Ок, или со сила се праите дека не разз или не знам, ти да излезеш полу гола, каква реакција би имал некое машко кога би те видел? Што мислиш? Досадна стана више темава, кој сфати-сфати некои работи се многу прости. Ајде убав ден!
Мене не ме занима каква реакција ќе има он, ја не се облакам за него. А пошто не правиш прости демек јас би те прашала каква реакција ќе има машкото кога ќе те види со танга на плажа? Или додека си на плажа во танга па старче си го дрка на тебе? Многу се правиш паметна а сличност во шорц и танга на плажа и нема.
Не знаев дека женски газ и машки полови органи биле едно исто Скраја да е некое девојче да облече кратки шорцеви бидејќи е невкусно ама битно сите машки у фамилија ви дремат полуголи пред маалската продавница.
Океј ако не се чувствуваш пријатно едноставно не носи ама нема потреба да ги осудуваш другите што носат и се чувствуваат пријатно. Ако ми е жешко сигурно нема у хиџаб да седам . Океј супер продолжи да си цениш религија која ја третира жената као сопственост и ја прави најдолна. Религија во која муслиманските мажиња си ги чуваат љубоморно жените и пробуваат на страна да си фатат други . Али океј се надевам не сте така ти и твојот сакан , да те сака тебе само поради што си прекрасна личност а на страна да си има нешто онака за разонада ништо страшно. И гледај ти да си се облакаш за себе си и да си се средуваш за себе си се не за други мажи. Цени си се повеќе зошто да бидеш толку понижна
Јас пак мислев дека секој се облекува според свој вкус, го носи онаа во кое се чувствува пријатно, убаво па и секси. Оно да ти било за да привлечеш или да не привлечеш маж. Исто така мислев дека вредноста не жената не се определува според облеката. Еве, не знаев дека јас со моите шорцеви, кратки маички и куси фустанчиња помалку вредам од оние облечени во фармерки и долги фустани. Како и да е, немам трпение да се стабилизира времето и да почнам да шетам со куси шорцеви и пола задник надвор.
Абе кој као сака нека иде. Ако има за некое место кодекс топ, ако не нека тераат. Е сеа у одредени ситуации погледи ќе има. Еве сеа низ парк е популарно без градници по маици, и мислам и на машко и на женско нема шанси да не му упадне у очи. Валда пошто не сме многу навикнати, со тек на време можеби одреден стил би станал као "ништо посебно", незнам. А инаку отсекогаш се прашувам што е разликата на плажа купаќите да не се срамота, а од друга страна гаќите се срамота? Чисто онака филозовски
1. Да ви кажам немам самодоверба за шорцеви. И на плажа се случува да не носам купачи. I'm fucked up, знам. Ама, градници не носам, само кога баш мора, си ја сакам слободата. 2. Ми се враќаат спомени од факултетот. Таман се опоравив, работите се повторуваат. Нека е последно. 3. Имав една работа која ме исполнуваше пред пандемијата и имаше позитивно влијание. Ми се остварува пак. Се надевам дека ќе биде новата причина за живот и бегство од монотонијата. Иако мала работа, радоста е бескрајна.
Ни мене не ми се допаѓаат шорцеви од кои излегува половина задник, макар што последниве две - три реетко гледам такви што носат, освен на плажа. Зборувам стриктно за такви шорцеви, а не за сите. И мене ми е невкусно, но ниту коментирам, ниту осудувам. Секој си има право да се облекува како што сака. Секако дека ова не е соодветно на работа, во училиште или на факултет. Некому не му се допаѓа како јас се облекувам. И тоа е во ред. Не можеме секому да му се допаднеме. Вистинската жена си ја криела убавината. Ова е исто како да сте кажале дека жената е виновна доколку е сексуално вознемирувана или не дај Боже, силувана, бидејќи таа го испровоцирала со изгледот, нели? Знам дека не сте го кажале тоа, но исто е, штом тие „не би привлекле некој асален“. Познавам многу што така се облекуваат, а имаат асални дечковци. Секоја жена на овој или на оној начин си ја истакнува убавината. Мене, на пример, не ми се допаѓа животинскиот принт. Што велите, ги коментирам тие што го носат? Не би ги коментирала. Зошто? Затоа што немам право на тоа.
Што превртуваш зборови? Па да , за мене така е, ама каде ЈАС напишав дека некоја сама си го барала? Што измислуваш?-боже господе што све држи форумов, ќе пишеш едно мислење ќе го испревртат на 300 начини страшно кога веќе толку се фативте за мене еве ви гратис мислење дека девојка која не е невина нема право да носи венчаница хеехе, баба со застарени сфаќања сум, тоа е, заобиџите ме. Пак ќе кажам, моралните вредости на денешницава се 0. Пријатна вечер.
Нели има доста луѓе кои покрај своето име дадено од родителите/кумот, си имаат и име дадено од народот, поради нешто што е карактеристично за нив или шо ти знам т.е. надимак. Цел живот се чудев како скоро сите што ги познавам имаат надимак, а само ние т.е. татко ми нема. Баш чудно. Друго нешто поврзано во врска со ова, татко ми барем еднаш во неделата мора да си запее една песна, да ја наречеме "ние ............ (име)", за која мислев дека сам си ја измислил, оти ја немав никаде слушнато. Епа дури денес дознав дека не само татко ми, туку цела фамилија уште од прадедо ми сме имале надимак, а од таму и песната.
Што се според тебе моралните вредности? Да бидеш облечена во што е можно позатворена облека, никако секс пред брак, семејство со две деца. Не дај боже развод?