Во последно време во општеството многу се форсира шаблон на тоа што е убаво,што е среќа,што е општествено прифатливо што не е. Некако се создаде рамка што секој од нас треба да ја исполнува да биде класифициран како ваков или онаков. Отворете само на првата страна на фејсбук и ќе видите дека сите така прогласени убавици се идентични една на друга. На ист начин се нашминкани,слично облечени,имаат иста поза,се форсираат исти црти на лицето,определена градба на тело и обавезно мазно мозоче без ниедна виуга во него. За сите овие е карактеристично што им треба туѓа потврда дека се на вистинскиот пат. Создаваат една лажна слика за себе,односно слика дека постојано се среќни.Јас,пример не ја сфаќам така среќата. И има денови кога сум среќна има денови кога не сум.Има денови кога кожата ми блеска и денови кога изгледам ко тутунов лист жолта. Некогаш сум на добро место со фамилијата,друштвото,некогаш сум едноставно малку оддалечена,не отуѓена ами оддалечена. И одеднаш отвараш ваква страница од која ѕиркаат еден куп слики на вечно среќни луѓе и ни создаваат лоша слика за самите нас ,пред самите нас. Читав пред некој ден на Инстаграм биле забранети слики од некоја жена што не се вклопувала во стереотипот на она што е убаво и со самото тоа дозволено да се гледа. Вака создаваме генерации на ранливи жени. Секојдневно гледам жени што се плашат да кажат дека успеале со умот,што се плашат од својот успех или што се доживуваат себе како натрапници или како да украле место на некој подобар од нив(најчесто маж)на работното место.Кога знам дека за тоа вредно работеле. Ама ете не секогаш се чувствуваат успешни на секаде и во се. И тоа не прави сите нас потиштени. Што не сфаќаме дека заслужуваме се иако не сме секогаш најдобри во се. Малце е излитено да се каже дека не постои совршенство,ама јас мислам дека секој може да се стреми да стане најдобар што може. Пред некое време прочитав една поговорка,дека еден цвет не се се натпреварува со другиот цвет до него,туку само процветува. Така и ние луѓето.Ако ја смалиме желбата за тоа да си создаваме нездрава конкуренција,ќе цветаме. При тоа,не велам дека некогаш конкуренцијата не е полезна и не води напред,туку дека знае и да не направи заслепени од тоа што е околу нас,наместо водени од нашата цел. Нешто најдобро што можеме да направиме за себе е да се фокусираме на позитивните работи на нас и во нас. И да се развиваме и растеме како личности на тој начин,растеретени од тоа што треба да исполниме како туѓо очекување. И како и за се друго и за самодовербата во животот ни треба труд.Мислам дека трудот е клучната состојка во се. Па и во достигнувањето на среќата. Имајте убав ден.
Единствено нешто подобро од колаче со карамел крем во ова време и грч леден чај се две колачиња и два чаја. I approve it!
Сега сфатив колку сум силна. Ја имам мајка ми. Друго ништо не ми треба. Додека ја имам неа јас сум најсилната и најсреќната личност. Ништо друго не ми треба. Таа е со мене. Само ми е жал кога плаче, срцето ми се ќине, не можам да ја гледам тажна. А не можам ни да и помогнам. Зошто животот е толку суров? За мене не барам ништо повеке, само сакам мајка ми да е среќна. Тоа ми е доволно.
Не ги рабирам бе биле само на Халкидики и Пиериа и им е преку глава од Грција! Стварно? Дека нема највеќе острови во Европа затоа е баш тапа и досадна Грција.
Сигорно ви е познат оној момент кога убаво ке излезете на слика и ајде автоматски следуваат уште слики Во потрага по уште по убава
Абе затоа одат и на други дестинации од зорт да се испекмезат, па после се јавуваат дома и кукаат дека е се прескапо. Имам таков случај од околина, да не именувам каде е. Се јавува, мамо тато тука и воздухот се плаќа, пратете повеќе пари и порано ќе си дојдам, ама не кажувајте на никого. Ама затоа се уби од ставање слики со опасни описи, а може само еден квалитетен оброк ќе истера, ќе стиска пари за некое покакано крстарење од 30 до 50 евра за да види повеќе, а како поевтина варијанта оти рент а карот е скап за да можеш квалитетно да го изживееш и доживееш местото. Мизериите на малиот човек. Битно да се каже еве кај сум бил...
Сдк човечноста не се мери со диплома... Со моите години и работа поминав многу градови и села. Влегов во луксузни куќи на бизнис мажи и жени во кои ќе влезеш а не знаеш од каде да излезеш. Пробав медитеранска, кинеска, ма каква не храна. Има едно делче кое не се мери со ова. Но, уште ми е во мислите гостопримството без дигање, без јас сум тој сум, без лигавење, докажување покажување.. Уште ми е во уста млекото тазе помолзено од тие стари но чисти раце. Уште ми е во уста гибаницата, тегнатото со пресна урда, уште ми е во мислите нејзината добра душа. Нејзиното гостопримство и од срце со многу љубов принесено на трпезата која не се мери ни со кралска. А бев само пролазни жеден патник кој побара ладна изворска вода. Не, не се мери со ниту една кујна... во тој скромен дом и корката леб ми беше вкусна. Не, не сум старо модна, само ценам човечност, а таа ја имаше и без диплома Немаше визит картичка но имаше насмевка која со пари не се купува. Таа ми подари неколку часовен рај а јас и подарив прегратка бакнеж во чело и ја избришав солзата која се стркала на нејзиното среќен пат чедо. Се друго материјално не е важно. И без визит картичка и помнам име, адреса и број, помнам како ја оставив со раката долго подигната додека мојот автомобил се скри во кривината. Задоволството беше мое
Озбилна жена од твоите мислења трепери секоја моја клетка. Ме восхитуваш, некогаш поради среќа, некогаш поради спонтаност, некаде од благодарност. Мислам дека ми стануваш некаков (позитивен) идол
A да се воведе некое правило на форумов да се пишува строго литуературно? Значи стварно постојат некој членови што упорно и упорно продолжуваат да си пишуваат на дијалекти,а притоа биле предупредени,ама со нивните здрвени и загреани мали главички така си продолжуваат. Јас разбирам дека им е потешко,ама нека се потрудат малку. За мене тоа е дел од кутлурата на еден човек или не знам така можеби сум го сфатила. Како и да е,не викам дека и јас сум совршена и јас правам грешки и сите правиме,ама треба малку да внимаваме. Можеби сум згрешила со испуштање на буквата М на крајот од зборот,или пак со додавање на Т на крајот од зборот,ама не никогаш не сум искористила пајца или пупуња. Глупости.
На сите што мрчат летно време и само исправаат кој што направил, што би рекла XstrongerX, get over it!
Во право си, ептен дипломата не е мерило, џабе е човек да ја има, ако не е човечен, може и 10 титули да има, џабе ќе му се.Тоа не е нешто што се здобива на факултет, човек или е човечен или не е. Секако е поважно духовното, отколку материјалното, само што денес светот е само кон материјалното насочен, заборавил на чувства и се, а заборава човек дека ни своето тело не го поседува, а не пак материјалното, па тоа да му е побитно од се.Можам да ја замислам убавината која си ја доживеала
Има личности од коишто нема да побараш ништо, а тие како порачани, во вистински момент ќе ти се појават и ќе те изненадат токму со нешто што одамна го сакаш. Е ништо не може да ти изнуди поширока насмевка од ваквите луѓенца! Милина!
Зошто колку и да се трудиш да не се караш, пак нешто ќе се случи за да се скараш. Сериозно, не е смешно. Ама веќе од толку карање со некои личности, многу ми смешно. Некој ќе рече дека не е тоа убаво што се смеам додека се карам и дека сум ненормална. И да, изрод сум. А најсмешно ми е што ја знам вистината и кога упорно ме лажат.
Го знаете она кога имате еден рој мисли во глава и еден тон реплики кои сакате да ги кажете ама кога доаѓа моментот не можете една реченица да сврзете бидејќи моментално ништо не ви текнува офф бе кога ќе ми се случи ова многу се нервирам, па нели женско сум не треба уста да можам да затворам
Скромно ќе заклучам дека Куманово убедливо е град со најмногу убави и згодни девојки. Какви Скопјанки, какви Битолчанки, какви Штипјанки, Струмичанки... Како што се убави кумановки, немаааааа!!! И драги жени дури се убедувате јавно по статуси дека тој ви е правиот и ве сака најмногу на свет, ене го го видов со една пиво пиеше. Ваљда братучетка му е од Неготино, пројдена низ Скопје за на одмор во Црна Гора, ништо страшно. Ја гушкаше и ја држеше за рака, прилично залепени еден до друг седеа ваљда многу се блиски од деца. Гуски сте бре. Гускииии недоквакани. Кого убедувате, себе или останатите? Ало, очи имаме па гледаме, дајте барем не се брукајте со статуси за вашата фаталност, опасност и единственост, незгодно ни е после у очи да ве гледаме. Ко што постои кич во мода и уметност, така постои и кич луѓе. Тоа ти се овој тип, што се урбано исшлифувани, се движат во познати кругови, но ја немаат општата оразованост, самодоверба, одмереност и воздржаност и пред се морал, а бога ми и лице. Тип со тон лажен сјај за единственост, потреба од тоа да се биде виден (како добро познатите ташни ЛВ кои сите ги знаат и сите ги имаат видено и сепак се одвратни), да се биде потврден, да се згази некој и да биде над некого. А всушност се срушени од внатре. Само искрено, им завидувам - на ме боли тасе философијата на живеење. Сакам и мене да ме боли тасе и да ме занима да седам во најцентралната маса на кафиќот иако не сум никоја и всушност не би имала што да кажам освен да се истјунирам и добро да изгледам.
Утре одам на одмор. И не можам да одлучам дали ми се оди или не. Од една страна, воопшто не поднесувам жештина. Уште сега се потам и можам да ја почувствувам песокта како ми ги гори нозете. А, и не сакам да го оставам. Што ќе прави тој без мене 4 дена? Кутриот. Ама, кога ќе си замислам како влегувам во морето и се ладам на жештинава... И, го обожавам она кога лебдам на тивкото море и се чувствувам толку... спокојно. Сакам да се нурнам во водата и да изгубам смисла за простор и време. Сакам да допливам најдалеку колку што можам, колку што ме држи силата. И тогаш да погледам назад кон копното кое ќе изгледа толку мало. И моите грижи и стравови да изгледаат исто толку мали и далечни... И зајдисонцето. Цврсто тврдам дека е најубаво на море. Кога веќе нема речиси никој на плажата, и сонцето полека си оди, а јас со мокра коса седам и ги слушам тивките бранови додека читам некоја добра книга... Тоа е за мене одмор. Се одлучив. Да. Ми се оди.