Не си единствена. Многу пати ми се случува исто да сонувам, дури и во сонот замисли си велам "ова го имам сонувано претходно". Има онака некои места што не постојат ирл а ги имам сонувано повеќе од еднаш. А ми се има и случено на пример ќе сонувам нешто, се разбудувам среде ноќ и си викам уау каков сон ај утре ќе го раскажам. И после заспивам, сонувам како раскажувам што сум сонувала, исто од претходниот сон.
Крипи ми стана, сосем исто сè. И тоа којзнае од кога не го имав сонувано ова. Сега дури малку беше upgraded и вовед сум смислила, добар заплет.
Официјално заврши сесија за мене, доста успешно помината! Ви посакувам и упех и на вас што сте при крај.
Првиот пат кога стапнав на овој остров живеев во близина на оваа црква. Тука немаше плажа па луѓето ги ставаа крпите на скалите и се бањаа во морето. Тука и е највисоката угорница која најчесто ја оговаравме со цимерите. Таа угорница ми го скратуваше воздухот повеќе пати, и од неа ослабев 10кг. Исто тука е и паркот каде навечер се собираа пензионерите,дотерани. Живот се викаше тоа. Денес, на истото место има плажа,во паркот повеќе ја нема кафе куќарката од која не мамеше мирисот на нутела палачинки и карамел кафе. Тоа беа ноќи за паметење и секако интернет конекцијата беше бесплатна.
Починал некој човек во градов, и кажува татко ми на мајка ми, и почнува да и објаснува кој е уствари човеков. И кажува на времето дека работел келнер во некој ресторан каде што оделе заедно кога дејтале, па на кој му е роднина, негова золва од братучед на татко била таа и таа.... Па раскажува за неа, па за братучед му, па за чичко од мајкина страна кој заминал на печалба во Америка. Зборува така 15 минути, приказна, по приказна, ниту знаеш каде почнал, ниту до каде стигнал... Мајка ми губи полека трпение и му вика незаинтересирано: - Не знам, не можам да се сетам. Да го видам вака човекот во град може ќе ми текне кој беше... И татко ми и вика: - Е како ќе го видиш кога ти кажувам дека човекот умрел.
Зошто на детето гениј не му следува парична награда ? А, може за ќерката на димитров 60.000€ стипендија во Холандија ...збориме за држава во која се вреднува вистинскиот квалитет !? РЕЗИЛ !
Демек било основец, а натпреварот било за средношколци. Ондак, кај е тогаш и тука законот да не дозволува основци да се натпреваруваат со средношколци? Или откако детево тогаш ги победило им текнало за правилата. После плачат зошто паметните деца киднуваат од државичево.
Скапан систем, распаднат, за'рѓан! Скапани луѓе, корупција со бесвест, одвратни полтрони одлучуваат. Да беше ќерче или синче на некои од политичкиве фаци одвратни, дуплирана ќе беше наградата. Гнаси
СдК- сакам фамилијата од Били да ме посвои на една недела. Умна ќе бидам, многу арч не праам- многу забавна фамилија.
Фала ти, Вишнави, на овој одличен документарец. се чувствувам привилегирано што имав шанса да се дружам со тебе https://youtube.com/playlist?list=PLRU9NIX0AA143z2QKukQcOqS96qriKGyw
Секогаш кога ќе го прочитам насловот на темата 'ми треба совет и мислење", прво помислувам : " како да не, ти требало" Значи присилна мисла ми е злочеста. И она " дали аум бремена" ? Јас во мозок " од каде пак сега ние да знаеме" На Ксену белјата сум
Како бе да уживам во овие демек најслатки 9 месеци? Како вулкан сум, не можам ни да спијам од мачнини. Подуена сум уште од сега, гасови ме убиваат, немам енергија за ништо, тешко ми е дури и да стојам, притисокот ми е гарант пренизок. Не можам ништо да јадам и пијам на раат. Глава ме боли, не можам да се напијам ништо за тоа. Анкциозност ме тресе, не можам да се напијам ништо за тоа. Како уживаат жени во периодов, КАКО?! А тек е почеток....
После 25тата година, навистина е тешко да се запознаат нови пријатели. До сите помлади девојки: дружете се, користете ја секоја можна шанса да запознавате луѓе, запишувајте се на активности каде се вклучени групи на луѓе... Верувајте, еден ден тоа многу ќе ви помогне.
07:30 Добро утро за мене! Се надевам денот ќе ми биде убав. Но, пола час подоцна веќе не ми е. Пак караници, нервози, пак пцуење во себе што уште си дозволувам да седам овде, пак плачење. Боли кога плачеш во себе. Кога им дозволуваш на солзите да излезат додека ти демек бараш нешто во плакарот, демек се бањаш пола саат, демек спиеш. Само така си се тркалаат, а ти ни А ни Б. Па одиш во вц, ставаш пудра и се молиш да не те приметат дека си плачела. Зошто не сакаш да покажеш дека си слаба. Не пред него. Иако ти е lifetime партнер, не го ни чувствуваш ко таков. И конечно остануваш сама и си доЗволуваш да се исплачеш на глас. 11:00 Ама сепак стискам заби и ќе си го направам денот убав. Си ја ставам насмевката, си ја средувам косата, се шминкам, си го земам детето и искачам. Јас сум жена, јас сум мајка. Кралица не сум. Доста ми е од претварања и секој ден е истата реченица како и денес " само уште денес". Зошто денес е мој ден. Нека ми е среќен роденденот