема спиење, ќе се сетам на што се смеев вечерва и пак ќе се смеам. Солзи ми потекоа.
Како може да бидат толку неинформирани некои, што мислат дека во боенките за возрасни има голи жени? Продавачка во книжара ми вика, девојко не ти е срам да бараш такво нешто, па испечати си слики од голи жени и бои ги. Леле како сум ја подбрала и каква лекција сум и одржала. Какво дрско и некултурно однесување. Што е најтрагично со години работи таму и не си ја знае робата во продавницата. На крај јас и ги покажав на која полица стојат, и отворив да ги разгледа и да не се плаши дека имам фетиши да бојам голи женски и си заминав.
Хахахаха се изнасмеав иако е трагично, боже ме сачувај колку затуцан и неинформиран народ има кај нас.
Ми иде да ја најдам на фб и да и пишам статус на ѕид- ми снема материјал за боење, де ако сакаш прати ми слики по твој предлог. Кога веќе ме прави манијачка.
Сакаш заедно да ја бараме? И онака досадно ми е. Безобразен ум треба да имаш за "возрасни" да го поврзеш со голо тело.
Ме изнасмеа Да немало во книжарата да и покажеш ќе си останела пустата со мисла дека си перверзна Инаку имаш во Литература (мислам таа беше, што имаат штанд во Џамбо), а имаш на нет многу поинтересни, само ќе треба да печатиш
Ќе проверам, ама тешко веќе да не ми текне на сценава кога ќе купувам. Јас си викам да се релаксирам ќе си купам боенка, тоа излегов од книжара со притисок 200.
Луѓе околу мене со ниту еден ден работен стаж а и луѓе кои работеле но едвај постигнале нешто во жувотот ,ми кажуваат дека неможам да купам стан нема да купам да се откажам од идеата,нема шанси да купам. Јас им кажувам да седнат само и гледат како го правам тоа. Целиот свет да не верува во мене денар по денар ќе ги собирам и ќе купам... Не ми е важно кој ми се смеј,ќе успеам знам ...
СДК Се движиш по улица и ти доаѓаат луѓе со ваков натпис, како ќе се почувствуваш? Единствен силувач и насилник во оваа бајковита држава се институциите и неспособните вработени таму, како и законите и уставот. Треба да се излезе на протест масовно но со вакви натписи кои ќе го зачудат секој што прочита, не се привлекува внимание. Се создава одбивност и подсмев. Твитер е хаос деновиве само масовни протести за измена на законите се решение. Ова на сликата е сѐ само револт не.
Зошто и тука често се збора на темава, ќе напишам парафразирано нешто шо пишав во темата за Телеграм. Зошто "учи го син ти", "ама јас не" и "сите мажи не се исти" уствари се шовинистички. Не дека сите мажи се силувачи. Побогу не. Парола е. Парола која треба да дај чувство на сигурност, да предизвика емоција и да донеси до активност. Мора да се фоксуираме на жртвите. Мора да се фокусираме на насилниците. Тие кои не се жртви и тие кои не се насилници во моментов или даваат поддршка или седат настрана место да комплицираат. Ако комплицираш, си дел од проблемот. Ако седиш настрана, не си. Ако си поддршка, фала. Нешто како со "black lives matter" vs "all lives matter". Ни на момент црните животи не беа посупериорни АМА беа жртви и тоа мораше да биди во центарот. Така и тука. Зато ве молам не плукајте по паролите и не ги разводнувајте. Имаат задача ваквите пароли. Разводнување на ситуацијата нема да донеси со плод. Нема да престани се ова. Нема да стани важно се ова. Мора да се турни скроз на другата страна пред да се најди баланс. Нема зошто да се плашите, ништо не е буквално. Значи барате проблем кај шо нема. Едноставно е, ако не сте насилник, вистина не ве засега и ако го докажвате то и се напнувате, тргате фокус од то шо е важно. Или срцето ти е на право место или не ти е.
Навистина греота како ќе се почувствува случаен минувач, сега и за тоа да се потресуваме, уф, нема крај. Не треба многу мислење за да се сфати кон кого е наменето, ако си го сфаќаш лично е твој проблем.
Штом се бара заштита и ред, тогаш треба и да се даде заштита и ред. Срамно е 'силувачот си ТИ' на пароли. Као крадецот си ти, убиецот си ти. На што личи?
Единствени што треба да се срамат се силувачите.И за случаи на убиства да се протестира ако се бара некаква правда таква парола би одговарала.Не разбирам што точно е проблемот