Многу ми се интересни овие повозрасниве на фб, не знаат англиски а лепат стикери и налепници. Еве сега гледам една роднина кај внук ми на слика од роденден, ставила стикер на кој пишува - среќен ден на мртвите. Незнам дал да реагирам или да си преќутам.
Секој ден се повеќе се уверувам дека во државава живот на обичниот човек е само една обична бројка. Секој ден нова шлаканица која ми потврдува дека треба да си ги соберам прталите и да заминам одовде. https://a1on.mk/macedonia/trogateln...na-race-go-nosevme-pacientot-po-kozji-pateki/
Значи се што е со арганово масло ми има толку убав и ориентален мирис, се давам во него. И уште ми е криво шо место арганово масло, купив масло од авокадо И со оглед на стилот на живот што го имам, интровертс јунајтед, ја неам осет тека сме во пандемија. Толку многу ми легна овој начин на живот, толку бргу се привикнав, и онака сама живеам, ќе идам ќе испазарам за недела две и не мрдам. Си бркам работа, си работам на себе, абе милина ми е. Из ит онли ми??
СДК-1 Парите се најмоќното оружје во светот СДК -2 Многу ја сакам темава, фаворит ми е од цел форум и редовно си читкам кој што сакал да каже
Домашникот миленик не е играчка,кога ќе ти здосади,не ја сакаш повеќе. Да ја фрлиш Тој е член од твоето семејство.
Па и корона, па и полициски час уште фалеше да стават пак на две недели. Каков хаос Еден член ми фали од тука, а ми го нема од многу одамна. Ако ја прочиташ дамата некад појави и се мада немогам да те тагнам. Хај вака ке ти напишам името NONamE
Си седам сега и си ги гледам сликите од пред неколку години и ја гледам истата болка како и сега... И после толку години ништо не е променето повторно сум јас таа повредената во љубовта.
Една година. Точно година. Година од кога последен пат те видов. Година од кога последен пат те гушнав. Година од кога ми испушти душа на раце... Никогаш повеќе нема да те видам, да те гушнам, да те држам во раце. Мислев времето барем ќе ја залечи болката, зошто знаев дека никогаш нема ни да зарасне. Но сепак проклето боли!!!
Го знаете оној момент кога се зашознавате со некој лик или девојка и ке ве праша "шо има ново?" Како да го знае старото кај тебе па прашува за ново
Исто. Дури и да се успијам, универзумот работи на тоа на сите други да им излезат проблеми, да закаснат за јас да бидам прва. Не знам дали е благослов или казна.