Па комшијата во Мкд чуваше шарпланинци. Од нивното завивање не спиеше никој,особено навечер преку лето по цели ноќи. После неколку интервирања мораа да му стават тоа заштита на уста, да не отвора уста навечер. Многу беа брљави, еднаш седам на тараса комшијава го полеваше дворот и кучево му го гризеше цревото. Ама страв у коски имаа луѓево кога треба да се помине покрај таа куќа оти секој шум,секој чекор го осеќаа они и нивното прво лаење знае да те преплаши.
Затоа реков, кој знае-знае. Мечка страв, шарпланинец не-страв. @Ugly Duckling те ис-сталкав да видам пес. Не знаев дека зајакот го викаш Пес
Нас нè учеа да ако насетам опасност од куче се наведнам ѓоа камен земам, па да се заплаши и избега. И успеваше, само мало наведнување и кучето збришка. Е сега , јас од куче никогаш не насетувам опасност, па така кога и да сретнам куче по пат, си праам муабет со него Еднаш едно ми 'рчеше, јас со муабет си го стишив Инаку, кучињата ги сакам повеќе од некои личности и дефинитивно повеќе им верувам. Поговорката правилно би гласела- "На куче не се верува, ама на човек па воопшто"
Не се надевав на толку одговори, но сепак ми е драго кога гледам дека моите постови се читани. Мислам дека повеќето што одговоривте имате соодветна тема, па таму можете да искажете став и мислење.
Не се плаши тој од мали кучиња, муабети се. Ме тераш 650 мислења да пишам, отвораш работа за бришење. Спојлер: Пес
Пред да се откажеш, запрашај се дали си видовита. Доколку не си, веројатноста да одат нештата во твоја полза е голема. Но, за да станеш, треба прво да паднеш. А кога паѓаш, стануваш искусен и мудар, сепак благодетите ќе ги почуствуваш тек кога ти ќе решиш станеш. Ништо не е тешко, ништо не е лесно. Храброста ја дава рамнотежата помеѓу двете. Да фак Грим, оди спиј....
Знам дека има посебни теми за донации, но оваа тема е доста активна. доколку сте во можност би ве замолила да донира, кој колку има. Фала ви. П.с се работи за пријател
Пси не ми се прв избор за миленик ама имам апсолутна доверба во Пес кога веќе сум решила да го земам и воспитам. Кога му давам апој раката в уста му ја пикам. Не му ни текнува да стегни. Кога ќе касни нешто шо не треба и нема да ме слушни кај шо му викам да плукни, пак, му го вадам со рака од уста. И не можи некој да ми речи дека не можам да имам доверба во него ко функционираме ко едно. Куче шо напаѓа сем ако не е природно диво, шо најчесто то е должност на општината да го среди, е такво ради насилство праено врз него. Клоцање, шуткање, удирање. И во иднина на нагли покрети од луѓе - реагираат агресивно и ревносно. На зима се плус гладни. Пак, и то е одговорност на општината, ама да си вршеше работата немаше пак темава да ја глабиме по 1000ти пат. Така да фрлете корка леб дур шетате. Зошто? Прво за вас. Од себични причини. Кучиња на кои ќе фрлате храна ве познаваат и знат дека немате лоши намери кон нив и ќе се радуваат кога ве гледаат. И така сте заштитени. Ова го практикувам со години. Ради ова причина. Функционира. Втората причина е ако ете, сакате да помогните на бездомно животно. Дур сум на тема насилство врз животни, пред години земав една трудна кучка од улица. Фрлена испадна да е ради трудноќата. Ја земав и роди 5 кучиња шо ѝ беше страв некој да ги фати. Ако напраев нагло движење легнуваше на земја и квичеше, а ако беше во близина куќарката се пикаше внатре. Не почна да лае се до последните деној шо беше кај мене, пошто ја вдомивме и неа и малечките покасно во близина. Глас не пушташе шо дур на вет се јавив дали е нормално. Не беше нормално лмао. Ама кога и да наминам да видам како е, среќна сум да ја видам среќна и опуштена и глас пушта! И скока! Впрочем и Пес ко го земав цела недела го лажев со храна да дојди блиску и се плашеше од мене и пробваше да касни, колку шо можеше со игличките тогашни, оти се плашеше. После почнавме да градиме однос заедно на доверба и ете кај сме денес. Поентата на се ова шо го пишам е, најчесто причина за насилство од кучиња е претходно насилство врз кучиња. Масовно труење не е решение. Ова тема ја збораме секоја зима и ете, можите од година до година да видите локалните власти во вашиот регион колку ги засега да напрат нешто. Ама со онакви гнасни видеа, не придонесувате ништо сем некој психопат да оди и да убива пак, да вдахнувате страв на поќе луѓе шо ќе шуткат животни и така кругот да се зацврстува место да се крши. И пошто мислењето го почнав со Пес, да продолжам за него. Апсолутно би оставила да седи и ми чува дете кога би имала. Едино нокти ќе му сечам пошто на љубовта сака да гушка. Додуша мачорите кога беа бебиња беше ептен нежен. Лежеше до нив. Само со муцка нежно ги душкаше и лижеше. Околу нив газеше како на јајца. Кога пораснаа ги гушкаше ама не на сила да му влези ама ко ќе дојдат. Без страв го оставам со мачките и многу често спијат заедно и играт заедно иако е кузнај колку пати поголем од нив. Додуша и мачорите би оставила со дете. Висока толеранција имаат за деца шо дури ме изненадија последно кога со комшивчето седеа мирни, а та душа му вадеше. А јас на штрек бев да не изгребат детето. И за крај. Секој живот е вреден. Нема човек > животно или животно > човек. Крај краева и ние сме животни само ете, сакаме да мислиме дека сме нешто поважни. И ние, и другите животни се раѓаме, имаме мајки, цицачите- цицаме, растиме, се париме, растиме потомство, умираме. Или сме убиени. Зависи лмао. Не можи еден живот, генерално гледано, да вреди повеќе од друг живот. Е сега субјективно, да. Мене поважни луѓе и животни ми се непосредното опкружување, за разлика од други луѓе и други животни. Генерално, не можи да се поважни. Ама за мене, се најважни па после нив идат сите останати. Ако мислите на то ко ќе прајте споредби, океј. Сфаќам. И за вистински крај, еве слика од среќно куче. Не за друго. Компензирам за видеата.
Само мене ми изгледа дека на видеото кучето немаше намера да нападне? Си одеше нормално, почна да напаѓа во моментот кога тргнаа да бегаат и да викаат.Така реагираат кучињата, сигурно тоа се исплашило од нив и се брани со напад.И моето куче кога се шетаме ме влече по луѓе од причина што сака да ги душне и им се радува, а да лае на друг човек се има десено само ако некој и се издере или ја брка.Да нападне не верувам, мало е, ама сигурна сум дека осеќа закана па реагира соодветно. Сакам да кажам, не мислам дека е во ред што се нападнати, деца се и греота се...ама да бидеме реални, во над 90% од случаите на напади кучето е на некој начин испровоцирано, многу ретко од чиста мира да му текне да убие.
Сакам да имам работа што кога ќе излезам од таму, толку, а не дома да се спремам 5 саати за работа Ај добар ден
Ја утнаа прогнозата денес. Во 6.00 станав, надвор на терасата имам термометар, беше само -5. На планина можеби било -15
СДК пред скоро 58 години, Валентина беше прва жена во вселената. Денес, по скоро 58 години подоцна, Валентина е длабоко влезена во политика, а ние се занимаваме со инста достигнувањата на локални и глобални ,,тренд-сетерки,,.