Баш напротив , не се навредив иако се пронајдов во твојот пост, сите пиџами ми се со дизни ликови и цртани филмови Но, многу почитувам што секој си има свое мислење и свој вкус во животот. Ете за тебе е одвартно, за некој не. Не сме сите исти. Нема да е интересно сите исто да мислиме , ко програмирани. Почитувам туѓо мислење. Затоа и се нашалив дека Мики Маус е крив П.С додека можам да едитирам, да додадам само А да видиш едни пиџами со Пинк Пантер што видов, аууу љубов Што вика маж ми : тебе дете не ти е рамно....абе кај можат со мене ?
Едноставно грди ми се. По мој вкус, има далеку подобри ликови од цртани. Наскоро треба да купувам бебешка облека, секаде само на дизајни со Мини налетувам, катастрофа. Не знам, едноставно тие постарите ликови ми се антипатични некако. Токму така, затоа велам - по мој вкус. Еве јас на пример, обожавам Star Wars ствари, на многумнина им се nerd-овски, тоа е тоа.
А јас кога ќе видам децава на братучеди, на вујко ми како носат маички со некои нови ликови, чудно ми е Секој со своето
Ај една или две мајци да има ништо лошо, а кога доаѓа до пижами и цела колекција Дизни ликови нека има ако му прави мерак на човекот и така никој нема да те гледа дома. Ако си толку по Star Wars ќе знаеш дека и они технички припаѓаат кон Дизни...
Најбитно е најблиските роднини да се погодат , другите не се битни. Еве мене за жал од најблиските роднини со вујко ми (братот на мајка ми) ич не сум блиска последен пат се имаме видено во 2019 година и тоа за слава и здраво здраво и толку ниту до баба ми и дедо ми од страната на мајка ми сум блиска едноставно не ги ни осеќам за баба и дедо и не ги сакам воопшто. А пак за од страната на татко ми , неговиот брат односно чичко ми го сакам најмногу на целиот свет и со него сум преблиска зборам за се од љубовни проблеми до проблеми со добиено како родител да ми е . А другите роднини не ги ни сметам за роднини , не ни комуницирам .
Имаш среќа што го имаш чичко ти, јас тука можам да го вметнам вујко ми. Инаку да, се работи за блиска роднина, тетка, сестра од страна на татко ми. Себична и злобна личност а сум секогаш тука за неа, ваљда ќе научам на памет. Гледај си го чичко ти и чувајте се взаемно. Јас поради татко ми не се карам со змијава, не сакам да му стварам нервози, пошо тужи баба е оваа, а не сакам со него да се карам. Прва прилика, се ќе и плеснам, сама да не знае каде се наоѓа.
Јас не само што не сум блиска со никој од роднините туку и со родителите пречкртав. Не дека јас сакав така ама они одлучија дека нема потреба да имаат близина со мене. Јас тука ништо не можам само се обидувам некако да го прифатам тоа. Жив човек на се се навикнува.
И јас низ истиве работи поминав ставив граници на мн односи роднински некои и ги прекинав од проста причина што не можам со одрони од луѓе да се занимавам, се посветив на себе и својот живот , а глумци се знае за кај се ете им го холивуд.
Не сум ултра блиска со никој од роднините, што знам, можеби е бидејќи не се гледаме често. Не дека ги нејќам, ама не би им кажувала никогаш лични ствари. Од на мајка ми страната имам повеќе роднини и само со една прва братучеда имам поблизок контакт, со другите освен на собиранки 2-3 пати годишно не комуницираме воопшто. А со од татко ми роднините па не се ни гледаме, мнооогу ретко. Не за џабе рекле, пријателите се фамилија која ја бираме, бидејќи тие со кои сме крвно поврзани неретко не се луѓе кои ни пријаат.
Јас па многу ги сакам тетка ми и вујко ми, фамилијарно. Сакање на ниво исто колку и родителите. И со братучедите сме многу блиски. Порано имаше повеќе дружби, често се собиравме сите 20тина души. Сите се мајтапџии па нема лош ден со нив. Најбитно е дека се добри луѓе и секогаш си помагаат меѓу себе. Баш им велев дома, за време на короната уште повеќе ги почитувам, сите се покажаа како одговорни и совесни. Сите имаат некоја ризична работа и мило ми е што никој не се рашетаваше и слично. Профилот на Фемина треба да го оставам во наследство на некој, ако умрам да пренеси на сите дека ги сакам. Само тука им искажувам љубов. Не го напишав 250 пати зборот сите.
Многу мразам што кога некој ќе ме испровоцира намерно знам да навредам. После ми е жал што навредувам и што станав ваква
Знаеш како велам јас? Се е по заслуга, порано трпев провокации сега знам да вратам. Нив штом не им е жал за провокации, мене па уште помалку ако вратам. Не користам навреди ама на провокација враќам со провокација. Некад треба да знаеш да се одбраниш.