^ И јас не можам да се замислам за година-две (надежно) без маска, без 200 средства за дезинфекција, без да држам дистанца. Иако копнеам во гужви, кафичи, диско, одмори, самата помисла пак ме вади од такт. Толку луѓе збиени на едно место? Нема шанси и не знам како ќе се опуштам пак до тоа ниво.
Сакам да се врати времето кога броев денови до 10ти јуни. Всушност, сакам да се врати времето кога тој датум, претставуваше дефинитивно крај на обврските, кои се сега бескрајни.
Налетав на статија за некој бокс меч и не можам да разберам, каков спорт е тоа? Тепање. Што е вредното, што е толку привлечното во таков ,,спорт"? Помодрени, потечени во суратите после натпреварот.
Во блиска околина познавам две личности што не се во брак. Едната прилично успешна во својата кариера, добар и исполнет социјален живот, накај 40 години. Другата личност, живее мирен и повлечен, нормален живот, 40+. „Многу мирен, добар,работлив човек, сиротиот сам си остана така ни жена ни деца“. „Мила, мирна, домаќинка, не се омажи децата да си ги изгледа, сирота мајка нејзина умира ене ја“ со некој ужалостен тон, чиниш мртовец жалиме или гледаме некој што живее како билка. До кога ќе нѐ дефинира брачниот живот како личности? До кога ќе биде бадијала тоа што е некој „добар, вреден, мил со сите“, ако не е во брак? За џабе ли дишам воздух и го живеам животот ако не сум во сериозна врска/брак? Сѐ се множи со нула ако не го направиш ова возвишено нешто. Премило ми е кога двајца што бескрајно се сакаат и си одговараат совршено, се заедно, без разлика дали е долга, сериозна врска или ете, се одлучиле на брак. Ако некоја личност не нашла некој партнер што ѝ одговара, има тотално право да ужива во животот како сингл личност и апсолутно никој нема право да ја сожалува како да останала осакатена. Сами доаѓаме, сами заминуваме одовде.
СДк дека конечно започнав да пишувам книга во чест на мојот покоен татко. Целата моја болка и страдање по загубата ќе биде опишана во таја малечка книга . Сега знам дека многумина ќе речат аман и оваја писател стана НЕ ДАЛЕКУ ОД ТОА. Книгата ќе биди траен спомен за мојот не прежален и никогаш не преболен татко . Знам дека многу луѓе ќе се пронајдат во неа. Почивај во мир тактичко ,те сакам бескрајно
Вчера татко ми изваде една топка од некаде за да го натера кучето наше да игра. Тоа па си поигра малку ама некако не беше заинтересирано и ја остави. Случајно помина една жена со нејзините две девојчиња, едното околу 6-7 години можеби, и ја зеде топката. Сакаше да си подаваме, па ајде си пуцавме со нозе. Не очекував дека толку добро ќе ми дојди, се вратив во детството кога игравме со топки, сум заборавила колку забавно било. Цел ден бев нерасположена, а тоа ми беше хајлајт на денот. Да не требаше да си одат ќе си пуцавме и игравме уште којзнае колку. И да бидам искрена и сега би играла со топка, ластик да имав со кој, иако сум unemployed 24 year old adult. Длабоко во душата изгледа секогаш ќе сум детенце.
Зошто мора цело време да сме преплавени со толку позитивни приказни? Го победи ракот и изгледа вака, хинт, пренајфантастично, ја остави саканиот на олтриот, а таа да му се одмазди ослабе милијарда килограми и сега изгледа совршено, се избори со депресијата и сега со огромна насмевка на лицето покажува дека секој може да го направи тоа... Не, не може секој, а и не мора, океј е да се чувствуваш лошо и да не се самообвинуваш дека проблемот е во тебе што не си и ти таков што едноставно реагираш поинаку во стресни ситуации. Што е со ова напумпување на позитивност? Не може човек да каже дека не се справува со нешто како што треба зашто еј, види едноставно како сите блескаат и како се справуваат перфектно со све пфффффффф... Значи, аман.
Овде нешто не разбрав, шо сака да каже писателот Хм, позитивни приказни? Не сум ги приметила искрено. Дали нешто не сум во ред, ако не ме интересира приватност на рандом луѓе што не ги знам? СДК, мене оваа ми е позитивна вест, зошто ја нема на Фемина.мк? Спојлер: Спојлер
Порано ме чудеа луѓето околу мене со муабетите како времето им влијае на расположение или здравје. Си викав како да не, до времето било... Сега, глава не можам да кренам, особено денес, а гледам не сум единствена.
Каква приватност на рандом луѓе? Зборам за наслови на статии онака, додека скролам по фб и читам наслови, ништо посебно, гледам само статии за вакви работи, све пренапувано со позитивност. Или можеби се гледа да се избалансираат вагите поради ковидот, еве не знам. Ама ме нервира, па да си промрчам. Зошто све ме нервира, па и тоа узпат.
Јас престанав да го користам од тие причини. И од "Студент од Мадагаскар открил лек за ракот - прочитај и примени!" "10 причини зошто да го јадете ова овошје - никогаш повеќе нема да настинете!" "Писмо од свекрвата за снаата - ќе ве расплаче!" "Тато, слушни ме! - 7 работи што бебињата сакаат нивните татковци да ги знаат" "Го победи ракот, а потоа го смени полот - нема да ви се верува како изгледа денес!" "Гробот на Александар е кај село Небитиште - исповед на локални говедари" "Високите потпетици на славните - чевлите што ќе останат запаметени" "5 рецепти за домашни маски - искористете што имате во фрижидер!" итн. И Фемина сајтот е крив за вакви "вести", ама Фејс е уби Боже, па културно едното го отварам за шопинг, а сајтовите буквално никогаш.