Ние фанови и на Хурикејн и на Måneskin што да речеме? И за тебе мемето важи lepotitse. Ќе те однесам некој ден в кафана, ќе ти ебам пиперот, има главна подвигователка на мишки да станеш
Е баш на таа сцена. И кога ја активира бомбата. We win Gracie Хачико - Како бе да не плачеш еве не знам. Прекрасни филмови.
Каде и да отидам, од најскапото, највкусното кафе да се напијам, нема да е толку убаво и посебно како она што го пиев во студентските денови и она кај баба ми.
Од што се правевте многу паметни,јаки и секоја фирма е “ваша” добивте клоца у гз. Абе сите исто зимаме и работиме,чему толкава галама?
http://sekojden.net/d-r-zoran-do-zh...lachete-zoshto-ne-doshol-printsot-na-bel-kon/ Не ми се верува што прочитав. Никогаш не ми стана јасно зошто мажите се најгласни за тоа кога треба жената да раѓа, да се мажи, од каде воопшто си го земаат тоа право да коментираат?
Леле колку ми е мило и колку е провидно како некои луѓе одма се вреѓаат и ја манипулираат ситуацијата кога ќе им вратиш на глупостите што ти ги зборат зашто биле навикнати да го премолчуваш секое срање што ти го кажувале Особено стари луѓе од семејството за кои дефиниција на добро воспитување е колку можеш повеќе да истрпиш од нивното емоционално насилство
Као прво: Сабајле се вагав, мерев на вага и застанувам со една нога и си викам колку би било стварно да имам 48-52-58кг. Ама немам. Штета. Као второ: Деактивирав инста на ден ипол после си го вратив. Овој пат си давам предизвик недела дена, ако издржам ќе си дадам уште 2 и така цел живот. Пошто реално никој не го занима шо правам ја кај сум била, дали сум пиела кафе денес или не. Кој ме познава ќе ми го има бројот. На кој му дошло стварно до мене ќе ме побара. Реално ми се смучи од сите фејк насмевки. Као трето: Незнам шо е работава, никад у живот не сум пишувала толку долго сдк. Фала.
А јас нормална ли сум што не ми се допаѓа ниту Џејсон Момоа ниту Дамиано? Едниот ми е премногу груб физички, другиот премногу женствен. Ако може нешто измеѓу за мене. Инаку не можам да кажам дека Дамиано нема талент ама од тоа малку што слушнав баш и не ме импресионира. А најмногу слушам рок музика.
Ептен ми е ќејф кога некој ќе отвори свое бизнисче во градов и се труди тоа да му биде сѐ топ скоцкано, убаво, културно, љубезни, услуга врв. Секогаш купувам од таквите, гледам на тоа како на еден вид “браво дечки, терајте” само премолчено.