Глупости. Демек детето ќе го прашаш дали сака да е родено, па тоа сака, а ти не му дозволуваш зошто не сакаш деца, егоизам било. Аман, јас сакам да имам деца, ама јас сакам, детето не можам да го прашам дали сака. И еве сакам деца, па пак не сфаќам како се оптеретувате за другите дали имале деца или не. Ти гледај си за твојот живот, други ќе си гледаат за својот.
А што е битно која е причината поради која не сака деца? Едноставно не сака и готово. Каков ќе биде животот на детето што би го имала она ако не го сака? Подобро ич да го нема.
Абе кој дел не ти е јасен од нејзиниот пост? Која си ти да кажуваш што она ќе добива а што не. Се понашате ко да ви брцнале во око. Бог да чува # смајлиштосекрсти.
Значи во животот најбитни се советите на полуписмени луѓе кои не знаат да склопат една реченица, не знам што не ви е јасно. Не е битно што сакате вие, битно е ваквите личности да ги послушате затоа што тие знаат точно како треба во животот. Вие за себе не си знаете, ама затоа тие знаат за вас.
Херерич, сите пари до последна да ги спискате, решен проблем... чак што више, може и кредит да земете Знам дека не ти е смешно во моментов, ама доде, затоа се иселивме, за помалку да не боли глава. Не дека претходно многу ме болеше, за Ојле од Дојлино, ама сега па ич Е татко е ко свекрва шо ја немаш дома, и тоа знам, јбг. Моите и на скајп знаат да ме напнат, последно како тоа не сум возела СДК Стари луѓе се ко мали деца, ем ги сакаш, ем те нервираат
Подобро сам кон вистината,одколку со сите кон заблуда,јас пишувам на форум и не влегов во ничии дом или двор,го кажувам своето мислење на кое имам право и за кое овој форум постои,ако тоа на некој не му се допага тоа апсолутно не е мој проблем.
Имаш право на твое мислење,де.Ама,преку тоа мислење навлезе во туѓ двор. Не е егоистично тоа што нејќе да има деца. Не сме сите исти.Не нè исполнуваат исти нешта. Не може секој да се справи и тоа е ок. Нема секој нерви и време за деца и добро е што некој е свесен за тоа. Зошто? Затоа што е егоистично да се роди детето,а да не се сака,чува и одгледува како што треба. Егоистично е да се роди дете,па да се фрла ко партал,да се остава само и гладно,а родителите да си тераат ќефови.Е,на такви родители слободно лепи им ја етикетата егоизам,не на членката.
Најјачи момент ми е коа надвор е калливо и времето е така за нигде. А јас си стаам бела патика и шетам со мојата анксиозност. И така си се возиме во бус сеа. Ама најјака ми е белата патика.
Она за кое што пишуваш е неодговорност од Х причини секако не се исклучува и егоизам но и многу други нешта но ова е сосем друга тема.
А што демек деца треба да раѓаме за да има кој да нѐ чува на старост и да ни прави муабет? Токму ова е себично, а не одлуката да се нема деца. Уште не сфатив како одлуката некој да нема деца влијае на вас. Да речиш за доброто на планетата или човечкиот род не е, секако сме пренаселени. И јас мислам дека мачките носат среќа и исполнетост во животот па не одам наоколу да го плескам тоа во фаца на луѓе што не сакаат мачки. И пред да скокниш дека споредувам деца со мачки не е тоа поентата, туку во животот треба да се носат одлуки што би те исполниле, а не ради тоа што ќе речат комшиите. Кога станува збор за живот кој зависи од тебе не треба да има простор за себичност. Ете таа нема да раѓа, ти 10 имај ако имаш услови да ја исполниш квотата.
Не е друга,таа тема е. Дете не се прави за да има кој да го чува родителот на старост.Кој прави дете од таа причина е баш егоистичен. Има решенија за чување. Луѓе си плаќаат жена да им помага или идат во дом за стари лица.
Замисли вистината да е само твоето и да седиш, егоистично, на high horse дека сите се во заблуда. Лмао. Имање деца или не е подеднакво себична одлука ако гледаме од аспект себичност шо е многу пластично и непотребно. Пошто ТИ неќиш дете за да имаш слобода, кариера, you name it, или ТИ сакаш дете за ТИ да се исполниш како родител, тебе ќеф да ти е, да има кој да те чува на старост, you name it. Ама не би рекла јас дека било шо од ова е себично и за ни една одлука не би рекла така. Секој знај за себе. Ставање работи на пиедестал шо е подобро, па и праење споредби, со право навредва групата шо е ставена скалило подолу, или во заблудените де. Како и да е, чудно дежаву ме мава. Не беше ова тема на муабет неодамна?
Не чувствувам потреба да се правдам за моите одлуки. Ако сум одлучила да живеам без деца, е мое право и тоа не треба никој да го засега. Од каде таа слобода и дрскост за коментирање за нечии животни одлуки? Како тоа што вие го правите е нормално, а другите што ќе одлучат е ненормално? Полни сте со стереотипи и предрасуди кон другите. Ако го живеете животот како што сакате и уживате во истиот, верувам дека нема да ве интересира како го живеам јас мојот.
Апсолутно не мислев на чување на старост не сосем погрешно,доволно кажав за оној кој има кликер за оној кој нема и цел ден да пишувам мислам за бадиала ке е.
@Markian Целото мислење не ти е ок,ама овој дел вришти од напад кон членка која кажала сосем нормален став. Како да не реагираме? Велиш дека е егоист оти нејќе да има деца и смислуваш сценарио како ќе ѝ биде кога ќе биде старица небаре си Ванѓа.