Многу сакам да шетам преку работна недела, помалку луѓе, помалку гужви. Викенд секогаш ми било мееех, па као мора се тогаш да ти се прави, па сите се излезени, галами и сл.....
Дали е можно од септември учебната година да започне со физичко присуство, доколку се стекне соодветен колективен имунитет, што мислите?
Ми одговара солено мене,имам низок притисок. Со холестерол немам никакви проблеми. Совет не побарав што да јадам,што не.
Луѓето растат кога превземаат големи ризици. Како пример, давање отказ на сред пандемија! Јас, да, јас. Јас која реков дека никогаш нема да се откажам од работа, колку и да е напорна како физички, така психички. Wish me luck!
Би сакала да си дадам месец одмор од сите обврски, проблеми, препукувања. Би заминала да ја истражувам Македонија. Ех, желба Се надевам во иднина на добра финансиска состојба кај сите да можеме да си бркаме ќефови. И секако, на Коронава да и се смачи од нас и да исчезне засекогаш! Let's make bright future for next generations!
Подобро учам за колоквиумска со музика во позадина. Денес на repeat беше: Save your tears for another day
Конечно јавав коњ сама, цела тура и чувството ми беше ... ваууу Збориме за јавање јавање, не од типот на водич тура и сл ...
Гледам некоја репортажа на Јутјуб од 2018, полни плоштади, улици, луѓе се групираат, се смеат, се дружат, се забавуваат насекаде... И нешто ми е чудно, необично, некој немир ми создава во себе... Како некој внатрешен глас да сака да рече: " Што правите луѓе? Каде ви се маските? Зошто вака се групирате? Зар не ви е страв?"... Како толку далечен да делува тој живот претходно, тој живот пред пандемијата, како нешто непознато, различно... Како да останал во минатото, некаде во меморијата... Како толкава голема трага да остави на мене пандемијава што некако се привикнав, на оваа, нова реалност, како да се помирив во себе дека ова е новиот живот кој го живееме сите, како да ми стана секојдневие излегувањето од дома да ми се состои од земање на маска, пазење, држење дистанца. Којзнае кога, и дали ќе се вратиме на претходниот живот, или и да дојде крајот со пандемијата, ќе започнеме некој нов, поинаков, различен од она на што бевме навикнати порано.
Еј, ма немој така. Се ќе де врати. Бдв, јас па решив НБА да пуштам, реков што убаво утакмица, луѓе, навивачи.... И ко се сетив..... Но, тоа е тоа. Се што дошло, како дошло и ќе отиди. World Peace!
@Billy Idol освен тоа што си го напишал, морам да додадам дека јас и кога си замислувам настан кој би се случил по 5-10 години се гледам со маска. Како дел од мене да стана. За вториот дел ќе кажам само дека има луѓе кои и сега си живеат како пред пандемијата, за нив ништо не се променило, таквите брзо ќе не' вратат и нас затворените во четири ѕида во нормала. Кога почна лани излегуваа срцепарателни текстови како ќе не' научи на љубов и емпатија, а во суштина се случи сосем обратно. Или јас секогаш црно гледам на работите. Ко пипер сум на темава, во секоја манџа се мешам. Сори. Ко веќе почнав. За прв пат по долго време пуштив музичка телевизија. Имаше некои топ 40, стари песни. Се вратив во минатото, на МТВ кога даваа топ 10, станвав рано пред да одам на училиште, за да не пропуштам некоја песна, а ако имав за учење си ги снимав. Па едвај чекаш да видиш која е следна. Кога ќе почни омилената беше посебна радост. Денес пак му се израдував иако истата песна ја слушав пред 2 часа на YouTube. Значи песна на телевизија hits different. А да не зборувам за времето кога чекавме на радио и снимавме на касети. При толку достапни песни, сега 350 сати ќе барам некоја добра и на крај ќе се изнервирам и нема да слушнам ниедна. Не знам дали дека бевме деца или стварно времињата се менуваат, ама во се' имаше некаква радост. И да, во три наутро најмногу глупости ми текнуваат.