‼️Кој би повредил животно - ќе повреди и чоек‼️ Еве ви себична причина за да се залагате за насилство врз животни. Не мора да имате емпатија. Човече какви психопати. Утрово ко видов се згрозив, претпоставив дека за то е спојлерот, неќам да видам пак сликата.
Ете јас ќе ти кажам. На психопат човек ќе му пречи и што дишаш. Се и сешто им пречи на такви луѓе. Денес животно утре човек. Монструм е мал збор. Трујат, убиваат животни, а зошто? пошто е психопато. Не размислува.
Моментално сум пред Шутка застаната со колата пред еден маркет. Тука се паркирани коли на луѓе од друга националност и сите влегуваат и излегуваат БЕЗ МАСКИ. Да, добро прочитавте БЕЗ МАСКИ. Во маркет жена влезе БЕЗ МАСКА. Значи за нив не важи законот, а за нас удри по џебот па макар и затвор ако се шеташ БЕЗ МАСКА. Пилот во овој “авион” нема.
@bicycle Вчера ги видов сликиве и останав без зборови. Не плачам често, ама овојпат не можев да запрам. Од тага, од бес, сите можни негативни емоции ми се измешаа Тој што го направил ова веројатно има некаква тешка дијагноза, што пак не е оправдување. Тоа не е човек, не може да се нарече така. И секое страдање што би го снашло во иднина ќе му биде сосема заслужено.
Се надевам дека ова нема да остане така и да се заборави. Сторителот строго да биде казнет. Како лекција за другите што се изживуваат врз невино животинче.
Се согласувам. Најстрого што може... А освен таа казна, искрено се надевам дека ќе добие и казна од кармата. Не сум човек што посакува лошо на другите, но вакви ситуации ме вадат од кожа
Посебно место во пеколот за оној кој уништува животни! Иначе, многу мразам коа ќе видите бебе и сте цели такви "Аааа гугу абе каци ти" се газите од смеење и после секунда сте вакви . Боље насмеј се од срце кога ќе ти дојде или само речи "Колку си милоо" него ли да изигравате кловн.
Април, срце, имаш 6 дена да сториш нешто волшебно и да се поправиш или ќе бидеш прогласен за најлош месец ever. Ти бираш. Со љубов, С.
Треба да се денормализира и направи општествено неприфатливо на тазе дипломирани студенти да им збориш и правиш хехенца за невработеност, ненаоѓање работа и користење на дипломата „ко тоалетна хартија“ уште додека се радуваат и известуваат за дипломирањето. Колку и да е за жал реално, сепак е безобразно и непобарана негатива. Oкеј е Славице, знам во каква вукојебина живеам и дека само во програмирање и медицина "se vrti parata", никој не те праша...
Проблемот е што мислат дека нешто ти фали ако не сакаш деца. Ама гајле да ти биде. Ако ти е убаво, таму каде што си, со тој што си, така како што си, не давај отчет воопшто зошто не сакаш да имаш деца. Твое целосно, легитимно право кое не заслужува објаснување. Па има ли поголема интима од тој разговор? Кога ќе ми го постават прашањето, ми иде да им речам, зини да ти кажам. Свиркај си Херера Животот е убав и со и без деца, битно е да го живееш како што го имаш осмислено, квалитетно, вистински. Поздрав, ќе ти дојдам у Германија кога ќе ме вакциносаат
Ти љубоморат затоа што си постигнала нешто за што тие можат да сонуваат. Најмногу зборуваат оние што не постигнале ништо, ама буквално НИШТО во животот, што е најтрагично. Мене еден ме нарече 'нафурана' кога го реков дека го учам и (ќе) го работам тоа што го сакам. Едноставно на простата маса не можеш да и' ја затвориш устата.
И на тазе дипломирани, и на тазе запишани и на студенти шо се на средина од студиите, на сите. Јас само шо се запишав почнаа да ми јадат трици дека нема леб од мојот факс, никогаш нема да најдам работа и ти редат муабети за Петкана и Стојко шо со факултет како твојот седат без работа. Не е доволна самата демотивација од ситуацијата во државата. Треба дополнително да ти тријат сол на глава како ти никогаш нема да успејш и џабе ти е се'. Расипани сме во сржта ние луѓето, во крвта ни е да сме такви.
Не знам вие како стоите со вашите мисли, јас одамна заклучив дека ради реда ќе се запишам на факултет, колку да имам диплома. Дека си го трошам времето на нешто непотребно, воопшто не е точно, стварно ти треба диплома во државава за да те ценат како човек и како работник.