Многу сум стананала емотивна. На сенешто плачам и едвај се воздржувам. Отсекогаш бев, ама овие две ипол години посебно. Абе сѐ допира до мене!!! Македонија, светот, животните во Африка...
Ко бев дете мајка ми ми даде пари да види како ќе ги потрошам. И се вратив дома со најлон бонбони и гумени. Зошто го пишам ова е, решив денес пресеквам и не јадам поќе благо. И ме запрати swidishcandy на инстаграм баш денес. Активно избегнував денојве да не купам од таму пошто немам осет ама са почнав да вервам во знаци и мислам дека ова е знак да одам да си остам парите таму.
@Oscar Lady и јас се разтажив сега пред 4 години и јас се чувствував вака за баба ми, многу му фали сеуште, но со текот на в @Oscar Lady ме наврати кога пред 4 години ја изгубив баба ми, се ми беше празно, а јас бев незаинтересирана за ништо, ко да бев од друга планета тој период. Колку ноќи по ред плачев ко мало дете не знаејќи како без неа понатаму. Верувај, со тек на време помалку боли и прифаќаш дека си ја изгубил бидејќи друго и нема. Али никогаш нема да ја заборавам и секогаш ќе ми фали и ми фали и во среќните и во тешките мигови осеќам како само ТАА фали.. Со тебе сме, да кажам биди јака неможам, пошто и јас не бев тогаш, едноставно си скршен и празен однатре. Ќе помине најтешкото, а таа секогаш од горе ќе те гледа и штити. Со помин сестро
@KiT @Oscar Lady Ви ја разбирам болката. Примете сочувство. Јас ги изгубив баба ми и дедо ми за релативно краток период. Таман се стабилизирав некако по смртта на дедо ми, по два месеци почина и баба ми. Шок по шок. Годинава ќе им биде осум години како ги нема, и ден ден ми недостигаат, никогаш нема да ги заборавам. Ми фали нивното друштво, многу. Бидете силни.
За близок круг, само луѓе што ме почитуваат, останатите, бај бај Инаку, годинава како и повеќето имам застој во животот, лично на професионален план ...моментално сум на добро работно место но, не е тоа за кое што учев и сакам да бидам. Едвај чекам да си се вратам на патот....
Толку сум здебелена, што досега две познанички ме прашаа дали сум трудна... Треба да се загрижам малку.
Мене не ми е јасно па што има да те прашуваат или да ти честитаат дури и да е така. ,,Mind your own business" изгледа не важи за наше поднебје.
Али луѓе што се собираат во огромни друштва и после плачат и кукаат што фатиле корона ми се в р в о т .
Толку многу ми недостасува шопингот што сум сањала дека сум била у шопинг. Ме релаксира,опушта пред добивање сега дм сирот ќе ме трпи. Го жалам тогаш ни сама не знам што сакам. Ова ѓаволчето од десна страна журки прави еднаш месечно.
Е значи стварно си другарка и пол. Реклама му прам на парфемот одамна јас , само треба почесто да пишувам на форумот за да се појавува името Херера , кај замина циганката шо ме фалеше
Јас се ислелив уште далечната 2007 поради луѓето у Мк. Боооооо колку брзо минуваат годините Добро, не сме сите исти
Денес се воздржав да не се искарам со една жена која патем е вработена да наплаќа сметки за струја. Влегувам и велам културно Добар ден, таа ме гледа ко да и имам убиено цела фамилија и додека да извадам сметката и парите ме гледа намуртено и ми се обраќа -Ајде побрзај немам цел ден. Само се насмеав, и ги дадов парите, ми наплати и си заминав. Културата не ми дозволи да и возвратам. Аман луѓе, ако не ви се работи оставете некој друг да си ја врши работата. Тоа што имате лош ден е ваш проблем, никој не е должен да ви го трпи тоа однесување.
Јас пак уште глупава ќе пишувам,ќе изразувам мислење уште мислам дека нема некој да те нападне,понижи или навреди. Е стварно сум глупава, ќути си и трај си,све паметни се изродија.
Ич да не остануваш...и јас така останав на неколку пати заради луѓе ,па на крај сите ме напуштија ,кој виша сила ,кој не можеше да ме гледа. И сега секојдневно се каам...