Се согласувам, јас познавам еден куп дебели девојки, ама знаат да се облечат, конкретно во случајов фустанот и е промашен, немам јас ништо против дебелина ама и за тоа има соодветно парче облека, впрочем пред некое време мислам се коментираше во модни критики дека не му стои на секој човек секое парче облека, а тоа се докажа! Поз
A кои се критериумите за тоа како треба да се облекуваат покрупните девојки?! Модните критики на форумов ли се репер за тоа како луѓето треба да се облекуваат?! Секој има право да си се носи како сака, а никој нема право да омаловажува некој врз основа на физички изглед. Површно и примитивно е. Одраз на простатилок.
Ивона едно време си постави цел да намали килограми, вежбаше, смени режим на исхрана. Штета што не беше истрајна.
У врска со темава што сте ја започнале, не ми изгледа грдо некоја девојка дебела, напротив се восхитувам на тие со вишок кг како се носат со тоа, како се дотеруваат. Но, ми боде во очи здравствена состојба. Не можам да се согласам дека дебелина е здрава за човекот. Па така, во ред е што се засакала самата себе и сите други со вишок кг треба да си се прифатат, но не и да останете со тоа туку и да работите на себе заради себе, не заради народот.
Блогерки. Со чест на исклучоци ама на прсти се бројат вистинските блогерки. Сето е ова инстаграмџики, желни за слава. Нема ништо лошо во тоа. Само да го работеа како што треба. Пошто само така е професија. Вака е само каталог на невкусна голотија и паричиња облека и накит. Евтини. Барем со квалитет за цена знам дела не се. Инфлуенсерките од мк не се ништо освен колаж од лоши бои и ретуширани фотографии. И да сите ги сакаат следачите, да не забориме. Ама само коа ќе пишат cuci najjaka si mi. Во спротивно се неандерталци кои живеат во пештера. А ретко која и знае како се враќа на соодветно на пораки и коментари. Затоа па никад нема да бидат професоналци, зашто пред сѐ се неписмени. Не е лага, не е клевета, “незнам сеуште сфаќа” имаат сите напишано. Освен ако бришеле отпосле. Ама и за тоа не се замараат. За крај, тие нема да постојат без следачи. Нема да имаат “сила” без толпата. Не придонесувајте кон тоа да имаат “сила”. Не ги следете, не учестувајте во евтините гивавејс и не се замарајте која што напраила. Само така и тогаш нема да бидат “битни”. Или да мислат дека се битни.
Секој има право да каже дали нешто му се свиѓа или не, па сега дали е тоа површно или простачко, малце е глупо да се дискутира, реалноста е таа, девојката не е грда, има харизма, ама стајлинг нула, фустанов небаре ќе пукне на неа изгледа како тесен да и е , позата уште помалце и ок е ако ти имаш друго мислење.
„Штета што не беше истрајна“, Ивона си постави нереална цел и јадеше многу строго и вежбаше два пати на ден, што просто не е ни возможно да биде истрајно. И психологијата вели дека после толкава рестрикција следи јо-јо ефект. Инаку на сликите е стварно преубава, грчка божица вајбс.
Who tf are you people? Ако она си го сака своето тело, такво какво што е, кој фактор сте вие да ви сметаат нејзините килограми? Тоа што вие сте искомплексирани до Бога и назад, тоа е лично ваш проблем. Лечете си ги своите комплекси и гледајте ја својата тежина, а не да си зимате за право да дрвите што личи што не личи.
Ние само си кажуваме наше индивидуално мислење имаме право на тоа, а таа и сите други сме си одговорни за нашето тело (by the way: што е претерано, претерано е)
Ја имаш грешно сфатено, поентата ѝ е баш тоа, дека сакала да носи нешто што цело време ѝ било срам или наметнато дека "не смее". И мене целата приказна дека сите сме лепотици во било која облека ми е малку смешна, ама па ако некоја сака да си носи одредено парче, која сум па јас неповикана да ѝ анализирам зошто не смее...
Па ти и не кажа баш дека не ти се свиѓа, туку кажа дека имала 300кг. Упорно акцентот го ставаш на тоа. А ја ти реков, фрли уште еден поглед на сликите и пробај да ја сфатиш поентата на девојчето. Упатува убава порака до многу девојчиња кои се соочуваат со сличен проблем.
Впрочем килограмите може да се и поради хормонални проблеми, ама ок битно ние имаме право да кажеме дека не ни се свиѓа. Тоа е круцијалната поента.
Се сеќавам кога бев малечка татко ми ме шеташе покрај Вардар, редовно со себе носеше листови бела хартија. Од таа хартија ми правеше бродчиња и ми дозволуваше да ги пуштам низ реката. Него го исполнуваше тишината и звукот на течението,а мене ме занимаваа хартиените бродчиња. Денес,20 години подоцна го видов тоа хартиено бродче изработено од друг материјал но сосема идентично ко моите. Некои деца навистина нема да ги видат вистинските вредности на детството.