Не се признаени нашите дипломи надвор,само не секој го кажува тоа. Полагаат дополнителни курсеви,ама срам му е да каже дека полагал курс. Е сега за медицина,па ако специјализираш тоа е друго.
Дур не специјализираш нема шанси да работиш,ама сега со пандемијава и со малку знаење ги бараат за волонтери поради недостаток на кадар. Па, кога ќе видиш поубаво ќе научиш во практита,а ќе се усовршиш во теорија.
Колку што знам и докторите одат на пракса, стажираат и во тој дел од животот работат сѐ поврзано со работата. Или јас па имам високи очекувања.
Леле мислев којзнае каков пример ќе кажеш на крај, си пишала дека ти искочил хематом не ме зезај дека според тоа оценуваш каква е компетентноста на докторката, смешно е.
Во средно медицинско (без разлика на смерот) менуваат гуски, пуштаат инфузии, пополнуваат картони, зимаат крв, даваат инекции. Што друго се прави на пракса, операција на отворено срце? Кога веќе тврдиш дека се стекнува знаење кое треба да се цени. Каков е тој доктор што не знае да користи игла?
Јас сум лаик, врз основа на што да ѝ ја ценам компетентноста, да ја испрашувам анатомија? Не е смешно, туку е доказ дека нашиот образовен систем не го дава знаењето кое многумина сметаат дека го стекнуваат. Во медицината иглата е алат за работа, не ме зезај. Да не знаеш да ставиш инекција и да земеш крв е елементарно незнаење.
И на факултет нели се оди на пракса. Таму што правите, операции на отворено срце? Игли се користат ли?
Медицински сестри ставаат инфузии, крв не земааат. Крв зема лаборант. Во странство доктор, конкретно Германија става инјекци, кај нас не. Тој шо учел медицинско ќе знае да стави инјекција, инаку во пракса кај нас немаат докторите ставање инјекции.
Ама твојов конкретен пример не е точен. Медицината е преширок поим. на твојата матична-општ доктор пре би рекла дека основниот алат и е стетоскопот и ако со него не знае да се служи, тогаш тоа ќе е проблем
@Abel во опис на работни задачи на доктор па особено матична не е вадење на крв. Лаборант пак во описот на работни задачи го има тоа, исто како што доктор специјалист по хирургија прави рез а сестра инструментарка само подава скалпел. @deskarada и кај нас доктор става инјекција, друго е венепункција.
Зашто постојат толку многу болни луѓе ако медицината е многу напредната? Зашто 90% од студентите кога ќе завршат факултет немаат појма да работат нешто? Многу прашања не ми се јасни
за секој предмет имаш различни вежби и се прават милион работи, многу детално треба да се објасни за секој предмет што точно се прави, значи не е црно и бело.