Проблем е што немам добар план. Видам благо и морам да јадам. Вода ако ми текне ќе се напијам. Ама не ми е јасно, го исфрлив лебот, не целосно ама може еднаш во месец и тоа црн леб, тестенини исто ретко, исто и пица. И пак не можам да намалам килажа. Во план сум да продолжам со вежбање и повеќе салати и овошје отколку нездрава храна.
Изволте на нутела, ја купив 60 денари пред некој ден. Ја путер од кикирики ќе го докрајчам. За последен пат, месецов.
Веројатно си купила од погрешна фирма. И јас не го сакав воопшто, се додека не пробав од Рајска градина или Magic.
Сепак внесуваш повеќе од што трошиш, и јас не можам без благо да си го замислам денот, ама килажата секогаш ми е иста уште од средно. Некаде грешиш, пробај со некој план за исхрана може ќе има резултати. Само не се изгладнувај.
Смени исхрана(постепено,не се откажувај нагло),ама и воведи си лимит,сис. Ако имаш чоколадо,земи само еден ред.Остатокот од чоколадото скриј го,да ти е подалеку од очи. Се знае,подалеку од очи,подалеку од срце(па и од памет ќе речам). И за друго благо така. Наредните ден-два наместо благо земи си овошје.
Да,ама ретко кој може веднаш да се реши да не купува и да се држи до тоа долго време. Наглото откажување не чини,ама постепеното злато вреди.
Бејб, се ќе скријам. Утре смути ќе правам наместо да идам во бурекџилница. Не идам утре у маркет. Се надевам.
Ако е за доручек, овесна каша со шумско овошје е мој предлог Смути обично лично јас не пијам за доручек на апла гладно оти после уште погладна сум.
Немам овесна моментално ама имам нешто мусли. Кога ќе идам у маркет ќе купам обавезно и овесна каша. Ќе комбинирам.
Овесни снегулки имаш во кам и Стокомак, 30 денари се пола кило, не купечка каша. И ваквите овесни ги вариш со млеко, додаваш овошје, нешто пасирана банана, така дур се згусне и воала Дома имам нон стоп овес, цели тегли, просто секојдневие ми е. Дм вика недајбоже да дојде кај тебе некој алергичен на овес, ќе го отепаш пред да влезе
Човекот е најбедното,нај зло суштество на земјата. Поготово оваа болва што го напишала текстот. Они сами незнаат да се воспитаат па куче ќе воспитале. Они сами не се сакаат па на куче љубов ќе му дале. Кој идиоти користат интернет
Точно,не размислуваат ко нас,но може да се дресираат-воспитаат... А статијава изгледа ја пишувал некој што чувал куче во стан и мислел куче е играчка.Не,куче е обврска! А куче, а дете...штознам
Во парк шетам со друштво, сите машки. Темница е осветлувањето многу слабо. Се разминуваме со едни девојки 17тина години. Као шо се разминуваме една од нив ме допира за рака. По 2 минути, пијам вода на чешма, и само осеќам некој ме фаќа и држи за рака. Се сецнувам, се вртам глеам девојчево што го разминав. Почнува да се смее, другарките и викаат као леле луда си. И ја пуштам раката онака збунет, у тој момент им се појавуваат машкиве другари на девојкиве, и викаат кои сте вие шо прајте, валда тој најгласниот и беше дечко или ја свиѓа, доаѓаат да се тепаат и ми се дере у фаца. Meanwhile сфаќам дека сме више од 10 години постари и по 30 кила потешки од децава и дека со другариве можеме да ги научиме да пливаат со патики у езеро. Едвај се воздржав да го зашлакам, од еден шамар ќе се онесвестеше. Се разбравме некако и се разотидовме. ВТФ новиве генерации? У кои тик ток драми живееме? Што е со женскиве и што е со машкиве? Да не употребувам навредливи зборови... И ете така сфатив дека сум веќе сум стар за навечер да шетам у парк... LOL
Не во филмови, во страшни филмови живеат. За Велигден во парк имаше огромна тепачка од средношколци шо кружеше по социјални мрежи, за пребанални причини, оти така им текнало. Им се чудам на паметот, страва.
Откако се појави тик-ток страв ми е, не знам од која страна ќе те манат со нешто и исмевеаат. Случка од денес, 14 години нека имаа, 2 женски и 3 машки собрани, мало маче помина покрај нив и го фатија за врат да го фрлале во водата. Последна секунда се премислија. И други животинчиња мачеа и се снимаа. Е јас сум 10 постара, ама не доволно поголема да се справам. Стигнувам до тоа што СДК - се воодушевувам на природата, ама недопрена од човекот. Ние сме деструктивни егоисти. Доволен е еден продолжен викенд за да се направи хаос и на планини и на езера. Од сите луѓе со "развиена свест" омилен тип ми се овие со кондомите врзани на дрва.