Незнам за вас али мене недела ми е многу депресивен ден, а за жал се погодува секоја недела да ја поминам дома и мислите ме напаѓаат страшно.
Кога бев средно ми беше депресивен дека утре понеделник и толку, викендот завршил... Сега не го гледам така, па мислам се е до мајндсетот. Како ден за одмор ми е. Најтивок ден, најмалку гужви во сообраќај... Излези си, прошетај некое кругче низ маало, ќе ти дојде одма подобро или испиј си кафе на тераса на сонцево. Прави активности што ги сакаш во недела и ќе го засакаш и денот. Некако програмирани сме од мали, уште во градинка кога сме, дека во недела се чисти, дома се седи, се спремаме за понеделник и затоа на многу и ни е омразен.
Изгледа само мене недела како ден ми е overwhelming, од сабајле иако рано станата не знам што попрво да направам дали да правам доручек, кафе,сок... па дали прво да фатам за зачистам, машина да пуштам или да се спремам за шетање. Откако ќе прошетаме брзам ручек да спремам, па да довршам со машини или средување кујна. Попладне доаѓа време за бањање дете, себе... па пак време за вечера, легнување. Во денот некако толку многу очекувања и задачи си задавам што на крај сум најуморна од цела недела и безвезе ако нешто не стигнам на направам. Не знам зошто толку притисок си правам неделата да ја искористиме максимално кога многу стрес ми создава вајда вака ова што го напишав ќе ми биде потсетник за наредна недела да си пружам одмор
Тука се пронаоѓам и јас, толку сакам да прошетаме со децата, но обично цел ден чистам, перам, пеглам и на крај ако не довршам све, се нервирам
Секој балкански татко кога гледа вести: ти вели „Ќути, ќути“ и го крева показалецот нагоре додека хипнотизирано гледа во телевизорот, а буквално ништо друго не правиш освен што дишеш.
Многу ме нервира кога ќе пишам на некој и се прави дека нема видено, а на месенџер е active now, незнам што глумат со тоа навистина не ми се јасни, па или врати или не враќај а не после 5 часа боже боже инскомплексирани луѓе..
Ако ти е утеха другарка ми е active now и дур спие. Оти остава отворен таб или во позадина апликацијата шојазнам ама нема ситуација кога не е приклучена дури и кога не е вистински приклучена.
Долго време работев онака баш напорно. Без одмор, во недели, пропуштив доста дешавки зошто работата ми беше најбитна. Не е физички тешка работата, па мислев дека не може ништо лошо да излезе од тоа. Не одев ни на одмори, освен на семинари и обуки поврзани со работа. Од јутра до сутра работев. Не можев да поднесам да зависам од некого. Сакав се и сакав одма. А човек се лаже. Си приуштив се што некогаш сум сакала да имам. Само мое. Јас да сум го заработила. Се преоптеретив со тоа да направам пари, да купам добра кола, телефони, да живеам во убава куќа. Ама во тој труд се заборавив себе. Си го зезнав здравјето, си ја доведов кичмата до тој степен да ми е лошо, што нема шанса да се среди. Може, само со ризична операција. Од кичмата се зафати ногата. Болки имам па 24/7. Сега се мислам пред се како ќе ја поднесам бременоста, а после како ќе бидам способна тоа дете да го гледам. Ќе можам ли да правам со него се она што една мајка треба да прави? Ќе му бидам ли добра мајка? Ако се наведнам, не можам да се исправам. Ми се кочи кичма и нозе. Само пукаат делови. Не вредат парите. Иако уживам во тоа што го имам, можев јас да го имам само повеќе време ќе ми требаше да заработам, да не се напнував. Не требаше толку да се форсирам. Ама не требаше...минато време.
Од сите што си отидоа и ме оставиле скроз, остана само една нај вредна во мојот живот што не другарка, него поточно кажано сестра @buba4e89 Никогаш не ме остави, секогаш беше тука кога највеке ми требаше во животот, и во тешко и лошо, и во добро. Ти благодарам што си секогаш тука за мене, и знај дека сестра имаш засекогаш до тебе и за тебе те сакам највеке
Еве една убава вест: Од крајот на март 2021 (Пошта Скопје 1 и 2 веќе од 1.март) во пошта повторно ќе можат да се плаќаат сметки. Тоа ќе допринесе кон намалување на гужвите во банките. Честитки!
Денес е тој ден кога не сакам никој да ме замара времево е баш убаво за блузичка со кратки ракавчиња, но не иде тоа така мора да се маправи и некоја сликичка за на инста
Многу ми е смешно кога ќе отворам во темите за магии и ќе видам коментар од типот ама 21 век ее како уште верувате во вакви работи, а истите автори на коментарот следниот момент бараат совет дали тие како родени во октомври си одговараат со дечкото роден во март.
оти навреда, баш убаво. Подобро да ти речат дека изгледаш помладо отколку постаро. Страшно е колку 16-17 годишни девојчиња се прават како некои тетки да се.