Тешко време, тешки луѓе... Сите се некако лудо пуштени од ланец, крајно токсични и намуртени. Секој со маката, секој со волјата. Му благодарам на животот што од последниов бран на корона излегов материјално сигурна, со здрав родител и со лесни последици по психа.
Плажи и лето не сакав воопшто. Ама после напорнава година, психички напорна, 5 месеци да ме оставиш да се печам на сонце нема да ми здосади. И на планина можи, не се бунам. Мир и спокој, без обврски и без грижи. Не ти е важен ни телефон, ни изглед, ни што си јадел. Цел ден и цела ноќ не си спиел, си пешачел, а си одморен. Со душа го чекам 12ти, не е одмор, но барем да сменам мисли.
Не бе, народов е погаден и поневреден од најзеленото најсмрдливо лајно од магаре. Гледаш парички пратени помеѓу облека за бебенце и ги зимаш. Цариник си и имаш добри 600/700 евра плата и малце ти се. Пу да ти ебам и држава и народ и се'. Како да останам со чиста перспектива и морал, како?! Биди добра личност, прави добри дела, постапувај хумано... и сите ќе те газат! Нема место за емпатија у џунгла, посилниот го јаде послабиот и крај. Биди си хуман, ама остани си мастика прегазена и залепена на туш ѓон.
Мене така ми имаа пратено облека за децата, ама по луѓе што доаѓале навака.Фино, посебно, со име ги потпишале ги запакувале.Сега ,најверојатно нивни роднини,како невидени,како мајмуни без контрола се разграбале по тоа куферите и многу работи си присвоиле.Колку само и беше жал на роднината,со мерак одбрала некое капутче а да не го добиеме.Чуден некој народ ,само да се грабало, па пишува дека не е за тебе ,како можеш бре .Пс.Пари по пошта исто ми украле во новогодишна честитка ставени,затоа и честитката не дојде.
Влегуваат и со накит, особено бижутерија, одма ќе 'рѓоса. А сум видела случаи со златен или сребрен накит ќе влезат, па после кај се изгубил. Имав другарка што одеше на плажа со фул фејс пудра, коректор, маскара. Па се лутеше ако некој случајно ја прсне со вода...додека бевме...во вода. Имаше драми, цела плажа да нѐ разбере. Што очекуваше не знам Се изнапливкавме во вир од растворена пудра. Веројатно е поради ниска самодоверба и не сакаат никој никаде да ги види barefaced, барем таа таква беше.
Секое утро во автобус гледам еден пар -глувонеми . Луѓе толкава љубов јас не сум видела , веројатно работат негде заедно во тие 30 минути додека се возиме цело време си разговараат,доколку нема место за седење машкото заштитнички ја гушка девојката цел пат. Ќе им избегаше денес тој трчаше она оди полека назад го запре шоферот да ја причека.... ми го топат срцево. А тогаш помисливам на нас ... двајцата здрави прави само нецели две години во брак ,живееме ко цимери ,ако треба нешто да се договориме за детево ќе зборнеме ,ако не ни тоа. Или јас зборувам ти не слушаш воопшто... кога ќе сфатам дека не ме слушаш дали си свесен колку боли ? Девојки ,никогаш ама баш никогаш немојте од дисфункционално семејство да бегате во брак. Посебно не за неколку месеци да се омажите ,никако!
Многу ме нервира си купуваш од пазар на пр.домати и продавачот си го лижнува прстот да го отвори најлончето.Е погадно нешто нема не само сега во пандемија и порано заначи тоа најлонче треба јас да го фатам.
https://strana.mk/article/preview/79048359-feec-48b4-b038-c0f764d2cdc2 Го изгледав видеово и по којзнае кој пат ми се крена притисокот од вакви работи... Во каков свет живееме? Буквално секој може до смрт да те измава, а никој за тоа да не реагира, па дури и те снимаат ...
Го осветливме Водно вечерва Се надевам чисто го оставивме Пак треба да одиме,и пак ќе има Осветли го Скопје
- Леле мојот ако дознае нешто такво за мене ќе ме претепа. Рандом женски лик при оговарање на некоја грешница и очаен избор на зборови со кои сака да каже дека чим не е претепана до сега, добра и примерна жена е.
Вие мазохистите шо уживате у летото со се високи температури, земете си го. Нам останатите пониски температури.
Гледам во 9 и 15, прогнозата вели дека е веќе 28 степени, а во 1-2 ќе стигне до 38 степени, точно кога мора да излезам. Pray for me
...или можеби не е фатена па шета не претепана Во контекст на твоето имаш - јас вака за мојот да чујам, ни минута не го трпам
И нормално е тоа. Едната страна претепана, другата оставена. Може треба јас да слушнам така за мојот ќе платам луѓе да го претепаат. Па рамноправни да бидеме