Едно снемување струја ќе заврши работа мислам Може да замислите како би изгледал животот без струја ?
Ова влегува во категоријата “никад се није десило“, али, ај, големи сте. Не е во ред толку фантазија на форуми
@Ajronmen некогаш познавав еден идиот кој кога ќе излезевме навечер знаеше да рече ,,леле колку ми се тепа некого,, Па секогаш намерно се буткаше во некои дечки за да му речат ,,пази каде одиш,, и да се степа , или користеше некое девојче како од твојот пример, за да ,,скрши од ќутек,, некој сосема невин. Психијатар за ваквите.
Го гледал татко ми The Social Network и сега се заинтересира за животот на Zuckerberg и како интернетот работи. И ми се јавува за да ми каже... Вика, добро, како сега ете ти да направиш твој Фејсбук? И му објаснувам дека не е така едноставно, треба пари, ресурси, а и е презаситен тој маркет и не е измислување топла вода. Ниту дека е Zuckerberg прв кој направи такво нешто... И ајде така зборуваме за историјата, па му објаснувам технички како е да започнеш свој вебсајт. Како треба прво да закупиш домен, па како се прави бизнис со домени на интернет. Па му викам после треба да имаш сервер, ако немаш сервер, треба да користиш некој Хост, блабла. И така бледо ме следи и ми вика, добро, а тоа Хост ти е нешто како машка Хостеса?
Од најновите глупости во нашата мила Македонија: пчеларите да плаќале пашарина оти нивните пчели опрашувале и правеле мед од државно земјиште. Неколку пати ми излегува веста, ја упорно мислам заебанција е. МајкоУ
До сидрото што влече напред ќе да е оваа работа Ете ви нова бизнис идеја: обучувач на пчели, да ги обучуваме одат само на приватно земјиште Има работа на тој што му се работи
А ако видам пчела у двор, дали можам да ја следам и да видам каде ќе одлета па да му опнам една тужба на пчеларот што ми ја пуштил тука да ми опрашува она мене? #битнипрашања
Хахаха, ти ако веруваш на секакви глупости што се пишуваат по форуми, тогаш веројатно си многу наивна. Отвори само Твитер и виде колку се лаже и маже со цел да бидат интересни и да привлечат внимание
Кога ќе прочитам: ретроградниот меркур, јупитер тргнал напред, месечината зелена… и носи среќа на следниве три хороскопски знаци, е никогаш ме нема во тие три знака Кога ѕвонам на некои броеви обично се чека многу долго па секогаш го оставам телефонот на звучник, јас средувам низ дома најчесто јадам, грицкам семки или кафе пијам, и веќе заборавам дека тел ѕвони и кога ќе слушнам ало се штрекам почнувам да се давам и да кашлам па после тие мора да ме чекаат да се доискашлам, секогаш истото ми се случува
Ќе му го смени животот на некој тоа да излаже за да биде интересен на Интернет. Не верувам во се' ама и да си скептик и (речиси) се' да ти е лага и тоа не чини.
Абе зз сериозно ли се радуваше за голот на холандија? Брука жива бе Не знае ни каде е, ни кој е, грев.
ne se raduvase tuku holandskiot premier ili sto i da e mu pusti raka ovoj se nasmevna normalno i togas go fatija vo kadar.
Типична карактеристика за него, што ви е чудно, арно не се заврти и симна гаќи кога друга битна фаца од странство му посвети секунда внимание. Да му направеше муабет од старт, верувам дека цела уткамица за Холандија ќе навиваше.
СДК#1: Едно завршам со учење, друго почнам. Дај бе да го оставам мозокот на пасење малку, ми се смачи од мислење! Fuck... СДК#2: Сaкам да се чувствувам моќна, но неможам без СДК#1. Како што викаат knowlege is power.