Мислам дека песнава никогаш нема да ми здосади. Кога и да ја слушам се ежам . Емоција до плафон. Лелеоди да не се наежиш. Синтезис
Срце ми се крши што во оваа држава нема никад да има правда за загинатите души кои го имаа цел живот пред нив. Солза ми тече знаејќи дека ваквите обични луѓе за државата ништо не се, но синови, браќа, внуци биле на некои. Бар ние можеме да ги чуваме во нашите сеќавања како народ. Нека вие лесна земјата, да почивате во мир!
Многу ми се интересни луѓево кои имаат дуќани тука низ градов. И ќе пишат на својот приватен фб профил, сопствено име, име на дуќанот и презиме. Зошто, луѓеееее? Зошто?
Кој што сака нека си каже, ама поубаво утро од она да те буди баба ти со првото јајце по лице и да кажува "црвено бело весело", НЕМА.
Па кога има конекција каква што имате поверојатно е да се засакате отколку да ти се свиѓа па да сфатиш дека не е човек за тебе П.С.Ова се мои ставови и фемина се оградува од била каква одговорност
СДК за муабетот од погоре, имам најдобри другар и другарка и двајцата многу си ги сакам, и си го имаме кажано тоа и со него и со неа. Мислам, чисто платонска и пријателска љубов е тоа, не мора да значи ако е спротивен пол дека имаш романтични чувства. Можеби во паралелен универзум би функционирале, ама тоа никогаш нема да се знае. Ценете си ги вистинските пријатели покрај вас без разлика на пол, бидејќи во денешно време се многу ретки.
Не знаеме да се сакаме, и самопоштуваме, се трудиме за некој личности многу повеќе, пружаме него ли они, и кога ќе ги изгубиме ,не ги гледаме стварите од аспект дека тоа е нивна загуба него ние жалиме и нас ни е криво.