Само јас можам да идам да си купам арганово масло и кога дојдам дома да сфатам дека сум зела масло од авокадо. Животе туго... Инаку денов е преекрасен, се осеќам пак младо и живо, како да сум се вратила едно добри 6-7 години наназад. Убајни
Оти темите каде се зборува за секојдневие се ко муабет со другарки на кафе. Кој пази на литературно изразување на кафе со другарки?
Паничен напад немав доживеано од декември 2019. Не можам да најдам зборови да опишам колку се испотресов за родилката. Нека и е лесна земјата. Зошто тоа мало бебенце мораше да биде осудено да расте без мајка, уште неисчистено од верниксот? Зошто животе си толку суров???
Бравоо @bicycle и јас сакам нова фризура, т.е да сњ исфарбам у посветло. А btw сакам и гиро лиги ми потекоа
Јас одамна престанав да се фарбам, голема грешка ми беше тоа. Ама, со среќа. Ајде изволте на гиро, после и кафе и на балкон.
Јас еднашка правев омбре, од пола нанадолу вака целосно се немам фарбано и фризерката ми вели немој ќе си ја направиш метла косата, ама пуста желба за промена. Иначе доаѓаам чекај ме немој без мене да си почнала
На овој датум пред две години започнаа последните подготовки. Се тресев од страв иако првиот пат беше пострашно.Ама,пак ми се вртеа милијарда мисли во глава. Вака ли ќе биде,онака ли... Ќе станам ли од таму? Ај,некако се прибрав.Мораш,нема друго си велев. Ги немаше очите што ги барав во тие тешки денови.Во очи на друг видов грижа и разбирање. Сликите не ми излегуваат од умот. Потоа се случија глупости од блиски. Се зголемуваат разочарувањата. Се кршам и се собирам.Понекогаш се осеќам како да немам сила,ама не се предавам. Не губам надеж дека ќе има поубави денови.
Ај "маш" не е збор, ама "муж" го има во некои дијалекти на пример кумановски, тетовски не е тоа "масакрирање". Знам сите се трудат на форумов литературно да пишуваат ама ако се пише некој збор на дијалект големо чудо..