Лол не. Законов е препотребен. Пре. Оти со години бев онлајн малтретирана и ирл пратена од еден и го откачив ко излезе дека ќе има ваков закон. Доста си прајте филмој дека за лајк ќе е демнење. Или ако си побараш нешто назад. Ама да. Нема да можите да задевате бивши. Многу лесно се гледа шо е демнење, а шо не и законов буквално животот ми го спаси. Самата најава за него, а не па веќе да го има. Сем мањак, не сфаќам кој друг би бил загрижен за законов. Едноставно е. За да не ве фати - не бидете м а њ а ц и и гнасни д е м н а ч и и преќинете да м а л т р е т и р а т е жени шо неќат ништо со вас. Ништо не ви должиме па да сте гниди досадни.
Имам грижа на совест кога одморам од работа. А знам дека не смее да биде така. Не смеам да се доведам до уште едно „прегорување“.
Сакам да бидам пеачка некад. Жмс да. Као Цеца, Северина, Шерифовиќ, Карлеуша. Сакам да видам куп луѓе што дошле да ме слушаат и гледаат само мене. Треба у Ѕвезде гранда да идам прво. Таму ќе ме тераат да се соблакам, а тој стил не е за мене. Сменети им се критериумите, не е више она што беше. Многу фантазирам знам.
Се нервирам додека учам, ама ако не учам, пак се нервирам и имам грижа на совест. Што ќе биде денес? Stay tuned.
Убав е денот, претпоставувам уште поубав ќе биде викендот, ме очекуваат убави нешта Убав викенд на сите
Сакам да си повторам, затоа што често заборавам: - Тој што сака да те види ќе најде начин и време. Без оправдување.
Наоѓам група СТАРИ СКОПЈАНИ Читам коментари.. Жално е што се делиме на Скопјани и дојденци, малограѓани, провинцијалци. И сакате да ја обединиме Македонија Ние се караме помеѓу себе кој е поотмен Скопјанец или провинцијалец. Најсмешно ми е ко ќе речат дека ние дојденците сме им ги краделе мажите, скопски Демек тие којзнае кои се Господа од големото добро утро. А како сме краделе, кога ако сакале, тие, ќе започнеле врска со вас, по скопска линија Демек Скопјанец не се станува, туку се раѓа. Ставам слики..
Од секој главен град на балкан се однесуваат вака и имаат ист став.... валјда е тоа некој синдром и на луѓето од главен град и на луѓето од провинција. Секој со своето
Едвај чекав викенд ... друштво ...лудилоо... Сабота ми беше резервирана во мозок за на плажа во 9 часот... вечерта за кафе на зајдисонце , недела ден за плажа а вечерта за на концерт... Охрид врие ... се вратив во населба ,во куќа поладно ми е некако Интроверт како мене уште лежи во кревет ни на плажа не заминав а изгледа ни на кафе вечер ... ни картите за Саша не се купени ... Батериите ми се испразнети изгледа или станав интроверт не виден
Едно од нештата што најмногу не можам да ги поднесам е некој да ми глуми лудило. Како на пример да измислува изговори секогаш кога нешто е испланирано и да откажува 5 до 12. Тргни ја гордоста и комуницирај ко возрасен ебате. Сѐ ќе разберам, што и да е причината, ама глумење гордост и пасивна агресивност никогаш. Пораснете веќе еднаш.
Не ми се верува дека утре е први август, август, седум месеци од 2021… Се чувствувам како октомври/ ноември 2019 да е… Предолго трае…
Комбинација од 40 степени и немање вода за пиење во 21 век е еднакво на нечовечност, самољубие. Да ги осудиш сите жители на ова за сметка на оние кои нерационално ја трошат водата е огромна глупост. Но, што да кажам освен: ова е Македонија и се е можно, а како ќе се издржат овие температури без вода, Господ нека е на помош! Те молам Господи подари ни дожд!