Добро утро Дејан со победа на лои! https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4460052840683287&id=598197130202230
Пеколна горештина....Сончевите зраци го пржат лицето на асфалтот, а тој ко во љубовен занес му возвраќа со уште поголема жештина. Двајцата се љубат, оставајќи невидена омарнина во воздухот, нивната игра се претвара во бесконечно испарување. Оваа нивна релација ги плаши сите живи битија, па затоа се кријат под сенката на некое дрво, во ладовината на свежата природа. Никој и никого нема, се е пусто, чиниш по наредба на високите температури како војници послушно им се тргнуваат од патот. Пеколна горештина, климатските промени треба да ја раздрмат свеста на човекот, но дали? Дали тој конечно ќе престане да ја загадува, да и нанесува трајна штета на мајката Земја? Одговорот се крие во наредните векови, а идните поколенија ќе го осетат на себеси. Јас само едно знам-се срамам што припаѓам на човечкиот род.
Кога ќе прочитам “бајачка измамила некого…” Па не само што го “измамила” туку и казна треба да добие “измамениов” ако се прашувам јас!
"Отепав" 6 дена во грчка на море, се препородив физички и психички се стаблизирам. Се радувам за себе си!
Во отсуство како зборуваат за некого очигледно успешен е мерило на вредностите на личноста која зборува, па тука направете пресметка дали сакате да ја имате покрај себе. И после кога ќе слушнам, "јас те почитувам...". Да, да, да... секако... Се збори, се нема срам... се нема... на ушиве не можам да седам да не слушнам, од друга страна радо ги слушам за да знам кои се и што не сакам да бидам. Возрасни бе, возрасни. Ај они знаеме веќе, ама ти? Ти? Нели си фер... нели имаш принципи? На страна тоа... сонувам за слобода. Ама од она другата...
Ти благодарам Господи што ми го испрати него, човечен и со добро срце. Очигледно овие особини се во голем дефицит во денешно време, светот е затруен со лажна финоќа и себичност.
Ако ни кажат дека имаме рак, и дознаеме дека има доктор на Северен Пол, кој може да не излекува, ние веднаш ќе оставиме се, ќе ги надминеме сите можни препреки само за да стигнеме до таму и да се ослободиме од болеста. Нема да се исплашиме од никакви потешкотии, ниту парични трошоци, ќе оставиме се и ќе појдеме, дури и ќе ја понизиме и нашата душа само за да стекнеме здравје. А што кога ракот на гревот и се заканува со смрт на нашата душа- колку повеќе тогаш треба да оставиме се и да трчаме без да обрнуваме внимание на пречките и искушенијата? Затоа веднаш да појдеме, на колена, да ги исповедаме нашите гревови, за да добиеме лек и исцеление на душата.
Од денес па натаму ако бивш- и / а ти должи пари или треба да ти врати некој предмет отпиши се од парите/предметите, три јавувања ќе те пријави за демнење и вознемирување. Истото важи и за инстаграм фацебук и останати социјални мрежи, еден лајк или коментар по грешка ќе те одерат од казни или до три години затвор, зависи што си искоментирал. ПС: Жени не се радувајте на законов, колку мажите ги засега толку и жените.
Ај од мажи веќе не сум изненадена ама жена и тоа во постари години цел пат во автобус апла да зјапа во нозе и стапала...е тоа не сум видела. Кое незгодно чувство, едвај чекав да се симнам..
Кога зјапаат и јас упорно ги зјапам, ама никако да им стане незгодно, што чудо ќе беа јас нзз . . . .
Па ова е супер! Каде може да се прочита за ова? Најдобар спас да не те напнуваат бивши или оние со кои не сакаш да бидеш
Кој ќе те одере за лајк бре што тропате глупости? Кој ќе те одере за пријатен коментар, еве кажи, јас лично ќе кажам дека не треба така. Како ги пишувате работиве како жениве едвај да чекаат да наклеветат некого. Директни пораки објавуваат од манијаци и никој ништо не превзема, сами бевме оставени да се справуваме со забеготини. Па сеа кога КОНЕЧНО се носи закон кој барем МАЛКУ би не заштитил одма плачење. А за жени кои се жртви на revenge porn никому ништо. Ќе си го научите значењето на зборот не многу наскоро.
Извлечи поука од тоа, дека не треба да позајмуваш пари на никого. Без разлика дали ти е девојка или некоја друга личност. Веќе ако се одлучиш да му позајмиш, направете некој договор кај нотар.