Во маркет пред некој ден: - Ај убавиот син на мајка, што да ми ти купам мајче, јаден си? Ајде сега ќе се вратам и ќе ти направам појадок. Инаку женава се обраќаше на 34 годишен син. Останав со подзината уста.
Овие пак насекое што спамираат дебела сум и се сакам себеси, се прифатив, бла бла, ми се на исто рамниште со оние што 24 саати спамираат како мора да сме со позитивни вајбс и насмевка од 6ка до 6ка. Не! Животот не е воопшто розов, ама во ред е и да сме тажни и анксиозни, не мора да се смееме нонстоп лажно за на инстаграм да задоволиме нечии очекувања Да! И јас сум дебела, и јас не сум се сакала низ мнооогу фази во животот, ама не, не е во ред да спамирам наоколу колку е тоа здраво и колку сум хепи Ако ништо друго имате тригер за хормоски нарушувања, болки во кичма и што не.... И мене лажно ме потапшале по рамо, ми рекле сакај се и слично, не си дебела, а од друга страна потоа истите тие кукале како се здебелиле 400 грама двојни аршини ту маааач така да, на никој не мора да му се докажувате и никој не го боли глава за вас
Накратко се што се форсира радикално не е воопшто во ред. Или ко шо викаат стари многу на арно, не е на арно.
Сакам да кажам дека ми се кака од наметнување стандарди за убавина. Нешто што е субјективно. Не знаев дека мора имаш ХХ килограми и специфициран изглед за да можеш да покажеш дека се сакаш себе си. Како ли се дрзнала да се слика јавно? Треба во пештера да се скрие додека општеството не реши дека може да се покаже во јавност. Во меѓувреме мора да и вршат притисок да ослабне. Пошто научно е докажано дека подобро се слабее под притисок и стрес, отколку со позитивна мотивација.
Сакам да кажам.... уствари да се пофалам. За некој кој јадеше над 300гр чоколада на ден, успеав 4 дена без благо!
Jaс мислам сите дебели што шират позитивни вибрации да ги ринеме со една лопата и сместиме во пештера. Дневно ќе ги ставиме на 5 литри вода и low - carb diet, четири години дур не ги изгубат тие +15, 30, 40 кг вишок. Е, после може да ги извадиме и овозможиме пристоен живот. Ама дур се дебели штрчат, и со своите хамбургери во стомак ја загрозуваат младината. Дури мислам да им дадеме избор. Да ги запалиме со нафталин или да ги примораме на диета. П.С. Сега се сетив дека може и во кафез да ги ставиме, и тоа со оној специјален вртелешки точак за заморчиња. Сигурно тоа би имало уште повеќе ефект.
Ах, колку фино и добродушно. Дури и избор да имаат. Јас ќе речев без избор да е. Нема демократија за такви.
Јас никогаш не можам да ги разберам оние што не сфаќаат сарказам. Единствено објаснување ми е дека барат само причина да се лутат и карат.
Види, убаво е без благо, ама за стрвна газица како мене... И тие денови многу ми беа. Ете сега се восхитувам на убавите обланди, ќе ти речев изволте ама кога веќе си решена, со среќа.
Направи си челинџ 30 дена без благо . Мене сестра ми ми кажа знам дека не можам без благо 30 дена, мене толку ми требаше да и докажам. Сега 23 дена сум веќе без благо .