Тие да сакале ѓубре да собираат, немало да земаат партиска книшка за да се пикнат во државна администрација или по јавните претпријатија. Дел од рамновните не можат да ги натераат да одат на работа, закон за ова ќе донеле. Само на гласање да отидат не мора да ги тераат, бидејќи на пионите од тоа им зависи работното место. Секој за својот задник си гледа, му е гајле за другите.
Сакам да прашам до кај е пожарот на граница ако има членка од таму? Почнаа да го гасат или и таму ќе чекаат да ги фати казината и бензинските?
Авалон продукција, синоним за хоштаплерство! Мислам јасно ми беше, ама секоја година си играат дрндупка со луѓето, а Бобан нека продолжи да се фали со неговите фамозни статистики.
Случај со нашинец во странство,ова тој ми раскажуваше..Се возат фамилијарно со кола,а детето нивно фрлило пластично шише од позади .Жена позади нив им блендира ,ги престигнува и застанува пред нив.Тие застануваат и им објаснува , им вика да се вратите назад да го соберите тоа што се фрли.Се враќаат истите , а таа ги чекала се додека не види дека ја завршиле работата.Треба и ние да изигруваме така контролори,ама најпрво треба казни и државата да застани позади нас,зошто ќе се случи на наши најдобронамерни опомени, од такви гниди да бидеме испратени со среден прст,погрдни зборови дури и физички да се пресметаат.И не ,не е секогаш до образованието ,до домашното воспитување е.
На сите Македонци каде и да сте честит Велигден , Св. пророк Езекиил се извинувам , нека е вечен празникот! Eee...
Лето не е лето ако барем еднаш среде ноќ не се бркаш со бубачка низ спална која влегла преку отворениот прозор, а така да ја оставиш нема шанси бидејќи ти е страв и/или се грозиш од тие створења. Заигра влечката, ама битно сега мирно ќе (по)спијам.
Кај нас некој ако изигрува контролор ќе го испцујат а ништо чудно и ако применат физичка сила. ,,Кој си ти мене да ми кажеш?" Кога нема закони и казни...
За пожарот што беше вчера и задвчера во кочани, вакво чудо до сега се нема случено во кочани ја сум од кочани и знам точно што се случува. До дека народот се труди да изгасне оган кој се шири на 3 места во градот и тоа во доцните часови кај шо гореа и домовите Стојанче Ангелов си пие кафенце и си се разладува со некои си пејачи кои во моментот не се битни ни малку и на крај чека НАГРАДА НАГРАДА ЗА ШТО??? Што го остави народот сам да се справува со пожарот што едвај најде халикоптери и тоа од србија да дојдат да гасат пожар??? Ама не нашата држава опстанува од донации зошто кај нас политичарите знаат само да плјачкаат и згора на тоа награда чекаат.... Мене ми е срам што живеам овде луге ама навистина ми е срам да имам прилика веднаш би си заминала...
Зошто бе ако пишам дека сакам секс, или изнесам некоја преференција, еден куп мажи на форумот го доживуваат ко лична покана? Ало, манијаци! Ако сакам да прам нешто, не значи дека со вас сакам да прам!
Читам во темата за веренички прстени и сфатив дека јас дефинитивно од љубов сум се омажила Будала жена
Ставаа профилни слики од Франција, хаштагови #prayfornotredame, #prayforAmazon прашумата а за Кочани и сите останати мали места во Мкд никаде ги нема.
Напротив, баш си била паметна. Далеку сум од брак иако за тоа нема возраст, ама не можам да се замислам себеси со некого во врска/брак само и само заради некаков интерес. Од оние што сум ги запознала во животот, секогаш посебно драги и при срце ми биле брачните парови кои имаат љубов и разбирање, и секогаш така ме советувале тоа и да го барам. Секогаш имале некаква посебна енергија, која ја пренесувале басекаде околу нив. А и децата многу чувствуваат. Се сеќавам дека како мала имавме периоди на криза како и во секое семејство, но љубовта меѓу моите како пар, а потоа пренесена и кон нас како нивни деца ми е оставена како добар спомен. Еве ги и до старост се исти. А знаат и да се препираат, пример слушнале на радио некој барал невеста со мала мана за дечко со мала мана. Па почнуваат со досетките, какви мани имале. Денес, кога сум веќе возрасна, и јас барам таков партнер и таква љубов како и нив, исполнет однос секогаш со разбирање и взаемна поддршка. И не само јас, многумина од новите генерации, особено мојата, баш копнееат да доживеат ЉУБОВ, а се што добиваат е површен користољубив однос. За жал, мислам дека веќе ЉУБОВ во вистинската и чиста форма не постои. А исто така зависи и до самиот карактер на личноста.