Некои луѓе се среќни и со малку . А некои цел живот копнеат за повеќе и се ненаситни. Туку сакав да кажам, еден повик многу ми делува на расположение. Цело време се трудам да игнорирам негативни луѓе , негативни вести, но за жал денес дознав тажна вест и се потресов. Комшивке, почивај во мир. Беше најпознатата шивачка во Штип за невестински фустани и фустани за разни прилики и матурски. Скроз ме потресе веста. Ми се сјеба расположение за 360. Господе боже, колку е краток животот и колку млади луѓе изумреа. Нека и е лесна земја. Денес е погребот - само тоа ми кажаа. Ама реков јас 300 пати, престанете да се нервирате, пијте апчиња за смирување за да не се чудете од кај ќе ве фати удар. У пичку матер и нервози и краток живот, ќе му се собере на човек и ќе испушти душа. Пу јаз'к.
И кога пишуваш за миленчињата се добива впечаток дека пишуваш за деца. Како и да е, ми излезе сликата рандом и ми текна на тебе.
Еве ме, на 40+ престанав да се фарбам Баш ко ќе почне да белее, фарбањето станува невозможна мисија, робство на секои 3 недели. Вака оставам на природата да си праи прамени, јас ќе си свиркам
Можеби ја имаш спомнато причината за таквите денови у последно време, но не ми текнува.. а те читам вака често и се нервирам за тебе срцка, може некаки хелп да биде боље, има ли решение?
"Животот е најтешкото училиште! Никогаш не знаеш во кој клас си! Која лекција доаѓа! Кој испит доаѓа! И никогаш не можеш да препишеш од друг, бидејќи никој нема ист испит како тебе!
Неделен исповед: Со дечко ми се договоривме да си порачаме пица со достава и ми рече јас да се јавам. Од толку што нејќам да се јавувам, ѕвонев и молев бога никој да не крени. Кренаја и им спуштив и му реков на дечко ми дека никој не се јавува и тој да проба. Проба и одма му кренале, порачал.
Море вие од радио шо се замислувате бре?? Како бре иде да се пуштаат латино летни хитчиња во ова време невреме? Е ќе си припаднам за летна журкичка на плажа, по кратки фустанчиња вака ветрето да си дувка да си ме галка да си играм, оф лелеее...
Не знам дали ви ја имам раскажано случкава? Лани, другар на viber ми пишува дека си ја изгубил мачката која веќе две години ја чува во стан. Братот цел испаничен ја барал, се додека долу под прозорецот не ѝ го слушнал гласот. Погледнал, ја вишол на паркингот со друг мачор како си р'жат. Бргу земал мобилниот да врти на полиција бидејќи веќе било околу 23:00 и полициски. Се расправал пола саат, едвај ги намолил да излезе пред зграда да ја бара. Ама дур се расправал оваа пак шмугнала некаде и ја изгубил од видик. Па, ајде со мене на телефон, јас како искусна мачкарка која веќе осум години чува мачорче му давам tips and tricks како да ја најде. Абе, не грицки, играчки, тропалки, танирчиња... Буквално сите мачкини реквизити кои му ги кажав ги изнесе надвор, а оваа нема абер да се појави. Тамам кога почнав да се осеќам потполно useless, бидејќи веќе мина еден ипол час од потрагата, одеднаш слушаме едно длабоко 'meeeeoooow'. Се појавува цела расчупавена, и полу црна од бензин според описот на другаров. Па цела драма дур успеа да ја фати и донесе дома. Е, таа мачка денес, една година после настанот се породи и роди четири прекрасни мачиња. Толку сум горда што другар ми дочека да стане дедо.
@Nigredo Odor ме потсети на една случка. Брачеда ми, има две мачки од кои едната исто така избега на сред полициски час. Тетин ми, маж од 50+ години излезе да ја бара. Живеат на прометна улица каде на секој чекор има полиција, му дозволија да ја брка. Најјакото е шо од галамата цела зграда (и полицијата) излезе на балкон и му даваше дирекции кај е мачето.