Сите муабети што како помали ги слушавме дека некои работи се опасни послека излегуваат статистички точни. Има зошто треба да се слушаат постарите зошто има многу мудрост во нив, ама за жал помладите ги игнорираат затоа што интернетот знае подобро или нормално младите со својот ум знаат најдобро. Како млади не сакаме да знаеме ама со подемот на фаст фуд индустријата и газирани и шеќерни напитоци, се појавува горката вистина - колку е штетно особено кај женската популација. 3 чаши неделно, а толку штетно што може да доведе до најлошата болест. Прочитајте повеќе и елиминирајте газирани и шеќерни пијалаци. https://www.webmd.com/colorectal-ca...ary-drinks-tied-to-spike-in-colorectal-cancer
@Hoping ќе се изненадиш колку луѓе не знаат или полошо - знаат, а пијат како да е вода. Намерно си наштетуваат. Патем, не само газираните, туку и вештачки шејкови и такви слични работи.
Не знам што да се изненадувам кога сите ние тоа го знаеме а пиеме. Сите знаеме дека исцеден лимон со вода е здраво а газираните не. Ги заборави и алкохолот, цигарите и нездравата храна да ги спомнеш.
@Hoping Да тврдиш дека сите го знаат е доста игнорантно особено зошто истражувањето со што е потврдено и кое го постирав е објавено неодамна. „со подемот на фаст фуд индустријата и газирани и шеќерни напитоци“ Спомнати се. Иако, ова потсеќа на социјалните мрежи каде некој кажува дека му се допаѓа темно чоколадо, а други му се уфрлаат со коментари дека ги дискриминира другите чоколади. Објавеното е за газираните и шеќерните пијалаци. Ако може да не забегуваме, темата е пресериозна и сакам да насочам внимание. Ако те интересира - кликни и прочитај си. Ако не, нема поента разговоров.
Јас па ретко познавам луѓе што се околу 40-50 години да зборат со децата на оваа тема или самите да се физички активни.
Уште кога ќе ми текни дека како помали ни додаваа шеќер во сокот за да бил помалку газиран... Во последно ептен избегнувам газирани пијалоци со шеќер. Ако ми се пие газирано пијам или минерална вода или кока кола зеро евентуално (што веќе и ја преферирам пред обичната бидејќи таа ми е преблага). Ама денес скоро во сѐ имаш шеќер па скоро невозможно е сосема да го избегниш.
Wdym постарите се против нездрава храна? Кајма такви постари да си најдам? Моите дома се причина дека на старост научив како да јадам балансирано. Шеќер плус во кока кола иако никогаш, никогаш не сум сакала газирано. Ију. Ама те носат на гости, се знај вода не е пијачка хахахха еве сокче за детето. Нема негазиран, турај маци шеќер внатре. Поќе леб со манџата. Прво лебо, напикај, после слатата, ако ти остани место. Ако остајш во врато ќе истуриме. Мора се да изедиш. Камо некои работи да ги праеа на поздрав начин, да не мора на потешкиот да откријам зошто се било грешно. Дедо ми скроз свесно по еден црн газиран сок пие на ден. То го пренеси на сите деца. Тие деца на нивните деца ( мои брачеди, и брат ми). Не знам на мене како не фати, едноставно неќам газирано, вклучително и газирана вода. И дел се исправаат сега "на старост" али им е тешко оти им е убо нели, и немаат навика на умереност од мали. Навиките од мали се прат. Сите знат дека фест фуд е лошо ( не помага дека е толку достапно), ни пак дека газирано е лошо. Ама е достапно и не е скапо, а е брзо. И жал ми е дека е така. Али барем за Бт, мило ми е дека отвараат места за здрава храна во центарот, сите кај шо се движат. Да се проба да се напрај некој баланс.
Ikr? Мајка ми и ден денеска готви со едно кило масло и за то многу се нервирам. Не само во јадења, и во салатата пола шише го тура. Да имало за макање со леб. Seriously? Во само 100мл има 800+ калории, значи САМО масло, ко ќе го додајш и јадењето... Моите имаат удел во то што имам проблеми со тежина. Не знаев што е здрава храна, и јас на старост учам. Сендвичи, еурокреми колку сакаш. Од свежа храна беше салатата со тон масло и по некоја овошка once in a blue moon. Ако не го изејш цело лепче ја фрлаш среќата, некој таму нема за јадење ти не сакаш сѐ да изедеш и се буниш за храната. Ама ајде научивме ние од нивните грешки, ќе го прекиниме синџирот..
Мајка ми секој ден војна водеше со сестра ми, зошто не јаде леб; зошто ако јаде леб, јаде црн а не бел, што му фали на белиот; зошто не јаде чоколадо а јаде урми; зошто јаде овесни галети, не најадувале тие, морало леб, здравје ќе нарушела; зошто готви со интегралено брашно а не бело брашно и мал милион други ситници. После полека почна да прифаќа и да вклучува некои навики и во домашните оброци. Кога увиде дека има ефект и дека полесно ослабе така од било кога претходно, сега бетер од сестра ми е; бело брашно 2 години можеби нема купено, ниту бел леб, благо помалку од нас јаде, не и сакал организмот веќе, доволно и биле две коцки, да се облажи само. Дури нѐ увиде на своја кожа, секако не веруваше. Реално, треба и едукација за оваа тема. Постарите потешко прифаќаат совети, измени на навики, но се надевам следните генерации ќе се подобруваат и учат од грешките.
Сакам да се џитнам у базен,заедно со малечкиве комшивчиња. Мммм..... Ме исполнува само што го слушам од ШлаааАаап.
@Tan4ence тоа е моето искуство (проследено со припремање на колку што може поздрава храна иако тогаш не било како сега да е толку достапно (сега не е, а тогаш уште помалку) па сега сфаќам колку мака било да се најде нешто подобро, а воедно и да не чини премногу) и се чудев кога на други им тураа уште и уште и уште газиран сок во чашите. @Amellie13 и газираното е дел од сокот што е штетен, не исклучиво шеќерите. Секако мислам се додаваше сосем малку освен ако не сакаш фонтана Штета што било така кај тебе. Барем маслото да било маслиново или некое што е поздраво... Тоа со лепчето е финта на родителите, сепак, многу деца забушаваат и не јадат па родителите мора да се снаоѓаат. За ова никогаш нема да им замерам зошто сигурно било тешко да натераш дете да јаде при цртан што го чека цел ден на телевизија. Добро е ако е во умерени дози. Нормално ако ти се припие да си земаш од време на време газиран сок. Само да не е многу често. Исто и со бело брашно, исто за сите работи. Многу ми е мило што се разви дискусија иако можеби ја промашив темата, но навистина ми се кажуваше некаде за ова зошто гледам дека газираните сокови наместо да намалат, со тек на време уште толку земаат замав. Уште кога ќе ми текне дека се јадат огромни бургери со сок? Кечап со фанта? Како??? Ама изгледа како што пиша некој погоре, навика е во прашање.