Ако достигнување во животот ви е познавање со некои газди на продавници...... Не знам што да речам. За мене постигнување е да запознаам пример некој истомисленик, да читам некоја книга, да си купам облека од плата, да им дадам пари на моите, да купам за внукот нешто. Да учам нешто ново. Да планинарам.
И мене ме мрзи, на почетокот колку убави оценки си имав, сега само си ги одложувам испрашувањата се за последен ден оставам, утре цел ден со испрашувања ќе ми биде.
Да беше физички, биолошки и на секаков начин возможно, без секунда размислување ќе дадев половина од здравјево и животниов век на мајка ми и баба ми. Кога најсилниот човек што го познаваш покажува слабост и немоќ, ти се руши цел свет.
Ве молам потсетвајте ме домат да не клавам во јадење шо се загрева. Погнасно нешто од подгреан домат не мислам дека постои. Или топол. Ију.
За ова можам да кажам дека сериозно имам среќа. -- Сдк, дека имам 24 години и не знам што сакам да правам во животот, не се имам пронајдено уште.
Ако нешто ме нервира тоа се луѓе што креираат токсична атмосфера со создавање некои измислени "тесни кругови" во кои тешко може да влезе било кој. Особено секташко и одвратно на работното место, негуваат лоша компаниска култура и атмосфера. И обично тоа се најголемите неработници.
Многумина од луѓево се' уште носат маски на отворено, иако се движат сами. Баш сакав да видам колку тоа им преминало во навика. Мерките се олабавуваат, кога скроз ќе ги извадиме маските, ми се чини ќе ми биде чудно некое време.
Јас па и ретко гледав луѓе со маски надвор, уште пред да ја тргнат меркава. Ама за жал јас ЦЕЛО ВРЕМЕ носам маска од навика, и сигурно ќе ја носам уште некое време, чудно се чувствувам кога ми се гледаат носот и устата .
Денес дознав дека постојат луѓе што се вознемируваат ако видат човек по улица облечен во тренерки. Исто така, тренерки требало да си носиме само по селата од кај што сме, или евентуално за спиење, во град никако. Колку прост и очаен народ сме, не ми се верува.
Да, некои не ни чекаа укинување на мерката и ги извадија маските од пред некое време, но мислата ми беше колку некако сме се привикнале на новата реалност, на новите правила и живот што ни се случија со вирусов. Се' си мислев дека има и луѓе на кои маските веќе им се така навикнати, да не излегуваат без нив и дека нема веднаш да ги извадат, што се покажа како точно. Ама чувството да излезеш без маска и слободно да дишеш, после толку време, е многу добро. Уште на работа да можам така.
Леле не ми требаше сега да ги видам пак, во последниве два месеца, три пати ги видов. Се надевам и последно за годинава.
Многу популарни станаа сликиве, ама ај да се провериме. Дали на левата е куќа во тревата, а на десната балон на хоризонтот во правецот на патот?