Поубава порака од феминка немам добиено. Ме изненади позитивно и дополнително ми го разубави денот, никнејмот е скриен нека си остане тајна. Сакам да и посакам се најдобро и најубаво во животот, да и се оствари се што ќе посака,и еден ден да си купи се што ќе посака. Секогаш бидете позитивни,сакајте се себе си, не е важно кој што мисли. Девојко, уште еднаш ти благодарам за искреноста
СДК 1 - Мојот мачор ми го нема веќе 8 дена. Ако дознаам дека некој нешто му направил, лично јас ќе се погрижам да страда. Тој ми вика ќе се врати, но јас се откажав. СДК 2 - Си облеков фустанче на тричетврт ракави, со старки. Ваууууууууу лепото ама си се разбацила, ама ако ти си млада и убава тебе ти е дозволено и тој тип на коментари. СДК 3 - Луѓето никако да си ја гледат својата работа.
Секогаш сум тука кога ќе побара нешто или било каква услуга да и завршам, а кога јас ќе и побарам нешто што е за 5мин работа тогаш ме матка цело време, а знае дека ми е хитно. Луѓе од корист само се лепат.
Тргнав во веце во еден кафиќ и келнерот ме прашува: “Каде одите,ви треба нешто?” Јас место да прашам “Каде е вецето”, му викам “Па да спијам”. Абе бојле ништо да не кажев
Кога луѓето ке научат да не се мешаат во туѓ живот? Да се суди без да се знае нешто? Добив прашање од типот што правиш после работа секој ден,нели сама живееш сигурно си нашла некој да те занимава во слободно време До кога бе ке бидеме вакви мизерии од народ?
Вчера тркнав до библиотека, да си земам некои книги. Во последно време книгите се ужасни, оснеј најновите изданија. Шкртани, искинати, со трошки и храна по нив. Па добро да му емм мајката, колку треба да си будала така да ги оштетиш?????
Јас кога ги зимам ги поминувам со 70% алкохол два три дена во карантин седат па ги читам. Ме интересира дали се кадарни библиотекарките во библиотеката каде што позајмуваш? Дали наоѓаш тоа што бараш или зимаш тоа што има?
Никогаш не сум земала книги од библиотеката освен во основно лектирите што мораше да се читаат. Некако ми е желба да си ги купувам книгите и да си ги имам нови и само мои , иако сите книги што ги изнакуив од 30 дали 3 имам прочитано некако ми е гнасно и нехигиенски којзнае кој се не ја чепкал книгата и со какви раце .
Кери ја имам и не ми е читана а подарок ми е и се срамам што ја одложувам,сјаење ми беше преубава и немаше врска со филмот кој толку го величат а доктор сон...така така ми беше не ради друго туку не обожавам баш фантазија,за други може ќе е океј таа е втор дел од сјаење затоа ако читаш прво сјаење па неа. Фицек е доста популарен, јас пробав со душокршачот и после чинам земав уште една ама пусто не ми иде..ама ако ги читаш баш кажи ми како прошол кај тебе Е добро тие самопомош ти се двете ама некако немам живци да ги читам ама затоа можда иам депресија Јас ја имам разговор со бога првиот дел а они излегоа три или четири до сега. Кој три ти се прочитани?
Не и се сите Сакам книги тие за само помош и се од ТРИ а Стивен кинг и се на англиски иначе кај нас ги издава литература.Опасна е алиса знае што да зима ај ти
Не ми се од овие прочитани ни една . Алхемичарот последна ја прочитав Исповед и тркачот а сега ми е почната од Себастијан Фицек Пакетот ама до пола и никако да се наканам да ја дочитам само ја влечам натака навака со мене . Таа тркачот е исто од Стивен Кинг но е на македонски и се зезнав што ја земав на македонски затоа што многу е лош преводот и на Кери и на тркачот , на англиски се многу подобри.
Ако, општо зборам дека ако порачувам пак Сакам книги ми се број 1. Си прашал за Фицек. Мене ми е број 1. Посебно Терапија.