Правам ориз и спанаќ, со јајце одозгора и грчка павлака спитико. Повелете. О и да, патлиџан салата со младо кромидче, и луто пиперче. Океј, не ме ставајте на игнор листа. Плииииис.
Диетален е пиперот...без леб. Срам ми е сега да кажам дека сум од не-градските и не премногу сакам пипер, освен во форма на ајвар. И полнети пиперки обожавам, ама само оризот внатре го јадам, пиперката ја тргам на страна.
Дали сте јаделе ајвар пржено со јајца? E то ви е најсељачко... Спојлер Повкусно нешто немам јадено Ах и спанаќ и урда и јајца Таква нација сме, само по прженици. Само елитава не. Пошто е срамота да јадеш зеленчук пржен
Ко ќе држев диета на времето, брат ми намерно пред мене јадеше и обавезно нагласуваше: Види Даде! Види!!! Така и ти!
Шо да причам, така ми дојде денес да се опуштам. Ма каква срамота, има ко стока да прејадам. И утредента пак од ново диета. Ајде ајде иди, не ми се јаде сама, додека го чекам брат ми да се врати ќе ми се одјаде.
Храна кога е во прашање не му е гајле на сељакот во мене. Кога сме веќе на темава погодете која куќа макало ќе јаде денес Одма се договоривме на лице место да се лукосаме комплет
А маслото скапо, ѓаол и пол шо би рекле. Не е срамота веќе, сега си барам маж шо јади пржено (читај богат).
Одамна немам вакво јадено, го сонував. На здравје, обично викам кг да се створат ако некој ме стрви ама овој пат ќе речам крв да се стори.
Буквално ни една девојка родена и израсната во град не мисли дека е срамота да се јадат пиперки и да се сади зеленчук...од каде побогу вадите вакви работи, од сопствените комплекси?
Хипербола - претерување, преувеличување заради нагласување на одреден емоционален став. Далеку од тоа дека се сите вака или сите така. Поентата ми е скромноста, едноставноста, незамрањето со тоа да се остави лажен впечаток. (Појаснување за тие што не се од Скопје, за оној делот со штиклите. Неам ништо против штикли, штикли се супер. Ама има смешна појава тука, да се шетаат девојки дотерани па и со штикли на стаза за трчање на кеј. Додека сите наоколу спортуваат запотени и усмрдени, стварно е премногу смешно коа некој ќе се избаци дотеран, едноставно не е местото. А сум бил и ставан под притисок да не шетам у кратка панталона, а уште помалку да седнам спортски облечен у кафич - тоа е срамота у Скопје. Освен у држава Аеродром браво аеродромци не се откажувајте, само напреееед! Значи сакам да кажам облекувањето според мене треба да ми е у склад со приликата).
Од битолчанки научиле. Јас тоа го гледав, а Бога ми и живеев, пред 20 години. Охрид на плажа, со штикли и нашминкани... пример.
Сега ми кладе една мисла во глава. Јас обожавам пржено, кој маж ќе ме сака за жена, ваква трошајлија како шо сум.. Пола држава сме израснати на патлиџани и чушки, да не глумиме лудило сега дека сме јаделе авокадо пред 20 и кусур години.
Море јас си се пронајдов. Ама дечко ми (стварно вози опел стар) е два пати од мене, ако не облечам штикли ќе мислат дете му сум. Мајтап. Поубо ми е со штикли. Мајка ми, има 45 а постојано е на штикли, високи, па можи ми е преземено од неа. Е се случва и низ парк да прошетам. Ама јадам пржен зеленчук, оти само зеленчук јадам. И чоколада. Туку не сум јас крива за муабетот. @Biljarkata ти прва почна. Ќе те кажам на учителката.
Еее... вие не знајте (баба со шамијата и бастунот) Пред да се распадни Југославија, Анте Маркович беше премиер на СФРЈ. Тогаш ги релаксираја законите за увоз и на велико почнаа да се увезуваат странски производи. ... меѓу другото, банани! Анте, цел живот ќе го памтам по бананите. Се дупнавме од јадење, оти до тогаш немавме видено