Сакам да кажам дека животов е гомно мувлосано (ако има такво). Гаден, грд и никаков. Секој ден борба за нешто. Не сакам да ширам негатива со постови. Ова не е таков пост. Иако гомно е животот јас денес чувствувам нешто што сакам да си го кажам. Откако се омажив почнав да си ја ценам фамилијата, и увидов дека друга фамилија јас не можам да имам. Не сум ги ценела доволно. Сфатив дека тие што намерно те повредуваат не ти се фамилија. Сите во фамилија имаме по некој член што е тежок карактер, ги има и во мојата фамилија, но сепак никој од нив лошо не ми миси и не ми работи зад грб. Сега ги ценам повеќе од било кога, и мило ми е што не е предоцна за тоа. Задоцнив со ова, но сепак е на време. Баба ми и дедо ми си ги сакам премногу. Дури и жал ми паѓа и солзи ми доаѓаат кога баба ми ќе ми спакува топло лебче и кифлички за дома, кога ќе ми прати ванилици душата ми се стоплува. Дедо ми кога неуморно ќе ми зборува и ќе ми објаснува за животот и ќе ми дава примери од реални ситуации кои го снашле исто си го сакам премногу. Чичко ми го гледам како втор татко, секогаш ми бил близок и секогаш ме разбирал, во најтешките моменти на него се имам јавувано. Стрина ми за која ми зборуваат дека не ми била ништо, не сме биле крвно поврзани, е таа жена можам да и се поклонувам цел живот. Откако останав без мајка таа беше тука и да ми испегла, испере, совет да ми даде и поддршка. Се уште и се обраќам за се што ми треба. Братучедите ми се исто така многу блиски, а за татко ми можам до утре да пишувам колку сум му благодарна и колку го сакам.
Не значи дека ако е фамилија дека ти мисли добро и дека те сака. Јас си ја сакам фамилијата но не сите. На пример од страната на мајка ми нејзините родители кои ми се баба и дедо воопшто не сум блиска со нив ниту пак имам потреба да ги гледам ниту пак да комуницирам. Не се ни сеќавам кога последен пат сум ги видела, исто вујко ми и вујна ми воопшто не сум блиска со нив ги гледам само на куќна слава кога ни е и тоа само здраво здраво и толку. Но од друга страна од страната на татко ми со чичко ми сум не знам како да опишам ако треба за чичко ми животот ќе го дадамза него, ако нешто ми се случи било добро било лошо за што и да е секогаш на чичко ми му се доверувам, од страната на татко ми имам само баба а дедо немам со баба ми сум прилично блиска и секогаш гледам да и помогнам ако и треба нешто . Децата на чичко ми ги сакам исто како да ми се мене браќа а пак децата на вујко ми онака ми се ниту се гледам често ниту комуницирам често.
Нормално. Ги набројав тие што ги сметам за фамилија. Имам и тетки, и друг дедо и други братучеди, но нив никаде ги нема, само по потреба се јавуваат за да им помагам, кога ми беше најтешко не кренаа слушалка ни за муабет, за случајно да не им барам нешто. Ги набројав како фамилија само тие што ги чувствувам така. И сама веќе кажав, мажена сум, се смета дека и овде овие ми се фамилија, ама не е така. Си го почувствував на своја кожа тоа.
Пред 5 месеци некој да ми го напраеше муабетов дека ќе ја очекувам најголемата радост на светот, ќе се насмеев и ќе речев: „Не сум спремна за тој чекор“. Ама тука никој не е спремен. Секој ден учиш да создаваш, да љубиш, да се грижиш, да го гледаш светот со други очи. Немам повеќе грижи на овој свет, ништо веќе не е толку страшно, само го чекам август за конечно да ја имам во раце мојата најголема љубов.
Април сме? Многу брзо се топат деновиве.. Ми се иде на златно славејче. Никогаш нема да ви пораснам..