Можеби навистина не ве интересира, но на мачките им почна “љубовниот” период и мене нервите ми отидоа со нив заедно. Мјау мјау под прозорец, пар влечки летна, следно столната ламба или евентуално стол. Толку од мене.
Извини што природата е околу тебе, како можат да не знаат дека тебе те вознемирува, срам да им е, следниот пат и со маса да фрлиш, не само стол, како смеат да помислат да мјаунат под твој пресвет прозорец.
Ма кога си хронично неспиена со недели и конечно си пронашла време око да склопиш, а тие со денови се тука, можеби ќе размислуваш како мене, вака не сме на иста фреквенција за жал. А фрлањето на влечки, столна ламба и кога сме веќе тука и столот, беше саркастично кажано so calm down.
За столната ламба и за столот јасно ми е дека беше саркастично пошто знам дека нема да си уништиш мебел од дома, ама за фрлање со влечка гарантирам дека не е саркастично со оглед на тоа колку пати го имам видено од луѓе на кои им смета се што мрда. А дека не сме на иста фреквенција, да, во право си за тоа
Како треба да ја сфатам изјавата на личности кои ги сметав за едни од најдобри пријатели, дека веста за мојата бременост им предизвикала mixed feelings, а не радост?
Сабајле на радио да не кажаа среќна работна недела, немаше да знам дека е понеделник, е до толку немам осет за деновиве Да се надополнам, секој ден е океј и секој ден можеш да правиш се. Сосема ми е во ред да имам слободен ден викенд од работа или слободен ден од понеделник до петок, шознам...
Кога имаш проблеми со сон и најмал шум те буди сигурно ќе бидеш пресреќна и мачки да слушаш. Ама очигледно немаш.
Каков проблем и да имам со сон, нема ни да помислам, а не па да фрлам со влечки или столови, јас мислам човекот е поспособен за малку порационално размислување, ама може грешам, тоа тепање и фрлање е одлика на животни, тие одма се оддаваат на импулси, за нив тоа е нормално, си викам луѓето се валда поцивилизирани ама оставам простор дека можеби грешам. А сум видела и животни поцивилизирани од луѓе така да сигурно грешам.
Никој не рече дека ги утепала туку не смееш да фрлаш со ништо по никое живо суштество и точка. Таа пише дека фрлила со влечка, ќе фрли и со ламба и со стол и треба јас да претпоставам дека уствари не ги удрила туку фрлила само да се разбегаат. Зошто да претпоставувам кога таа го напиша тоа што го напиша и не е дека никогаш кај нас не сме виделе тепање на животни за да е толку неверојатно сценарио. Кога ќе фрлиш не можеш да си сигурен дека нема да го погодиш, а штом си дошол до момент да фрлиш значи не ти е гајле дали ќе го погодиш. Валда ќе дојде ден кај што ќе сфатите дека не може да кревате рака на она што е послабо од вас само пошто ви се може.
Нит сум мавнала до сега животно нит па ќе мавнам. Не сум се правела јака на послаб од мене. Не кажувај во мое име. Фала.
Не сум насилник не се грижи. Не малтретирам животинчиња и не планирам. Напоменав дека беше шега и кажано саркастично, поради фрустрациите што не можев да спијам. (Што значи не фрлив ни влечка )
Не кажувам во твое име туку едноставно ти реков дека не може да е преовеличување да си против тепање животни.