Само на закрепостено манијачиште кое не знае како поинаку освен со сељачки, нападни фори да проба да освои девојка може да му смета законов. Сори нат сори.
Секогаш кога треба да се претставам по телефон ми текнува на твоето : Здраво (името ) е на оваа страна од жицата.... Недостигаш премногу тато
Мислев дека само јас сум ограничена за некои работи во животот, додека случаен разговор со другарка не ми кажа дека никогаш не била ниту пак ќе иде на езеро, море, океан , бидејќи било срамота некој така да ја гледа по бикини.
Сите си ги напаѓате дечковците, глумите дека сакате швалери, не знам што. Не ви чинеле... А заедно сте со нив. Си се сликате. Која логика? Отсекогаш не сум сакала глумци во животов.
Се изнасмеав на разговорот помеѓу двајца пензионери. Си прават муабет нешто и едниот од нив му вели: Треба прво да ги онадеме, па после ќе се прави воа оноа и има многу работа дур се среде. Едвај се воздржав да не се насмеам во моментот.
Страда шумата во Анталија, страдаат животните. Каква еколошка катастрофа, не можам да си поверувам. Страшни снимки и слики кружат низ социјалните мрежи.
И кога денот не ти силно светнал, некогаш е доволно да ти се погоди една изгорена пуканка. Каква нирвана...
Порачав многу убава зимска јакна, последен број, од 4.000ден намалена на 1.000ден, во сред јули на 42° ајде јас, ама овие од продавнициве, сега ли се ставаат овие попусти
Немој да ми речеш Френдс ги немаш глеано ради смеењето у позадина Смешно е се и да не ти е до смеење ќе оптегнеш вилица