И јас и јас!! Автоматски ми излегуваат нотификации!! Еден период секој втори ден, паметам еднаш некоја група "жени во охрид" 10 пати стиснав откажи ама упорни беа, секој втори ден ме додаваа и ми излегуваат глупости што не сум заинтересирана да читам. Барав да ја блокирам групава. Исто и по други групи ме додавале. Зошто не знам. Ама не сакам, ниту сум заинтересирана. После тоа следуваат реклами, анкети, цел ѕид преплавен со реклами и глупости... Многу пати ретко ретко уклучувам фб баш од што нема што да видам освен се што не ме интересира.
Јас да ти кажам ради ова престанав да користам фб. Пола тупеа со политика, пола со женски домаќински. И си реков еден ден што правам јас овде
Вчера си го замислив денешниот ден ... Најпрво си реков дека ќе изнаспијам убаво да се разбудам без аларм демек викенд , да си имам ден за третмани , да си ја направам косата таласеста , да излезам со друштво на пешачење па на вечера со мм... А денес ... станав рано со глупав страв што самата си го филмам , еве веќе 5 часа очи ми паѓаат а имам две кафиња до сега испиено ... седам по пиџами ... го гледам огромниот хаос на маса и со секој поглед очекувам сами да почнат да се тргаат Размислувам дали да си легнам и да го преспијам овој ден или не ...
2 години од денот кога за малку ќе го изгубев животот. Ми се јави "цимерот" со кој ја делевме заедно собата и ме гледаше како татко таму. Мал гест од негова страна, многу голем за мене.
Са ми текна дека имав јак сон и оти станвам дур спијам, ги запишвам во ноутс на телефон па си прилегнувам. И сега пресреќна отворам ноутс и нема. На сон сум го запишала сонот шо го сонвав. Памтам само дека беше уште една апокалипса и тажна сум оти не знам каква беше точно. Инаку "апокалипса" ми е честа тема на сонојте. Само една имам преживеано од тие шо ги памтам и сите се случват на различен начин. Сакам да вервам дека постои мултиверзум и полека сите се уништват и различни јас умират ( сем една за сега). #делодсветотнадемон
Колку и да ја редам и прередувам сложувалката на мојата среќа, едно делче секогаш ќе фали. Пропуштена можност што нема да се врати... Мојата единствена причина за да се каам што не направив ништо кога можев. Сега е залудно.
Познато ви е она, кога пробуваш кошула (во мојов случај 15 кошули), ја запетлуваш и се гледаш во огледало како ти стои. Раце-одлично, струк-перфекција, рамена-мераци. И таму кај градите меѓу двете соседни копчиња спремни да летнат и некому очи да истераат, приметуваш дупка. Е ко таа дупката ми е животов.
Министерот Николовски денес изјави дека заплениле ПУТЕР со поминат рок на употреба. Нема лабаво, браво
Имам периоди кога не сум на диета, ми се јади навечер во 22ч, ама наместо да си вечерам нешто калорично, бирам нешто помалку калорично или се воздржувам од јадење. И од друга страна имам периоди кога сум на диета, ми се јади навечер во 22ч, ама наместо да вечерам нешто помалку калорично или да се воздржам од јадење, јадам сендвич, чоколадо, смоки, чипс, све и свашта. Наравоучение: не сум веќе на диета.
Среќен празник. Сакам да го честитам така шо ќе охрабрам сите заедно да се извинваме кога грешиме, без разлика на годините. Да простуваме кога можиме. Подобро не простено него лажно простено и префрлано 100 пати во иднина. Убав потсетник е денес. Амкајте са.
Разликата помеѓу поранешните Македонски народни приказни и овие сега, е во то што јас порано им верував. Толку беа добро изглумени, исценирани и доловени, што ќе си помислиш дека навистина се случило тоа некогаш. Новиве не ми ја будат таа помисла.