Дојам , претходно трудна бев. Во цела бременост еднаш запалив. Сега не можам ич... А сакам Амааа нема не не
Има луѓе што остануваат позитивни и силни, без разлика што им се случува во животот. Неисцрпна енергија имаат, незапирливи се. Среќа е да ги имаш во животот, поклон за сите нив.
Дали некој може да стави линк од петицијата за жената на која при породот и беа извадени дополнителни органи? Сметам дека како женски форум треба да се поддржи оваа петиција. Денес е таа, утре може да биде било која од нас.
Не е комуникација, дебата, расправа кога по завршување на истата таа комуникација двете (или повеќе) страни кои се вклучени во неа, ќе се повеќе дистанцирани од времето пред самата таа комуникација (без разлика на нејзината природа). Нема победници и победени кога комуникацијата завршува со тоа кој е тој што последно кажал/напишал, или кој најгласно викал и кој користел поголеми буква. Така, СИТЕ ГУБАТ. И да се потсетиме на онаа реченицата на К.Г. Јунг: „ Мислењето е тешко, затоа мнозинството осудува“. Не, не е мислење кога осудуваш, каква и „интелигентна“, „досетлива“ и „ингениозна“ аргументација да имаш. Си ја промашил/а целата поента на комуникацијата. И не, не си/сум ни ти/јас исклучок. ТИ ГУБИШ, ТОЈ/ТАА ГУБИ, СИТЕ ГУБИМЕ.
Искрено не знам што ми е најсрцка момент во државава. Еве се мислам што да одберам, никако не знам. Дали полицајката сама што беше удрена од функционер на ДУИ па не убедуваа дека в пајак сама се акнала, дали ова дека немало лекарска грешка кај жена со извадени 3 здрави органи од касапче што сам бог зна што им има направено на тие органи, дали тоа што за јавна соба не се дозна кој стои зад администраторското место и уште не знаеме дали ќе лежи затвор, дали тоа што Филипче ни викаше дека од Фајзер го замолиле да не кажува колку вакцини нарачал а после испадна дека не сме ни преговарале со Фајзер, дали тоа што Сашо ради температура го немаше, дали тоа што имаме потрошено милиони денари за прослави за датуми а датуми нема, дали ова сеа голф ареи ќе отвораат а во болницата во Битола чадор има ставено во вецето за да не капат гомна од горниот спрат... Може да ме дополните нешто гарант заборавам. Сакам да си направам анкета и вас да ве прашам онака што ви е најсрцка момент.
@RainBow може ли да се направи посебна тема за ова, да биде стално на видик барем неколку дена? Би ја направила јас, ама незнам во кој подфорум
И детето од Гостивар врзано со синџир зошто било агресивно и поради тоа се задуши од чадот, може ова да е во топ 3 '' најсрцка момент '' ако не и бр.1. И тоа од што избувна пожар се дозна како смирувале агресија
https://forum.femina.mk/threads/Грешки-од-вработениот-здравствен-персонал.30108/page-2 Во оваа тема е пишано за случајот на родилката.
Не. Само сметам дека не треба да се полни форумот со нова тема кога веќе во постоечка тема е спомнат случајот. Ама,еве предлог до @RainBow да го едитира насловот на темата-да се пише за случајот и да се означи темата како важна.
Чекај. А 168 тема по ред- Дечко ми ме погледна со лево око и не јадеше од тортата-хелп, креирана од трол зачленет вчера, може?
Слободно отворете нова тема во политика и настани за родилката, ставете линк до анкетата, некоја вест, па потоа може да се надополнува темата како што ќе се расветлува случајот. (кхм) Отворајте нови теми, ако е дупла ќе се заклучи, ништо страшно, не е ограничен форумов со број на теми, пишете ми и порака ако сакате, мене или на било кој модератор за консултација за нова тема ако сакате, и така може.