Јас обожавам да носам кратко и носам кратки фустанчиња, кратки тексасни пантолончиња, сукни, но не до толку за гз да ми се види. Јас имам гледано во кратки пантолончиња тексасни каде му се гледа задникот пола, мене не ми е вкусно, така никогаш не би се облекла. Не носам и не можам да се замислам со подколена фустан, сукна. Долг фустан исто сакам и носам. Но, кога ќе прочитам коментар од типот дека некоја жена се облекува или не се облекува за некој маж очите катаракта ми фаќаат. Јас се облекувам лично за мене. Некако облеката на жената одма се меша со други работи.
Ни тоа не го напишав, ама ок,уште нешто испреврти можеби ќе ја сфатиш поентата, досадни сте, ајдедобра ноќ.
Па кога си немаат толку добар задник вреден за да е тема на дискусија, тоа е Уште за газови зборите? Не ви здосади?
И јас тоа се прашувам. Толку мајка ми ми нема внимание обрнато кога ќе направам беља. Ќе ми тресне два шамари и ќе ме избрка од пред очи, ова претеризам е.
Ниту те споменав, ниту те цитирав. Па, нели вистинската жена си ја криела убавината? Нели тие што носат такви шорцеви не привлекуваат асални момци? Па, ако одиме по таа логика, тогаш истите тие „сами си го барале“. Во ред, штом ти ги испревртевме мислењата, тогаш да го преформулирам моето. Не си ништо подобра од тие што велат дека „си го барала“. Никаде не реков дека си баба. Само кажав дека немаш право да осудуваш. Сега, ако си се пронашла во моето мислење, јас не сум виновна. Морална вредност е и да не осудуваш никого врз основа на изглед кога веќе се фати за нив. Толку од мене. Фала многу, пријатно.
Еве јас пак ќе прашам, какви се тие шорцеви со пола задник надвор? Кога станува збор за пола задник надвор јас си го замислувам ова, што искрено, го немам видено низ град.
И јас помислив на вакви, ама искрено немам видено никогаш, или речиси никогаш. Нaјверојатно зависи и од тоа каде живееш. Да, невкусно е, дека јас не би облекла, не би. Ама, секој со своето.
Па имам видено во неколку градови и баш често гледам во лето, нз. Затоа пишав погоре, јас сакам кратко и носам, ама онака не, никогаш не би облекла.
Сум видела баш онаков шорц на девојки иако ретко, лично никогаш нешто онакво не би облекла оти нема да се чувствувам убаво, ако некој нема проблем со нечии погледи, се чувствува комфорно-слободно, не смеам да делам правила за нечии избори во врска со облеката, не ми влијае на сопствениов живот тоа никако. А, сред бел ден на враќање од факс, есен/зима, тој период беше негде, значи со бунди, шалови, капчиња бев затуткана и еден чиче ми вели Здраво злато со најјезивиот осмех што некогаш го имав видено. Не памтам толку да сум брзала за да влезам дома и да избегам гледајќи назад цело време со страв. Во близина на работното место има еден куп кафулиња и продавници, редовно седат луѓе надвор, не носам кратко и отворено, па нема шанса да не се погоди по некој језив типац да се загледа во мене, па и во колешките, баш пред неколку дена разговаравме на темава. Ништо освен раце и лице скриено до половина со маска не ми се гледаше. И сега? Кој е виновен? Затворената облека некако провоцира или можеби и тоа не беше доволно затворено? Не е ни до облеката толку. До паметот кај луѓето е.
Дали сериозно моите мислења ги испревртевте исто како да сум напишала дека сама си го барала? И дека по облека се гледало кој е каков? Сериозни ли сте?
Каде напишав сама си го барала? Каде напишав тие што носат кратко се не знам што? Напишав само како доликува човек да се облекува и дека денешнава младина е хаос, уствари на кого се објаснувам јас