Девојки и жени, ние не сме послаб пол! Колку што сме нежни, толку сме и силни, сочувствителни, убави, уникатни, моќни, амбициозни, храбри и борбени! На мажите им е тешко да си ги завршат своите обврски во домот, кукаат ако треба ѓубре да фрлат или нешто друго да направат, гадно им е пелена на свое дете да сменат, се правдаат како тие не знаат како треба, тешко им е своето дете да го нахранат, пресоблечат и почуваат. Со 37º температура болни легнуваат чиниш во секој момент готово ќе умрат. Фатени за сукњата на мама, мама знае најдобро, мама секогаш е во право, не знаат да застанат во заштита и одбрана на својата жена. Со чест на исклучоци. Ама мажите не се посилниот пол, ние жените сме! 9 месеци да го носиш детето во стомак, да го раѓаш со саати, да го доиш и храниш и да се грижиш да биде секогаш чисто, здраво, воспитано, одозгора да се грижиш за цело домаќинство, дури и кога си болна, да одиш на работа, епа драги мои таа моќ ја имаме само ние жените. Среќен 8 Март Бидете секој ден сакани и почитувани, не дозволувајте денес да ви мачкаат очи со цвеќиња, чоколади и слични подароци Не трпете психичко и физичко насилство, не дозволувајте да бидете нечии робови, пријавете, не се плашете. Не премижувајте кога гледате црвени знаменца во вашата врска, ставете крај на таквата врска колку и да сте заљубени и колку и да ви изгледа тешко во тој момент. Мирот, слободата и личната среќа немаат цена, нека не ви пропаѓа животот во токсична врска во која само болест можете да си навлечете. Ценете си го своето знаење, вложен труд и не дозволувајте да бидете искористени од работодавачите, не прифаќајте ништо помалку од тоа што го заслужувате. Освен плата, секогаш барајте да бидете здравствено и пензиски осигурани. Секој ден е важен, за на старост да можете пензија да остварите, да имате свој денар во џеб и на стари години, за од никој да не зависите. Бидете секогаш мудри, храбри, гласни и борбени кога се во прашање нашите права
Од среда мислам дека прочитав. Не спремаат за велигден да не затворат како лани па да не ни дојде како шок вака полека постепено
Се сеќавам во основно, кога купувавме поклонче за учителката, па една мајка сакаше да купи чантичка од Авон, другата сакаше часовник и на крај испаѓаше поделени во два табори да се купуваат два различни поклони. Па на картичка ќе напишеа од точно кои деца е поклонот. Имаше и закани од типот: нема да те напишиме на картичката ако не дајш пари. И тоа не се', покрај двата поклони ќе се најдеше некој најпаметен, да однеси самостојно и трет, четврт поклон. Поентата ми е дека никогаш, никој не застанал да ни објасни како на деца за што е празникот и се' се сведуваше на поклон. Многу години подоцна Инстаграм ми е полн со ружи, букети, а пред 20тина дена кога се случуваше јавна соба истите луѓе ги немаше никаде. Уствари ги имаше, пишеа хехе коментари. Не сакам да мрчам, не ми е поентата да навредам некој ниту да забегам од поентата на празникот, само ме нервира кога се сфаќаат површно работите. Друго кое размислував е дека последната година сум депримирана, тапкам во место додека другите завршиле факултет, нашле работа, се омажиле/ожениле, добиле дете, се изнашетале (не љубоморам). Меѓутоа имало нешто кое никогаш не сум забележала дека е променето на подобро - мајндсетот. Пред неколку години можеби и јас спаѓав во тие кои велат не сум жена. Не се срамам, важно ми е дека сум се променила. И фала на синдикатот за антиперспирантчето и сапунчето, фала на партиите што многу ги ценат жените и се борат за правда, фала на сите мажи шо честитаа празник со селфи (најубај сте, кис) фала за попустите на тави и тенџериња, фала на некои невладини шо први се за слика со цвеќе да објават ама ги нема при реален проблем и фала за сите цепка слики навидум наивни, но служат само за омаловажување на жената. Не! Честит празник, мило ми е што на форумот ве има поосвестени ЧОЕЦИ. Заслужни сте за многу промени во животот на многу жени кои добиле поддршка иако анонимна, кога никој не бил до нив.
Денес имав една сугестија од една колешка, требело профилната на фб да ми биде со мажот односно фамилијарна.... ех што ум ке беше и велам, како ти текна?
Да од среда рекоа, а иначе и лани исто вака направија ако се секаваш пред велигден ставија полициски час исто. А така и ке биде осекам...
Ако пола од овие на фб знаат што слават денес, еве.. Честит празник жени, имаме уште многу од борбата..
Ужасно ме нервира изразот ,,ми го направи денот''... Очигледно е буквален превод од англискиот, и сè почесто се користи кај нас. Едноставно кажи си ,,ми го разубави денот'' или некое друго решение, аман многу вештачки звучи, шо знам...
Ќе може ли луѓе околу мене да не ми честитаат 8ми март, не можам да го прифатам фактот дека некој ме гледа како возрасна девојка, во главата сум уште дете која треба честитка да направи за мама со сипки и строфа „Мајка е целиот мој свет / таа е убава како цвет.“
Групите на фб преплавени со прашања “што цвеќе е и како да го одгледувам?” Е дотолку е искомерцијализиран празникот што ти подаруваат нешто ради реда, пошо “така треба”. Иако појма немаш од цвеќиња, иако можеби не си љубител на цвеќиња, битно да се подари цвеќе. Ако го даваш во знак на внимание, подари една ружа или скромно букетче кое може едноставно да се стави во вазна, ама неее, тие зеле саксиски цвеќиња кои ќе стојат во некој ќош и ќе се исушат и побрзо од букетчето поради неправилна нега. Подарок како знак на внимание е нешто кое личноста го сака или ѝ се допаѓа, не нешто кое го налага мнозинството. Не можеш да ми подариш папагал ако се плашам од птици и да очекуваш да се радувам. Исто и за цвеќето во саксија.
Ми треба одреден период да си ги средам мислите, бидејќи целиот живот ми зависи од тоа како ќе го изведам ова. А времето не стои, нема мене да ме чека, луѓето па ич. Само се надевам дека ќе го изберам правиот пат и дека некој ќе застане покрај мене да ме штити, бидејќи сама не можам.
И јас са читам и се смеам. Само шо потврди дека црешка е во право. Али и егото ви е кревко. Само то ќе додам. Пички вика бе. Со кое право и во која конотација?
Утрово додека одев на работа видов група дечиња како си играат брканица, 7 годишна возраст беа некаде. И едното се дереше - Ела ваму куре некое да видиш кога ќе те фатам. На крајот си споделија некои сликички. Стоев од страна додека купував појадок и ги набљудував, ми украдоа насмевка и за момент се сетив на моето детство. Прекрасен почеток на денот.
Јас па ете повеќе сакам цвеќе во саксија што ќе го одржавам, отколку ружа што ќе ми скапе за неколку дена. Никој научен не се родил за апсолутно се, нормално е да се праша.
Воошто не ми се јасни луѓе што земаат куче само за да го остават само на себе.Што ако е во двор кучето кога со месеци нема излезено надвор од него, улицата ја нема видено.Или оние што ги чуваат на ланец, тоа уште полошо за кутрото животно.Живи суштства се, не можеш да ги земеш за свое задоволство и да го затвориш во кафез.
Ма има и такви што ги пуштаат сами да се шетаат низ маало. Животно не е за секого, ама на децТа им било мерак, па они ради нив само го земале.
Имам комшија што има куче кое нон стоп е врзано во боксот и од јутра до сутра лае. Срце ми се крше кога го слушам така како цвили натажено. Последен пат не памтам кога го има пуштено. И кога ќе го пушти, тоа е 5 минути 10 преку сила. Мислев да им позвонам малку да ги прашам што е проблемот, па ако можам и јас да го прошетам, греота е, ама не сме во добри односи. Не знам.