Честит празник девојки и жени! На сите, освен на вас што 8ми март ви е само клише ден за кој секако ништо не знаете, а остатокот од годината фрлате со дрва и камења по секоја друга. Мене другарка ми ми рече зошто сум и' честитала кога уште не сме жени. Ајде за многу години
Нормално, за да бидеш жена, треба да бидеш оМаЖена. Никогаш не ми текнало вака да гледам на работите, види колку очи може форум да ти отвори Мислам по повод денот на жената, конечно да си купам робот, па да кренам нозе на клуб масичка и да бидеме сите по дома еднакви. Тоа беше од фалбите, ништо немам за честитање денес.
Ко бев тин ептен јанза ме јадеше дека ќе сум стара ко ќе стигнам да се наречам жена. Ама бар пораснав и видов дека не боли.
Утрово видов деденце како купуваше ружа за бабичката. Ми го направи денот кога почна да го мириса. Ме виде и ме праша дали е убаво, му реков дека е совршено, солзи радосници му потекоа. Среќен празник девојки, жени, мајки, кралици.
Среќен празник девојки, жени, мајки, баби.. Бидете ценети и сакани секој ден и да се подржуваме меѓусебно. Не дозволувајте на никој да ви каже дека сте слаби, бидејќи сте жена! Да се избориме за немоќните девојки и жени, за оние што сеуште трпат семејно насилство, оние што сеуште се потценети од страна на мажите, за оние на кои "местото им е во кујна" и "да ги чуваат децата". Неверно е уште, во 21 век, да мораме да се бориме за правата на жената, бидејќи живееме во општество, каде што е опасно, да бидеш жена, да шеташ сама доцна во ноќта, каде што е опасно да се качеш во такси сама. Живееме сеуште во време каде што рандом девојка на улица е наречена ку*ва, бидејќи носи шорцеви или деколте. Живееме сеуште во време, каде не смееш да ставиш слика во бикини на социјалните мрежи, бидејќи некој психопат ќе ја искористи сликата во Јавна Соба. Долга е листата.. Не! Не сакам ни цвеќе, ни чоколадо за празникот. Сакам еднакви права како мажите. Сакам слобода, да немам страв, дали некој ќе ме следи до дома. Среќен 8-ми Март.
И овој 8ми март ќе го обележам симболично, во кругот на фемина, со добро познатиот термин -курва-. Ај лав курви! Курва е колешката што сигурно се “онадела“ со шефот за подобро работно место или поголема плата. Како не, работела повеќе, се знае жена како ќе стигне до покачување.. Курва е бившата што нашла нов дечко. Па и да не нашла. Курва е комшиката што се враќа доцна од излегување, или божесачувај рано насабајле. Курва е зошто носи кратко. И зошто носи долго понекогаш е курва. Како ли се осмелува да има повеќе партнери во животот, сигурно е курва. Разведена? Ауу каква курва. И силувана ако е, најверојатно е курва. Курва е и швалерката, ама никако неверниот сопруг. Курва е учителката што му ставила кец на малиот. Продавачката у маркет што не била насмеана. Курва е затоа што не е религиозна. И затоа што ги зголемила малку усните, се знае кој сака поголеми усни. А уште поголема курва е и градите ако ги зголемила. Курва е затоа што не ги чува децата, мажот ли чека да и ги чува?! Курва сум јас, курви сме сите жени, кога и да е, ќе не стигне налепницата. Од женска уста, од машка уста, да се обележи, да се оцрни, да се одмогне. Се, за да се притисне жената во патријархалниот систем. Кој ѕирка надвор од кутијата, курва е. А најголеми курви се секако феминистките. И така, помеѓу тавите за палачинки, сталажите за тоалет, депилаторите и букетите, ќе најдеш некоја ситница, за онаа курвата... Честит нека ни е. Бајт ми!
Само мене ми е ужасна фраза ова "жени, мајки, кралици"? Не знам зошто ама ми асоцира на некоја теткинска кафана по повод 8ми март со КоЛеГиНиЦиТе. Да, штрумф мрчало сум некогаш.
На вести кажуваат инспекција открила свадба во тетовско, вчера вечерта, со над 100гости. Вика се олабавиле во тетовско, а дали беа стегнати, воопшто?
Секој ден треба да е ден на жената, а не само денеска полни цвеќари. Секој ден да добиваат жените внимание како денеска. Се надевам на поголеми права во иднина, доста беа дискриминации, посебно доста демначи и сите жени курви! Честит празник
Еден мал ама убав ритуал на денешниот празник беше традиционалната порака од @Yipman2 за 8 март. Можеби уште е рано, знам и дека не е толку активен, само сакав да прашам, треба да сум загрижена што го нема?