Јас веќе имам одбрано од пред солидни 5 години. Сакам уникатни имиња кои ретко ги има, и знаат неколку лица за името, ги интересирало па сум кажала. Ама на други не кажувам, случајно да не ми ја украдат идејата.
И ние исто со дм коа ни беше досадно си баравме имиња за децата кои ни се у план за 10+ години . Си најдов едно женско име што особено ми се допаѓа и си го криеме од сите, одамна не сум го слушнала некаде. Дури толку ми се свиѓа шо му реков на дм и да не сум со тебе така ќе ми се вика детето и крај, моја идеја си беше.
Постојано ми се случува. Во екстремни случаи ми даваат и 10 години помалку од тоа што имам Порано си го сфаќав како навреда и јас искрено, ама како што поминуваат годините ми е се' помило да го слушам тоа.
Кога ќе отидевме на одмор кога бев помала и кога ќе запознаев странчиња, скоро секоја година исто сценарио. Мојот мозок: Немој пак, жити се немој и оваа година.....оп еве ја. Јас: Do you want to speak macedonian? This is how you say... Едвај чекав да налетам на некои дечиња ко мене и да ги учам, а и они мене да ме запознаат со нивниот јазик .
Читав една статија за тоа како луѓето се „привлечени“ или „комуницираат“ со луѓе кои имаат исти проблеми, или сличен поглед на свет, или слични доживувања. Наводно, човекот со тоа што им помага/комуницира на /со другите си помага/комуницира со себеси... Се прашувам...Зарем ВИСТИНСКАТА комуникација НЕ Е кога комуницираме, сме заинтересирани, сме „привлечени“ од некој што е навистина РАЗЛИЧЕН од НАС? Кога не е САМОИМПОНИРАЊЕ преку наоѓање на сличностите? Така, комуникацијата нема да биде само наша проекција во другиот, јас помагам, или комунициран со тој некој/таа некоја за ИНДИРЕКТНО да си помогнам на себеси, ТУКУ едноставно да бидам ПОВЕЌЕ од тоа што СУМ сега! Каква е таа НАУКА што не излегува од кругот на сличното, истото и себегледањето во другиот? Што се случува едноставно со човечноста и човечкото? Кој е тој што ќе ми каже дека не може да го сакам, почитувам, да му посветам енормно големо време и внимание на некој што е навистина различен од мене, и каде завршува сличното, а каде почнува не-сличното всушност?
А на колешките твои ако не им купат леб,гладни ќе останат А камоли сами ако треба јадење да си направат е тогаш црева ќе свират Ти се смеат за нешто што не се способни да го направат и мислат дека е смешно и срамно тоа што го правиш. Јас се извинувам на колешките на Гирл Подобро леб на работа за дома,одколку цуцла а можеби уште се на мајчино млеко Уште еднаш се извинувамако се пронајде некоја Цуцла гратис имаат од мене
Често се случува да ми дадат помалку години и не ми смета. @GirlLove , @"Zoki" Јас на факултет слушав вакви коментари.Најсмешни ми беа кога беа од луѓе кои не знаат ни јајца да испржат.
Смешно ми е. Хахахахаха немом поќе. Зборувам со едни особи, едната е медицинско лице. Стана збор за анестезиолог. Обичен болничар можел да стане тоа. Многу било лесно. Секој можел да стане 3 години учеш и ете така. Не се разбирам книги во медицина. Ама ова ми беше смешка на денот
Ми иди да заплачам Денес многу глупо се осетив кога ја вклучив камерата за да одговарам сметководство. Ништо не знаев буквално ништо, а вчера толку многу се спремав и бубав цел ден и пред да одговарам си прочитав молитваа но се беше џабе... Ми се плаче не затоа што не одговорив на прапањата туку затоа што очекував премногу но не добив ништо...
Тоа е поентата, очекувањата. Кога одговараш не очекувај многу. А иначе те фатило трема, не е страшно наредна прилика само храбро.
Ти благодарам душо Да ме фати трема и тоа многу, зошто од почетокот на годината, втор пат му одговарам и не сум навикната на тој профф...
Ти ќе се смееш и другите ќе се смејат од твоето смеење И сите ќе бидете поопуштени! Како нема да функционира?