Зашто луѓето се толкави скотови? Зар е можно да толку да ги интересираат туѓите животи? Што е работава, немаат свој?
Ме растажува кревка самодоверба кај луѓето, едноставно не можам да останам рамнодушна кога гледам како туѓите зборови толку можат да влијаат на нечие расположение. А и не можам да ја сфатам таа трка по совршенство во секој аспект на животот, без разлика дали се работи за надворешен изглед, материјални средства или во односите со другите. Сте се запрашале ли, колку често се будите со позитивна енергија без посебна причина, без да се оптоварувате што треба следно да направите, што уште ви фали за среќа? И едноставно да се радувате на утринските задоволства, со ветување кон себеси дека ќе го искористите максимално денот и нема да дозволите никој да ви го расипе? Колку често во огледалото гледате насмеана и среќна личност, задоволна со себе и со своите вистински вредности, наместо детално да се задлабочувате во своите мани? Не дозволувајте да ве обесхрабрат несовршеностите кои ги гледате на огледалото или бројот на вагата, тие не се мерило за вашата вистинска убавина. И запомнете, оние чијашто забава е критикувањето и потсмевот секогаш ќе најдат нешто негативно кај вас за да си го задоволат егото, а луѓето на кои вистински им значите ќе ве сакаат без разлика на вашиот изглед, материјалната состојба или различните ставови. Рецептот за среќа е едноставен - бидете свои, радувајте се на малите нешта, на љубовта на луѓето околу себе, и не дозволувајте неважни нешта да ви го расипат расположението. Бидете задоволни од тоа што го имате и не копнејте по туѓото.
Нешто одвнатре ме тера да отидам до фрижидер, и да си ја земам теглата со мармалад крај себе. Пмс, ју гат ми.
Еве веќе еден месец откако сум дел од големото семејство наречено ФЕМИНА.Мислам вчера беше кога за прв си го напишав корисничкото име и почнав да се дружам со вас. Ве сакам сите
Влегувам во веце и приметувам нешто чудно. Стаклото на прозорецот знам дека беше потпукнато, сега изгледа како ново. Си викам што чудо се случило тука: - Мамо, а бе стаклото нели беше пукнато во веце? - Да, ама татко ти го смени пред две, три години. Важно е дека приметив! Никад није касно. Кога се распуштивме со школо, на шкафот во терпезарија приметив нов украс. - Мамо, од кај е ова? Многу е убаво. - Па **** ми го поклони за роденден. А роденденот и' беше во април! А јас го приметив во јуни. Најглупо ми е кога ќе ме прашаат зошто не сум им ја приметила новата фризура. Па женски реално, ние исто како да не се шишаме кога одиме на фризер. Еден сантиментар мање-више проблем ли е?
Ако треба да наведам едно од многуте причини поради кое го мразам летото, тоа се бубачки. Секоја година имам по некоја нова со која се борам. Лани беа смрдушки, оваа година скачки. Огромни колку показалецов, скокаат и летаат, брчат, абе гадосии. Некни седиме со сестра ми во собата, коа влезе една, абе душа немам, пребледев и во несвест ќе паднев а мајка ми спие, како да ја разбудам бре, јас крава волкава, за скачка да отепа. Оди накај нејзе со крпа, таман ќе и се приближам ќе скокне, она оп, јас дерење. Сестра ми па ме охрабрува, ајде мори, ми вика, и одиш од позади само ја пукаш еднаш со крпата и крај. А се скрила позади мене и не мрда од страв кутрата. И викам оди ти ако толку ја разбираш работава каква е, не се криј позади. Не и било страв мртва да ја фрли надвор, а иначе не сакала да ја отепа да не и скокне. Ете мори, и мене ми викаш после. Гадни се и страшни се. Верувал некој или не, битката помеѓу мене заедно со сестра ми, против скакулкава траеше 2ипол саати, и дејството се одвиваше во 2 по полноќ, додека цел град мирно спиеше а јас се дерев. Очајна мерка беше превземена, абе фанав со џогер да посегам по неа. И од два метра размак, јас мавни со џогерот, она скокни, и јас пребледи, препаѓај. Стојам бе и нозе ми се тресат а суштествово абер нема да ја фане вратата. Коа скокна на полицава, и викам сеа ти е мајката курво една, маме ти јебем. И сега наместо да ја убијам, фанав со селотејп една крпа лепев да ја заробам. Леле кога скокна, оф мори мајко, туго моја. Тоа е тоа викам сега, ја чекам у добра позиција и ќе ја поклопам со нешто. Нема страв, треба да се спие. Скокна копилето на регалот, јас со неа со една лимена касичка за монети, нинџа потег, окрет, едно тивко „леле“ од страв, и ја заробив. Шта речи, еве уште една ми влезе, срам не срам, трчај кај мама. Немам бе душа више.
Цели кралства паѓале заради тие емоции, зошто не падна и ти? Кој си ти за да им одолееш? Јас те сакам, а ти ме мразиш затоа што сум подобар човек од тебе. Јас можев да бидам твојата Жозефина, а ти беше и ќе останеш мојот Наполеон. Заедно можевме да бидеме како неспоредливите Џорџ Буш и Барбари Руш, но некои луѓе во животот се родени да сакаат, а да не бидат заедно. Ние сме како Русија и Америка, исток и запад, заедно би биле најсилни, но истокот никогаш нема да дојде на запад и обратно. Сега знам, а јас некогаш и сега - тоа се две потполно различни личности. Немој да се менуваш за никого. Затоа што ти мојот свет го направи кога беше ваков и го сруши бидејќи остана ист. Ти беше целиот мој свет, а да бидеш нечиј свет, не е мала работа. Вечерва дојди и земи ми ја слободата, а јас ќе пробам да ти раскажам за крајот на бескрајот. Како те сакав и ќе те сакам, но никогаш на начинот на кој ме сакаш ти мене. Инаку, јас дојдов да се пофалам за нешто ама сфатив дека го немам. Next bottle please...
Не се даваj, не е сѐ изгубено! А jас пак уште малку и цел фрижидер ќе го испразнам како сум тргнала...
Ахх бре колку сум весељак само Од спротива слушам Дајте му нему вино ракијаа , пак нека пие да се опие.... Доста време ерген одев .... па ми иде да станам дома и да се разиграм абе мене секгаш ме носи ритамот знаете иначе не е лошо на овој мојов да му ја запеам Достаа време ерген одев , доста лични моми водев..Време ми е да се женам овој живот да го сменам , ама ке ме заебе бе пак го знам него одма во истиот момент ке ми врати со Није живот једна жена што си главо замишљена Па затоа боље да не си праам проблеми хАХАХАаха секогаш знае да ме заебе Мој мали је опасан...Нема заебанции со него
http://www.fakulteti.mk/galerija/proekt ... -ubavina#1 Многу, ама многу инспиративен проект! Уште еднаш се докажува дека секој е убав на свој начин. Не се потценувајте себе си. Туку напротив, сакајте се затоа што сте убави и вредите!
Викендов ми го продолжи животот... Викенд во Охрид со првото најмило внуче. После дого време сите се собравме во станот на тетка ми во Охрид. Ноќите ги поминувавме со тибко смеење за да не се разбуди Ивонче, малата лепотица. Додека најубавиот дел ми беше кога ќе го прошетав низ град. Секако, ми беше став но, имаа доврба а и Ивонче е одлично бебе. Времето не беше нешто посебно. Гледавме филмови дома. дефинитивно, фалаше ова. Зафрканциите на тетин ми, тетка ми со нејзините шали и како зачин на тоа е вицовите на тато <3
Некои луѓе немаат леб да јадат, нит кров над глава, а некои се фалат со мотори, купил мотор небаре вонземјански па некој фино лепо му ја врзе една, та да не знае како се вика, па да го освести малце...
^ Е де , со подникнати корења на косата,за фарбање и цигарата во рака ја пафка излегуваа на А1 на времето немаме за леб. Еднаш ми дојде една, дај ми пари да купам лекови за детево. И реков ќе ти платам фер и поштено, измиј ги прозорциве. Ме нарече секако и револтирано излета од дуќанот. Ми заврши смената, се качив на мотор да си одам дома. Ќе брмчи и ќе јачи по улици, 15 часа на ден работев за него.