Извини ама тебе се ти смета. Секој ден читам ккао ти сметаат други луѓе а тие само си го живеат животот и не се замараат со тебе, а ти секој ден постови пишуваш за ситуации кои се секојдневни и секогаш секаде се дешаваат, ама никому не му смета освен на тебе. Релакс малу, посреќна ќе си ако не го хејташ цел свет околу тебе.
Ми дојде на ум сега ова пред спиење. Кога бев мала, не се сеќавам точно колку години имав, знам само дека сеуште пиев млеко од шишенце. Навечер пред спиење мајка ми ќе ме стокмеше во кревет, ќе ми го даде шишето со млеко па на спиење. Секогаш тоа време си мислев дека надвор летаат вештерки на метли, исто како во цртаните и мирно, послушно лежев во кревет и си го пиев шишенцето со млеко. Која бујна машта. Ако се прашувате, да спремам испити .
Прекршувачи на закони си се снимаат како возат. Некад не ни можам да распознаам дали се во Албанија, Косово или сепак Македонија зошто ставаат албански и косовски знамиња во опис. После темелно разгледување на локациите некогаш ќе видам дека се од Македонија и не ми се верува дека е стварно така зошто нели полицијата се фали дека работела и не сакам да верувам дека лажат. Сакаш да се лажеш дека твојата полиција прави што е можно повеќе за да те заштити и тоа сепак се случува во некоја туѓа држава. Си возат со ненормални брзини, си се тркаат, си минат на патарини со полициско светло и патарините им ја подигаат рампата за да си поминат, полицијата уво ги боли. Буквално си се фалат на социјални мрежи дека го кршат законот, а полицијата? Пишува казни за неносење маски на отворено. Што се случува вчера? - Сообраќајка на огромен пат и загинуваат лица меѓу кој и млад човек кој се нашол на погрешно место во погрешно време и повредени се уште 7 учесници меѓу кои и малолетно девојче.
Типот од Монескин е музичар само ако кокаинот не е дрога. Толку. Поздрав. Па уште и се дрзнуваат да ми пишуваат приватни пораки пошто сум пишала на темата дека не ми се допаѓа ниту пеачот ниту неговата "музика"
Па океј али сепак те изиритирало до ниво да дојдеш да пишеш пост за неа, а со тоа и да издвоиш време. Што е скроз океј, само ми е незгодно малце вака кога те читам бидејќи добар дел од постовите ти се искажани со подбив и осудување кон личности кои не ти се ниту тебе битни, ниту ти ним. Бидејќи имам слободно време на претек и немам попаметна работа у моментов, баш ти прочепкав низ историјата на постовите и всушност се уверив во горенаведеното, да не испадне дека лупам онака или дека те имам помешано. Еве за контекст на оние кои не знаат: До некаде и како личен напад према себе ги гледам одредени твои ставови, си велам, мене во живо да ме видиш кој знае што ќе кажеш подоцна тука. Имам долги вештачки нокти, во ташниче си носам кармин за да го поправам ако сум излезена, всушност без шминка не излегувам.
Што сакаш прави. Гледаш дека и ти се замараш со мене, што не ме познаваш. Одиш до степен дури и да ми чепкаш во историја и да ми копираш мислења, како да би докажала дека јас нз ти што. Поздрав другарке. Носи си колку кармини колку и какви сакаш и менувај вештачки нокти. И не излегувај без шминка. Имаме различни ставови. Ма, да мислам секоја жена е најубава без неа.
ОК,де. Ама,извини,не треба да се нервираш за секоја ситница.Жената му рекла на некој,еве,знаеш,малата не е добра.На човек што има настинато/болно дете дома,ни на крај памет не му е да се прави еве што сум или да каже извини ако бутне некој.
Вчера се најдов во слична ситуација како @GirlLove. Во Дм сите разгледуваме и мислиш тука што ти фали, читаш.. и една од таму со рамото го држи телефонот и буквално се дере бе идам накај друго ќоше, она и таму. Значи ремети тоа и те како, мора по маркети и пазари да зборите по телефон вие луѓе без осет??
Значи озбилно се прашувам што мислите ќе постигнете со протестиве?? Касните другари!! Па ај што касните па и во погрешно време ги правите. Што по ѓаволите ќе постигнете од 15-17 часот ? Сакате јас да ви кажам ? Ќе спречите добар дел од луѓето после 8 часовна работ да си одат дома побрзо за да бидат со најмилите ,фрустрирани да стигнат дома . А тие од собрание што стварно треба да бидат спречени да дишат а не да работат си го ладат негде на страна и ги боли стапот дали веете знамиња негде или скандирате нешто !! Секој кој ме знае знае колку ме измачува состојбата во која е доведена државата ,но дефинитивно треба да се знае кога да се престане да се лупа до главата во ѕид. А вие ем касните ем лупате сега КАСНО со залет !! * извинете на латиница.
Леле, ние луѓе без осет, како смееме да збореме на телефон, додека Трајанка пазари во ДМ, па мирот ќе и го пореметам. Да не зеде нешто по грешка, оти жената ти ја пореметила концентрацијата? Согласност треба да се бара од вас нареден пат, за да зборат луѓето воопшто во маркет или пазар? По се морало да плукате!
Иритира премногу гласен разговор на телефон секаде меѓу луѓе особено во затворена просторија, едноставно некултурно е ама се заборава одма кога ќе излезеш од маркетот. Да дојдеш да го напишеш на форум е од премногу слободно време.
Јас ако не зборувам на телефон жива не сум. По пат, во маркет, во трговски… Не сум знаела дека до олку го иритира тоа на некого.
Не значи дека ако на некој не му се допаѓа Манескин, автоматски слуша турбо фолк. Едноставно не слуша тој тип на музика и тоа е тоа.
Буквално цело време на тикток објавуваат како или возат лудачки или прават работи што се очигледно опасни.Пред некое време гледав видео кај што во населено место претпоставувам фреквентно си возат во спротивна насока на лентата, значи одеа директно во коли во движење.И ете тие работи постојано ги објавуваат и добиваат аплауз.Е вакви јас би ги собрала и би однела на изолирано место да работат присилно и веќе да не видат други луѓе во животот.